Силвестер Шмид

друмски велосипедист

Силвестер Шмид (полски: Sylwester Szmyd; р. 2 март 1978 во Бидгошч) — поранешен полски професионален друмски велосипедист, кој професионално возел во периодот 2002-2016 година.

Силвестер Шмид
Лични податоци
Цело имеСилвестер Шмид
Роден2 март 1978(1978-03-02)(46 г.)
Бидгошч,  Полска
Висина1,78 м
Маса63 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЦЦЦ Дивилопмент Тим
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за планини/Помошник
Професионални клубови
2002–2003
2004
2005–2008
2009–2012
2013-2014
2015-2016
Меркатоне Уно
Саеко Машине пер Кафе
Лампре-Кафита
Ликвигас
Мовистар Тим
ЦЦЦ-Спранди-Полковице
Значајни победи
1 етапа, Критериум ди Дофине Либере (2009)

Бил специјалист за искачување, понекогаш водач на помали етапни трки и силен планински помошник за неговите екипни водачи на големите трки; ги завршил сите големи трки на кои настапил во неговата кариера.

Професионална кариера

уреди

Во 2009 година, Шмид ја забележал првата победа во неговата кариера, кога ја поминал целта низ Мон Венту во текот на Критериум ду Дофине Либере. Тој бил во бегство со Алехандро Валверде (Кес д’Епарњ) и двоецот завршил заедни. Потоа, Шмид изјавил дека бил толку користен како помошник за неговите водачи, што неговите нозе на последната кривина скоро да пукнале, кога сфатил дека може да победи.[1]

На Џиро дел Трентино 2012, на Шмид му било дозволено да вози за себе и се пласирал добро на последните две етапи на трката, кои биле планински. На етапата 3 дошол до второто место по стрмните искачувања на етапата. Целта била поставена на 1,5 километри по врвот.[2] На последната етапа до Пасо Пордои, Шмид дошол до четвртото место, обезбедувајќи го третото во генералниот пласман. Снег паѓал на подиумот додека победникот Доменико Поцовиво (Колнаго-ЦСФ Бардијани), Дамијано Кунего (Лампре-ИСД) и тој ги добивале нивните награди.[3]

Учествувал на Џиро д’Италија неколку недели подоцна, возејќи како поддршка на неговиот водач Иван Басо. Бил на чело на групата неколкупати на ридско-планинските етапи и успеал да го обезбеди 26. место.[4]

Шмид ја напуштил неговата екипа Ликвигас-Канондејл на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Мовистар Тим со двегодишен договор од сезоната 2013.[5] Во декември 2014 година, Шмид објавил дека се приклучува на полската екипа ЦЦЦ-Спранди-Полковице на едногодишен договор за 2015 година, по експресното незадоволство во Мувистар, каде бил избран само за една голема трка во текот на двете години со екипата.[6]

Достигнувања

уреди
2001
6. Краен пласман Трка околу Полска
9. Гран Премио де Лодио
2002
3. Краен пласман Трофео Имоблиаре Италија
6. Трка околу Шинберг
2003
8. Краен пласман Џиро дел Трентино
2004
2. ГП Шварцвалд
4. Куп на Јапонија
2005
7. ГП Индустрија & Артиџанато
2006
5. Куп на Јапонија
6. Краен пласман Џиро дел Трентино
9. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
10. Краен пласман Тур де Романди
2007
2. Краен пласман Сетимана Ломбарда
7. Џиро дел’Емилија
9. Краен пласман Тур де Романди
2008
5. Џиро дел’Апенино
8. Краен пласман Џиро дел Трентино
8. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
9. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
2009
1. Етапа 5 Критериум ду Дофине Либере
7. Краен пласман Трка околу Полска
2010
1. Етапа 4 (ТТТ) Џиро д‘Италија
6. Краен пласман Трка околу Полска
10. Краен пласман Критериум ду Дофине
2012
3. Краен пласман Џиро дел Трентино
7. Краен пласман Тур де Романди
2013
9. Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
2014
3. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015
  Џиро 44 24 43 64 19 28 23 43 60 82 26 45
  Тур 27 61 42 71
  Вуелта 29 74 24 14 25 17 45

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. Жан-Франсоа Кене (12 јуни 2009). „Шмид до првата победа на етапата 5 на Дофине“. Cycling News. Future Publishing Limited. Архивирано од изворникот на 2012-10-14. Посетено на 19 септември 2012.
  2. Даниел Бенсон (19 април 2012). „Поцовиво победи во Бренцоне“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 19 септември 2012.
  3. „Поцовиво победи на Џиро дел Трентино 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. 20 април 2012. Посетено на 19 септември 2012.
  4. „Резултати од етапата 21 на Џиро д'Италија“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. 29 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2014-09-11. Посетено на 19 септември 2012.
  5. Аткинс, Бен (11 август 2012). „Ерос Капеки и Силвестер Шмид го напуштаат Ликвигас-Канондале за Мувистар“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 12 август 2012.
  6. Гаџала, Павел (20 декември 2014). „Силвестер Шмид се приклучи на ЦЦЦ-Спранди-Полковице“. Cyclingnews. Посетено на 21 февруари 2015.

Надворешни врски

уреди