Список на делегати на Првото заседание на АСНОМ
Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Свети Прохор Пчински. Избрани биле делегати според издадените прописи за избор на делегати од страна на Иницијативниот одбор за свикување на AСНОМ (март 1944) и Упатството за избор на делегати за Првото заседание на AСНОМ на ЦK на KПМ (2 април 1944). Биле избрани вкупно 112, а на Заседанието успеале да присуствуваат само 60 делегати или нивни ополномоштени претставници. На седницата на Президиумот на АСНОМ од 6 август 1944 година за членови на АСНОМ се кооптирани уште четворица делегати.[1]
Список на делегатите
уредиДелегати избрани за првото заседание на АСНОМ, со наведени населени места на делегирање:[2]
- Александар Георгиев, градежен инженер, Гостивар
- Ацо Петровски, кројач, потпретседател на стопанската комора Скопје
- Асен Симитџиев, канд. адвокат, Скопје
- Атанас Бојков, командант на Струмичкиот одред, с. Богданци
- Атанас Великов Атанасов, работник, Петрич
- Бане Андреев - Ронката, политички комесар на Главниот штаб, Велес
- Благое Левко, адвокат, Велес
- Благое Хаџи Панзов, адвокат, Велес
- Благоја Минов, работник, Струмица
- Благоја Фотев, земјоделец, Бистрица
- Благоје Стефков, работник, Куманово
- Борис Атков, чиновник, Скопје
- Борис Поцков, типограф, Струмица
- Борис Чушкаров, учител, пол. ком. на III-та бригада, Куманово
- Борко Темелковски, работник, Прилеп
- Боро Димитриев, воздухопловен поручник на кралската Југословенска војска, Равно
- Боро Милевски, поручник, командант на IV-та бригада, Штип
- Боро Чаушев, работник, Неготино
- Вангел Чукаловски, мајор, командант на I-та бригада, Битола
- Ванчо Бурзевски, приватен чиновник, Свети Николе
- Васил Атанасков Ивановски, работник, Костур
- Васил Григоров Василев, работник, Петрич
- Васил Кара Ангеловски, заменик командант на V-та бригада, земјоделец, Битола
- Венко Марковски, поет, Скопје
- Вера Ацева, домаќинка, Прилеп
- Веселинка Малинска, приватен чиновник, Куманово
- Видое Смилевски, банкарски чиновник, Гостивар
- Владимир Полежиноски, д-р, правник, Кичево
- Владо Малески, студент по право, Струга
- Генади Илијев Лешков, земјоделец, с. Дреново, Бродско
- Георги Ивановски, учител, Ресен
- Диме Туриманџовски, мајор на НОВ и ПОМ, Кавадарци
- Димитар Влахов, публицист, Кукуш
- Димитар Зафировски, новинар, Гевгелија
- Димитар Миовски, лекар во железничката болница, Скопје
- Димитар Теменугов, пол. ком. на Струмичкиот одред
- Димитри Манџовски, земјоделец, Костур
- Димче Беловски, приватен чиновник, Штип
- Димче Стојанов Миревски, професор, Прилеп
- Душан Лукаров, работник, Скопје
- Елисие Поповски, банкарски чиновник, Маврово
- Емануил Чучков, директор на гим(назија) Скопје, Штип
- Епаминонда поп Андонов, професор, Струмица
- Злате Билјановски, заменик пол. ком. на III-та бригада Пуста Река
- Злате Тренески, земјоделец, Кичево
- Иван Раднански, земјоделец, с. Радна
- Иван Танев, поручник, Гевгелија
- Илија Божиновски, чиновник, Ресен
- Илија Илијески, адвокат, Битола
- Исак Сион, приватен чиновник, Штип
- Јанко Шопов, техничар, Гевгелија
- Јован Георгиев, свештеник, с. Дреново
- Јонче Колев Трпевски, работник, Ресен
- Јордан Блажевски, инж. агр., Тетово
- Камбер Асан, земјоделец, Долни Дисан
- Кемал Аголи, студент по филозофија, Дебар
