Златна копачка
Златна копачка е признание кое од 1968 година се доделува на стрелецот со најголем број постигнати голови во европските национални првенства, без обзир на бројот на одиграни натпревари. Наградата не е доделена од 1992 до 1996 година поради протестот на Фудбалска федерација на Кипар во 1991 година. Првенствено, организаторот на целосниот спектакл бил Францускиот весник Франс Фудбал, а спонзор Адидас. Од 1997 година наградата се доделува со здружение на Европските спортски медиуми - ЕСМ, а победникот се одредува со помош на коефициентот и тоа за најјаките пет лиги по број на голови кои се множат со 2, за лигата од 6 до 21 место на коефициент е 1,5, а за лигата од 22 места 1.
Список на победници
уреди- Напомени
- Победник од сезоната 1986–87 Родион Каматару (со 44 гола) е дисквалификуван и победник бил Полстер 1990. Сепак, на Каматару му е дозволено да го задржи трофејот.
- Дарко Панчев ја добил својата награда за сезоната 1990-91 дури во 2006 година поради протестот од Кипар дека еден нивен играч наводно постигнал 40 гола, иако официјално на врвот на листата стрелци таа сезона биле 2 играчи со по 19 голови. Франс Фудбал одлучил наградата за таа сезона да биде неофицијална.
Рекорди
уредиЛионел Меси го постигна најголемиот рекорд во сезоната 2011-12 со постигнати 50 голови и со добиени 100 бода од европските медии.