Алекс Расмусен
Алекс Ники Расмусен (дански: Alex Nicki Rasmussen; р. 9 јуни 1984 во Свендборг) — дански професионален велосипедист. Расмусен е специјализиран во велодромски велосипедизам и бил светски првак во скреч во 2005. Заедно со Михаел Меркев, Расмусен победил на данското првенство во медисон шест пати по ред, каде тие го добиле името „Пар број седум“ (Par nummer syv). Расмусен исто така имал успеси и во друмскиот велосипедизам, освојувајќи ја друмската трка на данското државно првенство 2007. Расмусен возел за екипите Тим Саксо Банк (2009–2010), ХТЦ-Хајроад (2011) и Гармин-Баракуда (2012). На 19 март 2013, Гармин-Шарп повторно потпишал договор со него за остатокот од сезоната 2013.[1][2] Расмусен го напуштил Гармин-Шарп по завршувањето на сезоната 2013,[3] и објавил дека сака да се врати на велодромскиот велосипедизам.[4] Расмусен му се приклучил на Ривал Сајклинг Тим за сезоната 2014.[5]
Расмусен на Четири дена Динкерк 2010 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Алекс Ники Силвест Расмусен | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 9 јуни 1984 Оденсе, Данска | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,86 м | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 88 кг | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Ривал Сајклинг Тим | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | Велодромски и друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за хронометри | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2007 2008 | Оденсе Енерџи Дизајна Кокен | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2009–2010 2011 2012 2013 2014– | Тим Саксо Банк ХТЦ-Хајроад Гармин-Баракуда Гармин-Шарп Ривал Сајклинг Тим | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 22 октомври 2014 |
На 15 септември 2011, неговиот договор со ХТЦ-Хајроад бил раскинат поради допинг контрола, бидејќи екипата била загрижена поради двата пропуштени допинг контроли, пред да се приклучи на екипата. Исто така, бил повлечен и од данската репрезентација на Светските друмски првенства во 2011 и се соочил со кривична постапка.[6] Меѓутоа, на 17 ноември, Расмусен бил ослободен од обвиненијата, поради процедурална грешка во UCI.[7] Неговиот претходен договор со Гармин-Баракуда, повлечен по вестите за обвиненија, повторно бил склучен.[8] UCI ја обжалил оваа одлука на Арбитражниот суд за спорт во декември 2011, додека одлуката била донесена на 4 јули 2012. Како последица на одлуката, Расмусен добил 18-месечна ретроактивна забрана, што значи дека ќе биде суспендиран до април 2013. Неговиот договор со Гармин-Шарп исто така бил раскинат.[9][10]
Достигнувања
уреди- 2000
- 3. Национално велодромско јуниорско првенство, спринт
- 2001
- 1. Национално велодромско првенство, 1 километар
- 1. Национално велодромско јуниорско првенство, 1 километар
- 1. Национално велодромско јуниорско километар, 1 екипна потера
- 1. Национално велодромско јуниорско првенство, спринт
- 2. Национално велодромско јуниорско првенство, бодовна трка
- 2002
- 1. Национално велодромско првенство, 1 километар
- 1. Национално велодромско јуниорско првенство, 1 километар
- 1. Национално велодромско јуниорско првенство, екипна потера
- 1. Национално велодромско јуниорско првенство, бодовна трка
- 1. Национално велодромско јуниорско првенство, спринт
- 3. Светско велодромско јуниорско првенство, скреч
- 2003
- 1. Национално велодромско првенство, 1 километар
- 1. Национално велодромско првенство, поединечна потера
- 1. Национално велодромско првенство, екипна потера
- 2. Национално велодромско првенство, медисон
- 2. во Москва, скреч
- 3. во Москва, медисон
- 3. Европско велодромско првенство, скреч
- 2004
- 1. Европско велодромско првенство, скреч
- 1. Национално велодромско првенство, 1 километар
- 1. Национално велодромско првенство, поединечна потера
- 1. Национално велодромско првенство, екипна потера
- 1. Национално велодромско првенство, медисон
- 1. Дански куп
- 2. Национално велодромско првенство, скреч
- 2. Европско велодромско првенство, медисон
- 2005
- 1. во Лос Анџелес, скреч
- 1. Национално велодромско првенство, 1 километар
- 1. Национално велодромско првенство, поединечна потера
- 1. Национално велодромско првенство, екипна потера
- 1. Национално велодромско првенство, медисон
- 1. Национално велодромско првенство, бодовна трка
- 1. Светско велодромско првенство, скреч
- 1. Европско велодромско првенство, медисон
- 1. Европско велодромско првенство, скреч