- Кемал Сејфула, занаетчија, Скопје
- Кирил Георгиевски, инж., архитект, Скопска општина, Прилеп
- Кирил Григоров, адвокат, Штип
- Кирил Миљовски, д-р, ветеринарен лекар, Битола
- Кирил Михајловски, учител, Виница
- Кирил Петров Чаулев, студент, Охрид
- Кирил Петрушев, типографски работник, Скопје
- Кирил Стојанов, свештеник, Дебар
- Коста Јашмаков, капетан, началник на штаб на III-та бригада Битола
- Лазар Гиновски, земјоделец, Белчишта
- Лазар Мојсов, студент по право, Неготино
- Лазар Соколов, инж. економист, Куманово
- Лазо Калајџиев, работник, Неготино
- Лилјана Чаловска, студентка, Битола
- Љупчо Арсов, инж. економист, банкарски чиновник, Штип
- Мара Нацева, работничка, Куманово
- Маца Карбева, домаќинка, Велес
- Методи Панов Джунов, земјоделец, Ваташа
- Методи Поповски, поручник командант на II-та бригада, Прилеп
- Методи Андонов - Ченто, трговец, Прилеп
- Милан Костов Стефанов, земјоделец, с. Десово
- Милева Сабо, работничка, Скопје
- Мино Богданов, чиновник, Велес
- Мино Миновски, работник, Маврово
- Михаило Апостолски, генерал-мајор, командант на НОВ и ПОМ, Штип
- Младен Георгиев, земјоделец, Челопек
- Најдо Стаменин, работник, Неготино
- Наум Наумовски, политички комесар на II-та бригада, Крушево
- Наум Ташков Василевски, потпоручник, заменик командант на III-та бригада, Ресен
- Нафи Сулејман, земјоделец, Битолско
- Никола Иванов Вражалски, канд. адвокат, Кочани
- Никола Минчев, банкарски чиновник, Кавадарци
- Никола Мицев, д-р, ветеринарен лекар бактериолог, Кратово
- Никола Пеев, работник, с. Богданци
- Панко Брашнаров, учител, Велес
- Панче Неделковски, потполковник, заменик командант на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, Скопје
- Перо Ивановски - Тиквар, работник, Прилеп
- Петар Богданов - Кочко, оперски пејач, Скопје
- Петар Стојанов Манговски, адвокат, Битола
- Петре Пирузе, адвокат, Охрид
- Ристо Балајцалиев, приватен чиновник, Гевгелија
- Славко Поп Антовски, Инж., агроном, Скопје
- Стоилко Костов Иванов, учител, Ораов Дол
- Стојан Тодоровски, приватен чиновник, Куманово
- Страхил Бајовски, учител, Берово
- Страхил Гигов, началник, персонално одделение, Велес
- Тихомир Милошевски, мајор, командант на III-та македонска бригада, с. Битуше, Галичко;
- Тодор Ношпал, трговец, Прилеп
- Тодор Пецов Циповски, работник, Тетово
- Тодор Стојанов Звездин, активен судски потполковник во Кралството Југославија, Скопје
- Томо Кутурец, приватен чиновник, Крушево
- Трајко Цветанов, студент, Крива Паланка
- Трајче Трајчески, земјоделец, Црвена Вода
- Цветко Узуновски, работник, Ресен
- Часлав Рангеловски, инж., шумар, Скопје
- Чедомир Филиповски, работник, поручник на НОВ, Гостивар
Народни претставници кооптирани за членови на АСНОМ на седницата на Президиумот на АСНОМ од 6 август 1944 година се:[3]
- Абдула Алија, работник, Прешево
- Васил Калајџиовски, судија, Вевчани, Струшко
- Живко Брајковски, земјоделец, Галичник
- Кирил Тошев Крстев, работник, Дебрца
Наводи
уреди- ↑ Зборник на документи од Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (AСНОМ), Скопје, 1964, 251-253 и 274-278.
- ↑ Службен весник на федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, 1/1945, 47 стр.
- ↑ Службен весник на федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, 1/1945, 48 стр.