Лионел Меси

аргентински фудбалер
(Пренасочено од Lionel Messi)

Лионел Андрес Меси (шпански: Lionel Andrés Messi, шпански изговор: [ljoˈnel anˈdɾes ˈmesi]; роден на 24 јуни 1987) — аргентински фудбалер што настапува за екипата за Интер Мајами и репрезентацијата на Аргентина. Тој се смета за еден од најдобрите фудбалери на својата генерација,[3][4][5] а често и за најдобар фудбалер во светот,[6] со неколку номинации за „Златна топка“ и за признанието на ФИФА за фудбалер на годината до својата 21. година, а веќе на возраст од 22 години ги освоил овие две награди.[6][7][8][9] Неговиот стил и вештина потсетуваат на оние на Диего Марадона, кој и самиот го прогласил Меси за свој „наследник“.[10][11]

Лионел Меси
Лични податоци
Полно име Лионел Андреас Меси[1][2]
Роден на 24 јуни 1987(1987-06-24)(37 г.)
Роден во Росарио, Санта Фе, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000001690000001,69 м[1]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Интер Мајами Интер Мајами
Број 10
Младинска кариера
1995–2000 Железничар Железничар
2000–2003 Сараево Сараево
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2004 Барселона Ц 10 (5)
2004–2005 Барселона Б Барселона Б 22 (6)
2004–2021 Барселона Барселона 520 (474)
2021–2023 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 28 (8)
2023- Интер Мајами Интер Мајами 13 (11)
Репрезентација
2004–2005 Аргентина Аргентина 20 18 (14)
2007–2008 Аргентина Аргентина 23 5 (2)
2005– Аргентина Аргентина 138 (70)
* Ажурирано на: 22:01, 16 април 2011 (UTC)
** Ажурирано на: 23:05, 2 април 2011 (UTC)

Клупска кариера

уреди

Меси почнал да игра фудбал на рана возраст и неговиот потенцијал бил набргу забележан од „Барселона“. Во 2000 година, тој го напуштил клубот „Њуелс Олд Бојс“ од родниот град Росарио и заминал со своето семејство во Европа, бидејќи „Барселона“ му понудила лекување на неговиот здравствен проблем (недостаток на хормонот за раст).

Настапи за „Барселона“

уреди

Кога дебитирал,истата година Барселона ја освоила шпанската лига, а во 2006 покрај лигата, ја освоила и Лигата на шампионите. Најмногу се пробил во сезоната 2006/07, станувајќи редовен играч во првиот тим, постигнувајќи хет-трик на Ел Класико со тоа завршувајќи ја лигата со 14 постигнати голови во 26 натпревари од лигата.

Своето неофицијално деби во првиот тим на „Барселона“ Меси го направил на натпреварот против „Порто“, во ноември 2003 година (на 16-годишна возраст). Една година подоцна, октомври 2004 година, тој дебитирал на првиот официјален натпревар (против „Еспањол“) и станал третиот најмлад играч на сите времиња кои настапиле за „Барселона“, како и најмлад играч во „Ла лига“ (рекордот го срушил неговиот порaнешен клупски колега Бојан Кркиќ во септември 2007 година). Истата година, тој станал најмладиот играч во историјата на „Ла лига“ кој постигнал гол.

Сезона 2005-2006

уреди

Во септември, вторпат во три месеци, „Барселона“ го обновила договорот со Меси. Тој истовремено стекнал шпанско државјанство, конечно стекнувајќи право да дебитира во шпанската прва лига. Во оваа сезона, Меси одиграл 17 натпревари и постигнал 6 голови, но сезоната ја завршил пред време, во март 2006 година, поради кинење на тетивата на десната нога во натпреварот против „Челси“ во Лигата на шампионите.

Сезона 2006-2007

уреди
 
Меси во натпреварот против Ренџерс во 2007

Меси се зацврстил како играч во првата екипа на „Барселона“ со својата одлична игра против „Челси“ и против „Реал Мадрид“. Во ноември 2006 година, во натпреварот против „Реал Сарагоса“, Меси повторно се повредил и не играл три месеци. По враќањето од Аргентина, Франк Рајкард, внимателно го рехабилитирал и постепено го зголемувал времето на игра, од натпревар во натпревар. Набргу, Меси се вратил во форма постигнувајќи хет-трик. Кон крајот на сезоната, тој покажувал сè подобри резултати, така што 11 од своите 14 голови во „Ла лига“ ги постигнал во последните 13 натпревари.

 
Меси кратко пред постигнување на гол против Хетафе

Набргу, Меси бил сметан за новиот Марадона. Еден од неговите голови бил сличен на оној на Марадона против Англија на Светскиот Куп на ФИФА во Мексико во 1986 година, познат како гол на столетието. Светските спортски медиуми го нарекле Месидона. Тој го истрчал истото растојание (62 м), поминал ист број на играчи (6), вклучувајќи го и голманот, шутирал од речиси иста позиција и истрчал кон корнерот, исто како што направил Марадона во Мексико во 1986 година.

Сезона 2007-2008

уреди

Во текот на оваа сезона, Меси дал пет голови за една недела, донесувајќи ја Барселона меѓу првите четири тимови во Лигата. Двата голови што ги постигнал против Севиља, на 22 септември, му ги посветил на Роналдињо кој тој период бил повреден. На 19 септември, тој постигнал еден гол кога Барселона го победила Олимпик Лион со резултат 3–0 во натпревар од Лигата на шампионите. Меси постигнал уште два гола за победа на Барселона со резултат 4–1 против Реал Сарагоса. На 27 февруари, Меси го одиграл својот 100-ти меч за Барселона во натпреварот против Валенсија. Потоа, Меси бил надвор од игра шест недели поради повреда на левата нога, здобиена за време на мечот против Селтик во Лигата на шампиони.

Истата година, Меси бил номиниран за специјалната награда на ФИФА ПРО за најдобар напаѓач. истовремено, во една анкета, шпанскиот весник „Марка“ го прогласил Меси за најдобар играч на светот, со освоени 77% од гласовите, при што тој бил споредуван со Франц Бекенбауер и Јохан Кроjф.

Сезона 2008-2009

уреди
 
Меси на натпревар против Депортиво ла Коруња
 
Лионел Меси против Манчестер јунајтед во Финалето на Лигата на шампионите во 2009 година

По заминувањето на Роналдињо од клубот, Меси го наследил неговиот дрес со број 10.[12] Во октомври 2008 година, за време на мечот против Шахтјор од Донецк, Меси постигнал два гола во последните седум минути, влегувајќи како замена за Тјери Анри, и од резултат 0:1 во корист на Шахтјор во победа од 2:1 за Барселона.[13] Потоа, Меси одиграл уште еден импресивен натпревар против Севиља. Во декември 2008 година, Меси го постигнал вториот гол во мечот против Реал Мадрид кој завршил со резултат 2:0. Истовремено, со освоени 678 бода, тој бил прогласен за втор најдобар фудбалер на светот за 2008 година, според изборот на ФИФА. Својот прв хет-трик во 2009 година, Меси го постигнал против Атлетико Мадрид, додека вториот од двата гола во мечот против Расинг Сантандер бил 5000-от гол за Барселона постигнат во шпанската лига. Подоцна, во 28-то коло на лигата, Меси го постигнал својот 30-ти гол во сезоната, обезбедувајќи победа од 6:0 во мечот против Малага. Во април 2009 година, Меси постигнал два гола против Баерн од Минхен во Лигата на шампиони.

Сезона 2009-2010

уреди

Сезона 2010-2011

уреди

Во текот на календарската 2010 година, Меси постигнал вкупно 58 гола во дресот на „Барселона“, со што ја започнал својата прва календарска година во која постигнувал над 50 гола во сите натпревари одиграни за „Барселона“.[14]

Сезона 2011-2012

уреди

Во сезоната 2011/2012, Меси повторно се истакнал со добро прикажаните партии, иако со својот клуб не успеал да го освои ниту шпанското првенство, ниту пак Лигата на шампионите, каде што во полуфиналето Барселона била елиминирана од Челси. Сепак, во оваа сезона, на одиграни 11 натпревари, Меси постигнал 14 голови во Лигата на шампионите, со што го израмнил рекордот за најдобар стрелец во една сезона, поставен од страна на Жозе Алтафини во сезоната 1962/1963. Две сезони подоцна, Кристијано Роналдо го соборил овој рекорд.[15][16] Исто така, Меси успеал да постигне неверојатен рекорд, постигнувајќи дури 50 голови во шпанската лига, оставајќи го зад себе лутиот соперник од Реал Мадрид - Кристијано Роналдо, кој постигнал 46 голови. Притоа, ако се смета само календарската 2011 година, Меси постигнал вкупно 55 гола во дресот на „Барселона“.[14] За ова остварување, во октомври 2012 година, Меси по вторпат ја добил „Златната копачка“, која се доделува за најдобриот стрелец во Европа. Инаку, претходно Меси ја освоил истата награда пред две сезони.[17] На крајот од сезоната, во сите официјални натпревари за „Барселона“, Меси постигнал неверојатни 73 гола, што било апсолутен рекорд во шпанскиот фудбал.[18]

Сезона 2012-2013

уреди

Притоа, во текот на календарската 2012 година, Меси постигнал вкупно 79 гола во дресот на „Барселона“.[14] Во декември 2012 година, тој постигнал уште еден рекорд: на натпреварот против „Реал Бетис“, најпрвин го изедначил, а потоа и го соборил дотогашниот рекорд на Герд Милер за најмногу постигнати голови во една календарска година. На тој начин, со постигнатите 86 голови, тој станал најдобриот стрелец во текот на една календарска година во историјата на фудбалот.[19]

Сезона 2013-2014

уреди

На 6 ноември 2013 година, во натпреварот против Милан, Меси го прекинал едномесечниот голгетерски пост. Имено, во четвртото коло од групата Х од Лигата на шампионите, кој се одиграл во Барселона, Меси постигнал два гола (првиот од пенал), со што стигнал до вкупно 65 голови во Лигата на шампионите.[20] Подоцна, на 18 февруари 2014 година, во натпреварот против Манчестер сити, одигран во Манчестер во рамките на осминафиналето на Лигата на шампионите, Меси стигнал до вкупно 66 голови во ова натпреварување, зацврстувајќи се на второто место на вечниот список на најдобрите стрелци, загрозувајќи го Раул, кој постигнал вкупно 71 гол.[21] На реванш-натпреварот против Манчестер сити, одигран во Барселона, на 12 март 2014 година, Меси го постигнал и 67-от гол во Лигата на шампионите и со тоа станал играч со најмногу постигнати голови за еден клуб во историјата на ова натпреварување, престигнувајќи го Раул, кој постигнал 66 голови за Реал Мадрид.[22]

