Злате Тренески
политичар
Злате Тренески (10 октомври 1916 - 2006) — македонски комунист и учесник во НОВМ.
Животопис
уредиРоден е на 10 октомври 1916 година во кичевското село Кленоец, тогаш окупирано од Бугарија во Првата светска војна. Станал член на КПЈ во 1941 година. Влегол во НОВМ во Партизанската група „Козјак“. Потоа, станал курир на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и секретар на Околискиот комитет на КПМ во Кичево. Делегат е на Првото заседание на АСНОМ и на Второто заседание на АВНОЈ.
По завршувањето на Втората светска војна, влегува во Државна безбедност. Носител е на Партизанска споменица 1941.[1]
Тој е татко на Мартин Треневски, новинар, поранешен министер и дипломат.[2]
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1508
- ↑ „Амбасадорот м-р Мартин Треневски – новинар, државник и дипломат“, „Македонско Сонце“.