- 1. Етапа 3 Штутгарт-Стразбур
- 1. Дански куп
- 2. во Сиднеј, скреч
- 2. во Сиднеј, медисон
- 3. Тондер
- 3. Шест дена Гренобл
- 2006
- 1. Национално велодромско првенство, 1 километар
- 1. Национално велодромско првенство, поединечна потера
- 1. Национално велодромско првенство, екипна потера
- 1. Национално велодромско првенство, медисон
- 1. во Сиднеј, екипна потера
- 1. во Сиднеј, медисон
- 1. ГП Рингстед
- 1. Краен пласман Трка околу Берлин под 23 години
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 1 Дан Болиг
- 1. Етапа 2 Дан Болиг
- 1. Алерод
- 1. Фиен Рунт
- 1. Национално друмско првенство, поединечен хронометар
- 2. Национално велодромско првенство, бодовна трка
- 2. во Шлагелсе
- 2. Шест дена Гренобл
- 2. во Сиднеј, екипен пласман
- 2. во Сиднеј, медисон
- 3. ГП Хернинг
- 3. Национално друмско првенство
- 3. Дански куп
- 3. во Шарлотенлунд
- 3. во Москва, медисон
- 2007
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Национално велодромско првенство, поединечна потера
- 1. Национално велодромско првенство, екипна потера
- 1. Национално велодромско првенство, бодовна трка
- 1. Национално велодромско првенство, медисон
- 1. Шест дена Гренобл
- 1. во Есбјерг
- 1. во Лос Анџелес, медисон
- 2. во Лос Анџелес, екипен пласман
- 2. Шест дена во Копенхаген
- 2. во ГП Орхус
- 2. Силкеборг
- 3. Светско велодромско првенство, екипна потера
- 3. Местерскаб, Холстебро
- 3. Коге
- 3. Хамел
- 3. во Сиднеј, медисон
- 2008
- 1. Краен пласман Светски куп, медисон
- 1. во Балеруп, медисон
- 2. во Лос Анџелес, екипна потера
- 2. во Лос Анџелес, медисон
- 2. Шест дена во Копенхаген
- 2. во Балеруп, екипен пласман
- 2. Краен пласман Светски куп, екипна потера
- 2. ЛОИ Пекинг - екипна потера
- Трка околу езерото Чинхај
- 1. Бодовен пласман
- 1. Пролог
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 9
- 2009
- 1. Шест дена во Копенхаген
- 1. Шест дена во Гент
- 1. Светско првенство во медисон
- 1. Светско првенство во екипен пласман
- 2010
- 1. Светско првенство во скреч
- 1. Етапа 1 Четири дена Динкерк
- 1. Етапа 3 Четири дена Динкерк
- 1. Етапа 4 Вуелта а Андалусија
- 1. ГП Хернинг
- 2011
- 1. Меѓународно првенство Филаделфија
- 1. Етапа 21 (ITT) Џиро д’Италија
- 4. Национално хронометарско првенство
- 2012
- 1. Етапа 4 (ТТТ) Џиро д’Италија
- 2. Гран при де Денен
- 2013
- 1. Етапа 1 Трка околу Баварија
- 4. Национално хронометарско првенство
- 7. Национално друмско првенство
- 2014
- 1. Докола Мазовска
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5
- 7. Национално хронометарско првенство
Распоред на резултатите на Гранд Тур
уредиГранд Тур | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 |
---|---|---|---|---|
Џиро | 153 | 150 | — | — |
Тур | — | — | — | — |
Вуелта | — | — | 134 | — |
СО = се откажал
Наводи
уреди- ↑ „Расмусен повторно потпишал со Гармин-Шарп“. Cycling Central. Special Broadcasting Service. 19 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-03-22. Посетено на 29 март 2013.
- ↑ „Расмусен се враќа во Гармин-Шарп“. CyclingQuotes. JJnet.dk A/S. 19 март 2013. Посетено на 29 март 2013.
- ↑ „No new contract for Alex Rasmussen at Garmin-Sharp“. Cyclingnews.com. Future plc. 26 септември 2013. Посетено на 1 октомври 2013.
- ↑ „Rasmussen to the track“. Cyclingnews.com. Future plc. 1 октомври 2013. Посетено на 1 октомври 2013.
- ↑ Нилсен, Серен К. (5 ноември 2013). „Alex Rasmussen cycles for Riwal“. DR (дански). Danish Broadcasting Corporation. Посетено на 22 декември 2013.
- ↑ „Алекс Расмусен отпуштен поради пропуштена допинг-контрола“. Cyclingnews.com. Future plc. 15 септември 2011. Посетено на 1 октомври 2013.
- ↑ „Алекс Расмусен невин за пропуштениот тест“. Associated Press. ESPN. 17 ноември 2011. Посетено на 1 октомври 2013.
- ↑ „Тим Гармин-Сервело го објави составот за 2012“. Гармин-Сервело. Колорадо: Slipstream Sports LLC. 18 ноември 2011. Архивирано од изворникот на 2012-01-18. Посетено на 3 јануари 2012.
- ↑ Стоукс, Шејн (4 јули 2012). „Гармин-Шарп го отпушти Алекс Расмусен по одлуката Арбитражниот суд за негова суспензија“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 4 јули 2012.
- ↑ Бенсон, Даниел; Косинс, Питер (4 јули 2012). „Расмусен отпуштен од Гармин-Шарп“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 4 јули 2012.
Надворешни врски
уреди„Алекс Расмусен“ на Ризницата ? |
- Достигнувања на Cycling Base Архивирано на 24 декември 2013 г.
- Достигнувања на Site du Cyclisme
- Гармин-Шарп: Алекс Расмусен Архивирано на 2 мај 2013 г.