Сезона 2014-2015

уреди

На 5 ноември 2014 година, во четвртото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, на натпреварот против „Ајакс“, одигран во Амстердам, Меси ги постигнал двата гола за својот тим, со што го изедначил рекордот на Раул од 71 гол во Лигата на шампионите.[23] На 25 ноември, во петтото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, на натпреварот против АПОЕЛ, Меси постигнал хет-трик и така, со постигнати вкупно 74 гола, го престигнал Раул на списокот на најдобрите стрелци во Лигата.[24] Во последното коло од групната фаза, на 10 декември 2014 година, на домашен терен, „Барселона“ го победила „ПСЖ“ со 3:1, а Меси го постигнал 75. гол во Лигата на шампионите.[25]
Како потврда за добрите игри, на крајот од 2014 година, Меси бил номиниран меѓу тројцата кандидати за наградата „Златна топка“ која ја доделуваат ФИФА и „Франс фудбал“ за најдобар фудбалер на светот.[26] Притоа, во текот на календарската 2014 година, Меси постигнал вкупно 50 гол во дресот на „Барселона“.[14] На крајот на 2014 година, Меси го соборил рекордот на поранешниот играч на „Атлетик Билбао“, Телмо Зара, и станал најдобар стрелец во историјата на „Примера дивизион“, постигнувајќи 267 голови.
И во 2015 година, Меси продолжил со одличната игра и во февруари, на гостувањето против „Атлетик Билбао“, во кој „Барселона“ победила со 5:2, Меси ја остварил 105. асистенција во најдобрата шпанска лига, со што го израмнил рекордот на Луис Фиго како играч со најголем број асистенции во кариерата.[27] Според анализата на ЦИЕС, Меси бил најдобриот напаѓач во Европа во првите три месеци на 2015 година, со постигнати 17 голови и остварени 12 асистенции.[28] На 18 април 2015 година, на натпреварот против „Валенсија“, Меси го постигнал својот 400. гол за „Барселона“ во сите официјални натпреварувања.[29] Исто така, во текот на сезоната, Меси постигнал десет гола во Лигата на шампионите.

Сезона 2015-2016

уреди

На 16 септември 2015 година, на натпреварот против „Рома“, одигран во Рим, Меси настапил по 100. пат во Лигата на шампионите, како најмладиот фудбалер во историјата кој стигнал до 100 настапи во ова натпреварување.[30] Во февруари 2016 година, на натпреварот против „Хихон“, Меси постигнал два гола со кои повторно влегол во историјата на шпанскиот фудбал: првиот бил неговиот 300. гол во шпанската лига, додека вториот гол бил 10.000 гол во историјата на „Барселона“.[31]

Сезона 2016-2017

уреди

Сезоната 2016-2017 во Лигата на шампионите Меси ја започнал на блескав начин: На 14 септември 2016 година, на натпреварот против „Селтик“, во кој „Барселона“ победила со резултат 7:0, тој постигнал хет-трик,[32] а еден месец подоцна, на 19 октомври 2016 година, на натпреварот против „Манчестер сити“ го постигнал својот седми хет-трик, давајќи клучен придонес во убедливата победа на Барселона од 4:0.[33] На тој начин, Меси го претекнал Роналдо на списокот на играчите со постигнати најмногу хет-трика во историјата на Лигата на шампионите.[34] Во ноември 2016 година, Меси постигнал два гола на натпреварот против „Селтик“, со што постигнал уште еден рекорд: прв фудбалер кој постигнал повеќе од 100 гола на меѓународните клупски натпревари.[35] Притоа, во текот на календарската 2016 година, Меси постигнал вкупно 51 гол во дресот на „Барселона“.[14]

На 23 април 2017 година, во големото дерби против „Реал“, одиграно во Мадрид, Меси постигнал два гола, од кој вториот бил неговиот 47. гол во сезоната и јубилеен 500. гол во дресот на „Барселона“.[36] Во финалниот натпревар од Купот на Шпанија, одигран на 27 мај 2017 година против екипата на „Алавес“, Меси го одиграл својот 700. натпревар во кариерата.[37]

Сезона 2017-2018

уреди

На 18 октомври 2017 година, во натпреварот против „Олимпијакос“, одигран на домашен терен, Меси го постигнал 97. гол во Лигата на шампионите и 100. гол во сите натпреварувања на УЕФА. Со тоа, тој станал вториот фудбалер во историјата (по Кристијано Роналдо) кој успеал да стигне до 100 гола во европските натпреварувања.[38] На 4 ноември 2017 година, со настапот против „Севиља“ на домашен терен, Меси го одиграл 600. натпревар во дресот на „Барселона“.[39] На 22 декември 2017 година, на натпреварот против „Реал Мадрид“, Меси го постигнал својот 526. гол за „Барселона“ во сите натпреварувања и со тоа го соборил дотогашниот рекорд на Герд Милер. На тој начин, тој станал најефикасниот фудбалер во историјата на клупскиот фудбал.[14] Истовремено, тој го постигнал 25. гол во „Ел Класико“, зацврстувајќи го својот рекорд како најефикасен стрелец во натпреварите меѓу „Барселона“ и „Реал Мадрид“. Исто така, со своите 17 гола против „Реал“ постигнати во првенствените натпревари, тој е фудбалер со најмногу постигнати голови против „Реал Мадрид“ во историјата на шпанската прва лига. Најпосле, со овој гол, Меси станал најефикасниот фудбалер во светот во 2017 година, постигнувајќи 54 гола (50 за „Барселона“ и 4 за репрезентацијата на Аргентина). На тој начин, шест години по ред, Меси постигнувал над 50 голови.[14]

На 28 јануари 2018 година, Меси постигнал нов рекорд во Ла Лига: На натпреварот против „Алавес“ го постигнал својот 21. гол од слободен удар, претекнувајќи го Кристијано Роналдо со кого дотогаш го делел рекордот. На тој начин, Меси станал најефикасниот изведувач на слободни удари во Ла Лига откако се води ваква статистика (од сезоната 2003/2004).[40]

Подоцна, во осминафиналето на Лигата на шампионите, во натпреварот против „Челси“ Меси ги постигнал 99. и 100. гол во ова натпреварување. Првиот гол го постигнал по само 128 секунди и тој бил неговиот најбрз гол во дресот на „Барселона“. На тој начин, Меси станал вториот фудбалер (по Кристијано Роналдо) кој постигнал 100 гола во Лигата на шампионите. Тој го постигнал првиот гол во ова натпреварување на 2 ноември 2005 година (во натпреварот против „Панатинаикос“, а 50. гол го постигнал на 3 април 2012 година (во натпреварот против „Милан“). Притоа, Меси стигнал до 100 голови во Лигата на шампионите на 128. натпревар, додека на Роналдо му биле потребни 144 натпревари за да постигне 100 голови.[41]

На 7 април 2018 година, на натпреварот против „Леганес“, Меси го постигнал својот шести хет-трик во сезоната, со што го израмнил клупскиот рекорд на Роналдињо од сезоната 2006/2007.[42]

Во сезоната 2017-2018 година, Меси постигнал 34 гола во првата шпанска лига, со што по петти пат ја добил наградата „Пичичи“ која весникот „Марка“ му ја доделува на најдобриот стрелец во шпанското фудбалско првенство.[43] Истовремено, тој по петти пат ја добил и наградата „Златна копачка“, како најдобар стрелец во Европа.[44] Истовремено, со постигнатите 45 гола на 54. одиграни натпревари во сезоната, тој бил најефикасниот фудбалер во Европа, мерено според вкупниот број голови постигнати на сите натпревари.[45] Набљудувано само во календарската 2017 година, Меси постигнал вкупно 50 гола, и тоа: 40 во Ла Лига, 5 во Кралскиот куп, 4 во Лигата на шампионите и еден во шпанскиот супер куп.[46]

Сезона 2018-2019

уреди

Во првото коло од сезоната, на натпреварот против „Алавес“, Меси постигнал два гола, од кои првиот бил 6.000-от гол на „Барселона“ во „Ла Лига“.[47] На 18 септември 2018 година, на натпреварот против „ПСВ“, Меси го постигнал својот осми, рекорден хет-трик во Лигата на шампионите, осми хет-трик во 2018 година и вкупно, 48. хет-трик во кариерата (42. хет-трик за „Барселона“).[48] Подоцна, на 16 декември 2018 година, на натпреварот против „Леванте“, Меси го постигнал 43. хет-трик во дресот на „Барселона“.[49]

Во календарската 2018 година, Меси повторно бил најефикасниот европски фудбалер, со постигнати 51 гол во 54 натпревари, и тоа: 47 гола за „Барселона“ и четири гола за аргентинската репрезентација. На тој начин, Меси успел во осум од последните девет години да постигне барем по 50 гола.[49][50]

На 13 јануари 2019 година, на натпреварот против „Ејбар“, Меси станал првиот фудбалер во историјата кој постигнал 400 гола во првата шпанска фудбалска лига. Притоа, овој рекорд Меси го остварил во својот 435. настап во дресот на „Барселона“, постигнувајќи неверојатен просек од 0,92 гола по натпревар.[51] На 23 февруари 2019 година, на гостувањето кај „Севиља“, Меси го постигнал својот 50. хет-трик во кариерата, а третиот гол бил неговиот 650. гол во кариерата (585. гол за „Барселона“).[52] Во сезоната 2018-2019 Меси остварил неколку исклучителни подвизи: постигнал 51. гол во официјалните натпревари со што по шести пат во кариерата ја надминал границата од 50 голови во една сезона; со своите 36 гола во Ла Лига по шести пат во кариерата ја освоил наградата „Пичичи“ за најдобар стрелец во шпанското фудбалско првенство; исто така, по шести пат станал најдобар стрелец во Европа (трета сезона по ред); и го постигнал 600. гол во дресот на „Барселона“.[53]

Сезона 2019-2020

уреди

На 22 декември 2019 година, на натпреварот против „Депортиво Алавес“, Меси го постигнал педесеттиот гол во текот на 2019 година.[54] На 30 јуни 2020 година, на натпреварот против „Атлетико Мадрид“, Меси го постигнал својот 700-ти гол во кариерата (630-ти гол за „Барселона“) и така им се придружил на Кристијано Роналдо, Герд Милер, Ференц Пушкаш и Пеле.[55]

Сезона 2022-2023

уреди

Во март 2023 година, на пријателскиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Аргентина и Панама, со удар од слободен удар во 89. минута, Меси го постигнал 800. гол во кариерата на кулпско и на репрезентативно ниво.[56]

Репрезентативна кариера

уреди

Во јуни 2004 година, Меси дебитирал во дресот за Аргентина, играјќи во младинскиот состав под 20 години во мечот против Парагвај. Во 2005 година, тој бил дел од тимот на нови талентирани играчи кои го освоиле Младинското светско првенство 2005, одржан во Холандија. Таму, Меси ја освоил наградата за најдобар играч на турнирот, а бил и најдобар стрелец, со шест постигнати голови, од кои два во последниот натпревар. На 4 август 2005 година, Жозе Пекерман го повикал Меси во сениорската репрезентација на Аргентина. Своето деби тој го направил на 17 август во мечот против Унгарија, на возраст од 18 години и 54 дена. Меси влегол во игра во 63-та минута, но поради ударот со лакт на противничкиот одбранбен играч, Вилмос Ванчак (кој го повлекол Меси за дресот), судијата Маркус Мерк го испратил надвор од теренот, по одиграни само 40 секунди.

Првиот официјален меѓународен настап на Меси бил на 3 септември во квалификациите за Светското првенство, каде што Аргентина била поразена на гостински терен од Парагвај, со резултат 0:1. Пред натпреварот, Меси изјавил: „Ова е правото деби. Првото траеше многу кратко.“ На 28 март 2009 година, во натпреварот против Венецуела, во рамките на квалификациите за Светското првенство 2010, Меси за првпат го носел аргентинскиот сениорски национален дрес со број 10. Истовремено, тоа бил првиот официјален натпревар за Диего Марадона како селектор на Аргентина. Аргентина победила во натпреварот со резултат 4:0, а Лионел Меси ја отворил серијата на голови.

Светско првенство во фудбал 2006

уреди

Повредата што го оддалечила од терените за два месеца, на крајот од сезоната 2005/2006 година, го довела во прашање неговото присуство на Светското првенство. И покрај тоа, Меси бил повикан во тимот на Аргентина за турнирот на 15 мај 2006 година. Тој, исто така, играл 15 минути во прошталниот натпревар против репрезентацијата на Аргентина под 20 години и од 64-та минута настапил на пријателскиот натпревар против Ангола. Тој од клупата ја проследил победата на првиот натпревар на Аргентина одигран против Брегот на Слоновата Коска. Во следниот меч против Србија, Меси станал најмладиот играч во репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство кога влегол како замена на Макси Родригес во 47-та минута. Тој му асистирал на Ернан Креспо да постигне гол во првата минута откако влегол во играта, а го постигнал и последниот гол во победата од 6:0, со што бил прогласен за најдобар стрелец и шести по ред најмлад стрелец во историјата на Светското првенство. Во следниот натпревар против Мексико, Меси влегол како замена во 84-та минута, при резултат 1:1. Тој постигнал гол, но бил досуден офсајд. Тренерот, Хосе Пекерман, надвор од очекувањата го оставил Меси на клупата за време на четвртфиналниот натпревар против Германија. Аргентина загубила 4:2 на пенали, а Меси, видно возбуден во текот на играта, одбил да зборува со репортерите после натпреварот.

Копа Америка 2007

уреди

На почетокот на Купот, Меси бил најмладиот играч. Првиот натпревар во Купот во кој играл Меси се одржал на 29 јуни 2007, кога Аргентина ја победила екипата на САД со 4:1. Во овој натпревар Меси ги покажал своите способности на плејмејкер. Тој му наместил гол на Ернан Креспо и имал бројни напади врз противничкиот гол. Тевез влегол како замена за Меси во 79-та минута и постигнал гол во следната минута. Неговиот втор меч бил против Колумбија, во кој шутирал пенал кој Креспо го претворил во гол и постигнал изедначување од 1:1. Тој исто така, учествувал и во вториот гол за Аргентина бидејќи откако бил фаулиран, а Хуан Роман Рикелме постигнал гол од слободен удар. Крајниот резултат бил 4:1 за Аргентина, обезбедувајќи пласман во четвртфиналето. Во третиот натпревар против Парагвај, тренерот го одмарал Меси со оглед на квалификацијата на четвртфиналето, но во 64-та минута при резултат од 0:0, Меси го заменил Естебан Камбијасо и во 79-та минута асистирал за гол на Хавиер Маскерано. Во четвртфиналето, Аргентина одиграла со Перу. Меси го постигнал вториот гол, а му дофрлил на Рикелме за победа од 4:0. Во полуфиналниот меч, Меси лобирал преку Освалдо Санчес и со тоа ја однел Аргентина во финалето, каде таа била поразена од Бразил. Меси бил прогласен за најмлад играч на првенството.

Олимписки игри 2008

уреди

Како играч на Барселона, на Меси му било дозволено да настапува за аргентинската репрезентација на Олимписките игри во 2008 година во Пекинг, под услов да одигра неколку пријателски меѓународни натпревари. Притоа, на Олимпискиот фудбалски турнир, во натпреварот против Брегот на Слоновата Коска, Меси го постигнал првиот гол во победата на Аргентина од 2:1. Во натпреварот против Холандија, тој го постигнал првиот гол, а асистирал при вториот, за победа од 2:1. исто така, Меси одиграл одлично во мечот против Бразил, во кој Аргентина постигнала победа од 3:1, пласирајќи се во финалето. Во мечот за златниот медал, против Нигерија (1:0), Меси му асистирал на Анхел Ди Марија, кој го постигнал единствениот гол.

Пријателски натпревари

уреди

На 12 ноември 2014 година, во Лондон, репрезентацијата на Аргентина го победила репрезентацијата на Хрватска со 2:1, а победоносниот гол го постигнал Меси од пенал.[57]

Светско првеснство во фудбал 2010

уреди

Аргентина на светското првенство во фудбал 2010 завршија како првопласирани во гупата Б со 9 поени. Во осминафиналето Аргентина ја елиминираа репрезентацијата на Мексико со победа од 3:1 но потоа загубија во четвртфиналето од Германија со 0:4. Меси не постигна ниту еден гол на првенството но запиша една асистенција.

Светско првенство во фудбал 2014

уреди
 
Меси во финалето против Германија на светското првенство во фудбал 2014

Меси како капитен на Аргентинската репрезентација заврши како првопласиран во групната фаза во групата Ф со 9 поени. Во оваа фаза Меси ги постигна сите негови 4 гола на турнирот. Во осминафиналето репрезентацијата на Аргентина ја порази репрезентацијата на Швајзарија со 1:0 благодарејќи на гол од Анхел ди Марија кој беше асистиран од Меси во продолжението од мечот. Аргентина ја елиминираа Белгија во четвртфиналето со ран гол од Хигуаин во 8-та минута и во полуфиналето ја победија репрезентацијата на Холандија на пенали со 4:2, во кој Меси го реализираше неговиот пенал. Со тоа Аргентина за прв пат од 1990 година беа во финале на едно светско првенство. Во финалето Аргентина играа против Германија од кои загубија со 0:1 со гол на Марио Геце во продолжението и со тоа го завршија турнирот како второпласирани. Меси, со 4 гола и 1 асистенција, беше играч на турнирот.

Копа Америка 2015

уреди

Аргентина заврши со 7 поени како првопласирана во групната фаза и со тоа се пласира во четвртфиналето од натпреварот. Тие ја победија Колумбија во четвртфиналето и Парагвај во полуфиналето. Аргентина изгуби во финалето на Копа Америка 2015 на пенали од Чиле со 1:4, во кој Меси беше единствениот од аргентинскиот тим кој постигна гол. Меси го заврши турнирот со 1 гол и 4 асистенции и со тоа беше прогласен како играч на турнирот, но тој го одби истиот.

Копа Америка Сентенарио 2016

уреди

Во Копа Америка Сенетенарио 2016 која во таа година славеше 100 години постоење Аргентина се пласираа во четвртфиналето како први во групата со 9 поени. Аргентина победи во четвертфиналето над Венецуела со 4:1 и во полуфиналето над САД со 4:0 и со тоа го достигнаа финалето на натпреварот. Во финалето тие повторно изгубија од Чиле на пенали одкако Меси го промаши неговиот пенал. Меси постигна 5 гола низ целиот турнир.

Светско првенство во фудбал 2018

уреди

На светското првенство во фудбал 2018 одиграно во Русија, Аргентина заврши како второпласирана во групата Д со 4 поени. Тие изгубија од Франција во осминафиналето со 3:4 по 2 асистенции на Меси. Севкупно, Меси постигна еден гол и 2 асистенции.

Копа Америка 2019

уреди

Во ова изданије на Копа Америка, Аргентина заврши како второпласирана во нивната група со 4 поени. Аргентина победи над Венецуела со 2:0 во четвртфиналето но беше елиминирана во полуфиналето од Бразил со пораз од 0:2. Во мечот кој го одлучи треропласираниот на турнирот Аргентина победи со 2:1 над Чиле. Во овој меч, Меси заедно со Гари Медел од Чиле доби црвен картон.

Копа Америка 2021

уреди

Аргентина заврши како пропласирана во нивната групата со 10 поени. Во групната фаза Меси посдигна 3 погодоци: 1 гол од слободен удар против Чиле и 2 гола против Боливија во победата на Аргентина од 4:1. Тој исто така постигна 3 асистенции во оваа фаза. Во четвртфиналето Аргентина го победија Еквадор со 3:0 благодарејќи на голови од Де Паул и Мартинес но исто така и гол од слободен удар на Меси. Со победа над Колумбија после пенали во полуфиналето на Копа Америка 2021 Аргентина се пласираше во финалето на турнирот каде тие се соочија со репрезентацијата на Бразил. Во финалето тие победија со 1:0 со гол на Анхел Ди Марија во 22-та минута. Со тоа Меси ја освои својата прва голема титула со репрезентацијата на Аргентина. Меси како најдобар голгетер со 4 гола но исто така и како играчот со најмногу асистенции (5) беше крунисан за најдобар играч на турнирот.

Награди и признанија

уреди

Во текот на својата кариера, Меси повеќепати се нашол на списокот на најдобрите стрелци во Европа. Во сезоната 2009/2010, тој ја добил својата прва „Златна копачка“ како најдобар стрелец во Европа, следната сезона бил втор најдобар стрелец,[58] во октомври 2012 година по вторпат ја добил „Златната копачка“,[59] а истата награда ја освоил и во сезоната 2012/2013. Потоа, во сезоните 2013/2014 и 2014/2015, тој бил втор најдобар стрелец во Европа, а во сезоната 2016/2017 ја освоил четвртата „Златна копачка“.[58]

Во февруари 2014 година, ФИФА го објавила списокот на десетте најдобри фудбалери на светот на сите времиња. Притоа, Меси го зазел седмото место како единствениот активен играч кој се нашол на списокот.[60]

Како потврда за добрите игри, на крајот од 2014 година, Меси бил номиниран меѓу тројцата кандидати за наградата „Златна топка“ која ја доделуваат ФИФА и „Франс фудбал“ за најдобар фудбалер на светот.[26] Исто така, во изборот на списанието „Ворлд сокер“, со освоени 593 бода, Меси бил избран за трет најдобар фудбалер во светот за 2014 година, пласирајќи се зад Кристијано Роналдо и Мануел Ноер.[61]

Во 2015 година, Меси бил прогласен за најдобар фудбалер на светот во изборот на ФИФА, освојувајќи 41,33% од гласовите, со што по петти пат го освоил ова признание.[62]

Во 2016 година, Меси се пласирал на второто место во изборот на ФИФА за најдобар фудбалер на светот, освојувајќи 26,42% од гласовите. Притоа, тој не се појавил на церемонијата на доделувањето на наградите, исто како и другите кандидирани фудбалери од „Барселона“.[63]

На 2 декември 2019 година, на церемонијата одржана во Милано, Меси по шести пат ја освоил наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на светот.[64]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Lionel Andrés Messi“. fcbarcelona.com. Архивирано од изворникот на 2012-05-26. Посетено на 3 May 2008.
  2. „Lionel Andrés Messi at Soccerway“. Soccerway. Посетено на 14 June 2009.
  3. Бродбент, Рик (24 февруари 2006). „Messi could be focal point for new generation“. Лондон: Times Online. Архивирано од изворникот на 2011-07-27. Посетено на 31 март 2009.
  4. Гордон, Фил (28 јули 2008). „Lionel Messi proves a class apart“. Лондон: Times Online. Архивирано од изворникот на 2008-12-04. Посетено на 31 март 2009.
  5. Вилијамс, Ричард (24 април 2008). „Messi's dazzling footwork leaves an indelible mark“. Лондон: The Guardian. Посетено на 31 март 2009.
  6. 6,0 6,1 „Messi världens bästa fotbollsspelare“. Eurosport. 12 јануари 2009. Посетено на 23 март 2010.
  7. „European Footballer of the Year ("Ballon d'Or")“. RSSSF. Посетено на 7 јули 2009.
  8. „FIFA World Player Gala 2008“ (PDF). FIFA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-05-15. Посетено на 7 јули 2009.
  9. „FIFA World Player Gala 2007“ (PDF). FIFA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-06-30. Посетено на 7 јули 2009.
  10. Гарднер, Нил (19 април 2007). „Is Messi the new Maradona?“. Лондон: Times Online. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на 31 март 2009.
  11. Ројтерс (25 февруари 2006). „Maradona proclaims Messi as his successor“. China Daily. Посетено на 8 октомври 2006.
  12. Sica, Gregory (2008-08-04). „Messi Inherits Ronaldinho's No. 10 Shirt“. Goal.com. Посетено на 2009-06-02.
  13. „Late Messi brace nicks it“. ESPN Soccernet. 2008-10-01. Архивирано од изворникот на 2012-10-24. Посетено на 2009-05-29.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 14,5 14,6 www.dailymail.co.uk, „Lionel Messi breaks Gerd Muller's record to become all-time goalscorer in Europe's top five leagues with 526th Barcelona strike... and more incredible statistics behind the Argentine's 2017“, 23.12.2017 (пристапено на 5.1.2018)
  15. "Роналдо се израмни со Меси и со Алтафини", Дневник, година XVIII, број 5433, петок, 4 април 2014, стр. 29.
  16. "Роналдо го надмина Меси", Дневник, година XVIII, број 5454, петок, 2 мај 2014, стр. 25.
  17. „Меси ја доби и втората Златна копачка“, Дневник, година XVI, број 5001, вторник, 30 октомври 2012, стр. 25.
  18. „Суарез во налет да соборува рекорди“, Дневник, година XX, број 5991 среда, 17 февруари 2016, стр. 22.
  19. „Lionel Messi breaks Gerd Muller's record for most goals in a calendar year with brace for Barcelona at Real Betis“, The Telegraph, 9.12.2012 (пристапено на 5.1.2018)
  20. "Арсенал не остана должен во Дортмунд", Дневник, година XVII, број 5310, петок, 8 ноември 2013, стр. 27.
  21. „Роналдо жеден за голови, Касилјас совладан по 951 минута“, Дневник, година XVIII, број 5403, петок, 28 февруари 2014, стр. 22.
  22. „Барселона е на вистинскиот колосек“, Дневник, година XVIII, број 5415, петок,14 март 2014, стр. 25.
  23. „Енрике: Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња“, Дневник, година XVIII, број 5611, петок, 7 ноември 2014, стр. 27.
  24. „Симеоне: Не знаев дали Манџукиќ ќе почне, а тој ми врати со хет-трик“, Дневник, број 5629, година XVIII, петок, 28 ноември 2014, стр. 27.
  25. „Насри: Сити може да победува и без Агуеро и Туре“, Дневник, година XVIII, број 5640, петок, 12 декември 2014, стр. 27.
  26. 26,0 26,1 „Ноер: Не сум бренд како Роналдо и Меси“, Дневник, број 5652, година XVIII, петок, 26 декември 2014, стр. 27
  27. „Меси покрај прв стрелец, стана и водечки асистент во Примера“, Дневник, година XIX, број 5688, вторник, 10 февруари 2015, стр. 22-23.
  28. „Меси е најдобриот напаѓач во 2015 година“, Дневник, година XIX, број 5731, среда, 1 април 2015, стр. 26.
  29. ESPNFC, „Lionel Messi scores 400th goal for Barcelona in all competitions“ (пристапено на 26.5.2015)
  30. „Меси со јубилеен 100. двобој, Венгер го претрпе 50. пораз“, Дневник, година XIX, број 5868, петок, 18 септември 2015, стр. 23.
  31. „Јубилејни два гола за Меси и Барселона“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 22.
  32. The Guardian, „Lionel Messi scores hat-trick in Barcelona’s 7-0 thrashing of Celtic“ (пристапено на 1.11.2016)
  33. официјално мрежно место на ФК „Барселона“, „FC Barcelona manager Luis Enrique hails Messi as the difference-maker“, (пристапено на 1.11.2016)
  34. Skysports, „Lionel Messi overtakes Cristiano Ronaldo to top Champions League hat-trick list“ (пристапено на 1.11.2016)
  35. „Меси го отвори „Клубот 100“ со постигнати голови на интернационални клупски мечеви“, Дневник, година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 23.
  36. www.telegraph.co.uk „Real Madrid 2 Barcelona 3: Lionel Messi silences Santiago Bernabeu with injury-time winner in El Clasico“ (пристапено на 23.4.2017)
  37. „„Messi's game against Alaves will be his 700th official game for both club and country. Appearances so far: Barca – 582, ARG – 117." (пристапено на 30.5.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-08-31. Посетено на 2017-05-30.
  38. „Lionel Messi scores 100th goal in Europe but what was mysterious tablet he took mid-match?“ (пристапено на 19.10.2017)
  39. SAMUEL MARSDEN, „Lionel Messi to make 600th Barcelona appearance in Sevilla clash“ (пристапено на 4.11.2017)
  40. https://www.mirror.co.uk/sport/football/news/messi-ronaldo-free-kick-record-11932397 www.mirror.co.uk, „Lionel Messi broke one of Cristiano Ronaldo's La Liga records in Barcelona's win over Alaves“ (пристапено на 31.1.2018)
  41. Bobby McMahon, „Messi The Fastest Player Ever To 100 Goals In UEFA Champions League As Barcelona Beats Chelsea“ (пристапено на 25.3.2018)
  42. „„Messi Equals Incredible Ronaldinho Record" (пристапено на 15.4.2018)“. Архивирано од изворникот на 2020-06-09. Посетено на 2018-04-14.
  43. Ángel Díaz, „Barcelona and Atletico scoop LaLiga awards“ (пристапено на 30.12.2018)
  44. „Golden Shoe 2017-18: Messi, Salah & Europe's top scorers“ (пристапено на 30.12.2018)
  45. Matt Morely, „The 10 top goalscorers of 2017/18 in all competitions“ (пристапено на 30.12.2018)
  46. www.fcbarcelona.com, „Messi closes 2017 as top club scorer in all competitions among the big five European leagues“ (пристапено на 30.12.2018)
  47. „Messi Scores Barcelona's 6,000th LaLiga Goal“ (пристапено на 20.8.2018)
  48. BBC Sport (пристапено на 19.9.2018)
  49. 49,0 49,1 www.uefa.com, „Lionel Messi: Europe's top scorer in 2018“ (пристапено на 30.12.2018)
  50. „„Top 5 goalscorers of 2018 in Europe's top five leagues" (пристапено на 30.12.2018)“. Архивирано од изворникот на 2019-01-05. Посетено на 2018-12-30.
  51. Tom Storer, „Messi makes history with 400th La Liga goal“ (пристапено на 15.1.2019)
  52. BBC Sport (пристапено на 25.2.2019)
  53. Официјално мрежно место на ФК „Барселона“, „Leo Messi breaks 50 goals mark once again“ (посетена на 28.5.2019)
  54. „Fox Sports, „Barcelona 4-1 Deportivo Alaves: Messi ends 2019 with 50 goals as Barca cruise" (пристапено на 31.12.2019)“. Архивирано од изворникот на 2019-12-31. Посетено на 2019-12-31.
  55. CNN, Ben Church, „Lionel Messi scores 700th career goal in style but Barcelona loses more ground in title race“ (пристапено на 5.7.2020)
  56. „Меси го постигна 800. гол за гаучосите“, Слободен печат, година XI, број 2811, сабота-недела, 25-26 март 2023, стр. 8.
  57. „Меси од пенал го кутна комбинираниот тим на Хрватска“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 24.
  58. 58,0 58,1 „www.eurotopfoot.com (пристапено на 20.10.2017“. Архивирано од изворникот на 2012-03-28. Посетено на 2017-10-20.
  59. „Меси ја доби и втората Златна копачка“, Дневник, година XVI, број 5 001, вторник, 30 октомври 2012, стр. 25.
  60. „Меси единствен активен меѓу десетте најдобри според ФИФА“, Дневник, година XVIII, број 5403, петок, 28 февруари 2014, стр. 22.
  61. „Роналдо ги победи Ноер и Меси во изборот на Ворлд сокер“, Дневник, година XIX, број 5657, петок, 2 јануари 2015, стр. 22.
  62. Daily Mail, „Lionel Messi scoops FIFA Ballon d'Or award and is crowned world's best player ahead of Cristiano Ronaldo and Neymar“ (пристапено на 19.10.2017)
  63. The Telegraph, „The Best Fifa Football Awards 2016: Cristiano Ronaldo wins best in show as Claudio Ranieri and Liverpool carry the torch for English game“ (пристапено на 19.10.2017)
  64. YouTube, Leo Messi, six-time Ballon d'Or winner (пристапено на 3.12.2019)

Надворешни врски

уреди