Хормон
Хормоните се специјализирани хемиски стимулатори,кои се продуцираат од ендокрините клетки,ткива и органи (ендокрини жлезди).Тие се транспортираат до сите делови на телото преку крвотокот,но тие се ефективни само врз дадени целни клетки. Своето дејство,хормоните го покажуваат во многу мали количини.Во зависност од местото на дејствување,тие можат да бидат со општо дејство (хормон за раст-STH,инсулин,тироидни хормони) или конкретно дејство (TSH,ACTH).Според хемиската структура,има хормони со:
- Белквинска структура-белковински (белковински) или пептидни (сите хормони,освен оние од надбубрежните,штитната и половите жлезди)
- Стероидна структура-стероидни (хормоните од кората на надбубрежните жлезди и од машките и женските полови жлезди)
- Аминокиселинска структура-деривати на аминокиселини (хормони од срцевината на надбубрежната жлезда и штитната жлезда).
Ослободувачки (рилизинг) хормони
уредиОслободувачките (рилизинг) хормони се синтетизираат од хипоталамусот и нивна задача е да ја регулираат функцијата на хипофизата.Тие се:
Хормон | Целна жлезда | Ефект |
Адренокортикотропин (ACTH) | Надбубрежна жлезда | Секреција на гликокортикоиди |
Фоликулостимулирачки хормон (FSH) | Јајчници, тестиси | Раст на репродуктивниот систем |
Соматотропен ослободувачки хормон (GHR) | Црн дроб, масно ткиво | Обезбедува раст; липиден & јаглехидратен метаболизам |
Тироиден ослободувачки хормон (TRH) | Штитна жлезда | Секреција на тироидни хормони |
Хормони со белковинска структура
уреди- Тропни (стимулирачки) хормони
- Соматотропин или STH
- Тиреотропин или TSH
- Адренокортикотропин или ACTH
- Пролактин или LTH (лутеотропен хормон)
- Гонадотропни хормони
- Фоликуло-стимулирачки хормон или FSH
- Лутеинизирачки хормон или LH
- Меланотропин или MSH
- Вазопресин или ADH
- Окситоцин
- Инсулин
- Гликагон
- Паратхормон или PTH
- Мелатонин
Хормони со стероидна структура
уредиХормони со аминокиселинска структура
уредиТкивни хормони
уредиТкивните хормони можат да дејствуваат на самото место каде се излачуваат или преку циркулацијата да дејствуваат на други ткива или органи (како и жлездените).Тие се: