Мачу Пикчу (кечуански: Machu Pikchu) – „стара планина“) е претколумбовски град на Инките кој се наоѓа на 2430 метри надморска височина на Андите во Перу.[1] Градот, а денес археолошко наоѓалиште, се наоѓа на планински венец над долината Урубамба во Перу, каде тече реката Урубамба и од Куско е оддалечен околу 80 километри. Голем број археолози веруваат дека Мачу Пикчу бил изграден како одморалиште на Сапа Инка Пачакути. Мачу Пикчу понекогаш се именува и како „изгубениот град на Инките“ и тој претставува најпознат симбол на некогашната империја.

Историско светилиште кај Мачу Пикчу
светско наследство на УНЕСКО
Поглед на Вајна Пикчу над урнатините од Мачу Пикчу
КритериумМешан: 1, 3, 7, 9
Запис1983 (Седмо заседание)

Инките започнале да го градат во 1400 година, но бил напуштен во официјална смисла од страна на владетелите на Инките еден век подоцна. Иако градот и наоѓалиштето биле познати за мештаните, тој не бил познат за остатокот од светот. Вниманието на светската јавност било фокусирани кон наоѓалиштето во 1911 година кога американскиот историчар Хирман Бигман го претставил Мачу Пикчу на светот. Од тогаш, Мачу Пикчу е важна туристичка атракција.

Мачу Пикчу во 1981 година бил прогласен за Перуанско историско светилиште и во 1983 година бил вклучен во Светското наследство на УНЕСКО. Бидејќи не бил чепнат од Шпанците, Мачу Пикчу има доста голема историска, археолошка и културна важност и се смета за свето место. Мачу Пикчу бил изграден во класичен Инка стил, со полирани камени ѕидови. Главни градби во наоѓалиштето се Интихуатана, Храмот на сонцето и Собата на три прозорци. Овие три градби се наоѓаат во делот кој археолозите го нарекуваат „свет округ“ на Мачу Пикчу. Во септември 2007 година, Перу и Универзитетот Јејл се договориле да се пренесат сите артфакти во Перу кои биле пренесени за време на американската експедиција на чело со Бингам.

Историја

уреди

Овој град е бил создаден како свет планински дом на големиот управник на инките Пачакутек, еден век пред да биде освоен од страна на Шпанската империја - околу 1440 година (град формиран пред доаѓањето на Колумбо во Америка од страна на Инките.), и функционирал сè до 1532 година, кога шпанците ја нападнале империјата на инките. Во 1532 година цело негово население тајно исчезнало. Мачу Пикчу е конструиран е околу 1450 година, во кулминацијата на развојот на Инките, и бил напуштен 100 години подоцна, кога империјата се срушила по покорувањето од страна на Шпанците. Иако тврдината е сместена на околу 50 километри од Куско, главниот град на Инките, не бил никогаш најден и уништен од Шпанците, како многу други места. Со векови, џунглата одоколу обраснала на наоѓалиштето, и многу малку луѓе знаеле за неговото постоење. Во 1911 година историчарот и истражувачот Хирам Бингам го „донесе“ изгубениот свет пред очите на јавноста. Бингам и други мислеле дека тврдината била традиционалното место на раѓање на Инкитеили духовен центар на „девиците на сонцето“.

Функција

уреди

Формиран е на висорамнина од н.в. од 2,430 m. Под градот се наоѓа долината Урумбаба во Перу на оклолу 70 км северозападно од градот Куско. Бил заборавен со векови од страна на светот, сепак не и од страна на месното население. Интернационалното внимание градот го сврти археологот Хирам Бингам во 1911 година кој го дал првото научно мислење за ова место и за кое напишал Бестселер за тоа. Перу вложува огромни напори за по легален пат да ги врати во Перу илјадниците артефакти кои Бингам ги дислоцирал. Мачу пикчу е можеби еден од најпознатите симболи на империјата на Инките.

Во денешно време

уреди

Во 1983 година од страна на УНЕСКО наоѓалиштето е прогласено за светско наследство и опишано како „апсолутно ремек-дело на архитектурата и уникатен сведок на цивилизацијата на Инките“.

Поглед кон Мачу Пикчу од Хуајна Пикчу.
Панорама на Мачу Пикчу со поглед кон Хуајна Пикчу.
Кралскиот дел.

Наводи

уреди
  1. UNESCO World Heritage Centre.

Користена литература

уреди
Bingham, Hiram (1922). Inca Land: explorations in the highlands of Peru. Boston, Massachusetts, USA: Houghton Mifflin. OCLC 248230298.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Bingham, Hiram (1930, 1979). Machu Picchu, a citadel of the Incas. New York, USA: Hacker Art Books. ISBN 9780878172528. OCLC 6579761. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Burger, Richard; and Lucy Salazar (eds.) (2004). Machu Picchu: Unveiling the Mystery of the Incas. New Haven, Connecticut, USA: Yale University Press. ISBN 9780300097634. OCLC 52806202.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
Davies, Nigel (1997). The Ancient Kingdoms of Peru. London, UK and New York, USA: Penguin Books. ISBN 0-14-023381-4. OCLC 37552622.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Frost, Peter; Daniel Blanco; Abel Rodríguez and Barry Walker (1995). Machu Picchu Historical Sanctuary. Lima, Peru: Nueves Imágines. OCLC 253680819.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
MacQuarrie, Kim (2007). The Last Days of the Incas. New York, USA: Simon & Schuster. ISBN 978-0743260497. OCLC 77767591.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Magli, Giulio (2009). „At the other end of the sun's path: A new interpretation of Machu Picchu“. arXiv:0904.4882 [physics.hist-ph].CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Reinhard, Johan (2007). Machu Picchu: Exploring an Ancient Sacred Center. Los Angeles, California, USA: Cotsen Institute of Archaeology, UCLA. ISBN 9781931745444. OCLC 141852845.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Richardson, Don (1981). Eternity in their Hearts. Ventura, California, USA: Regal Books. стр. 34–35. ISBN 0-8307-0925-8. OCLC 491826338.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
UNESCO World Heritage Centre. „Historic Sanctuary of Machu Picchu“. UNESCO World Heritage Centre. Посетено на 10 Jan. 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
Weatherford, J. McIver (1988). Indian givers: how the Indians of the Americas transformed the world. New York, USA: Fawcett Columbine. ISBN 0-449-90496-2. OCLC 474116190.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Wright, Kenneth; Alfredo Valencia Zegarra (2000). Machu Picchu: A Civil Engineering Marvel. Reston, Virginia, USA: ASCE Press (American Society of Civil Engineers). ISBN 9780784404447. OCLC 43526790.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Wright, Kenneth R.; Alfredo Valencia Zegarra and Christopher M. Crowley (2000a). „Completion Report to Instituto Nacional de Cultura on Archaeological Exploration of the Inca Trail on the East Flank of Machu Picchu and on Palynology of Terraces Part 1“ (PDF). Посетено на 14 Jan. 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)[мртва врска]
Wright, Kenneth R.; Alfredo Valencia Zegarra and Christopher M. Crowley (2000b). „Completion Report to Instituto Nacional de Cultura on Archaeological Exploration of the Inca Trail on the East Flank of Machu Picchu and on Palynology of Terraces Part 2“ (PDF). Посетено на 14 Jan. 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)[мртва врска]
Wright, Kenneth R.; Alfredo Valencia Zegarra and Christopher M. Crowley (2000c). „Completion Report to Instituto Nacional de Cultura on Archaeological Exploration of the Inca Trail on the East Flank of Machu Picchu and on Palynology of Terraces Part 3“ (PDF). Посетено на 14 Jan. 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)[мртва врска]
Wright, Ruth M.; Dr. Alfredo Valencia Zegarra (2001, 2004). The Machu Picchu Guidebook: A self-guided tour (Revised. изд.). Boulder, Colorado, USA: Johnson Books. ISBN 1-55566-327-3. OCLC 53330849. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди