Благој Хаџи Панзов
Благој Хаџи Панзов (роден во Велес, на 18 декември 1911) — македонски правник и комунистички активист.
Животопис
уредиЗавршил право и работел како стажант-адвокат. Во 1938 година е дел од делегацијата од Вардарска Македонија на чело со Димитар Ѓузелов, која се среќава во Белград со д-р Влатко Мачек, водач на хрватското национално движење и главен претставник на здружената опозиција во Југославија.[1]
Во текот на НОБ бил член на Акциониот народно-ослободителен комитет (АНОК) и како член на АНОК, заедно со Киро Глигоров го напишал Приговор кон Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. На 30 април 1944 година е избран за член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Учествува како делегат на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година.
По Ослободувањето станува помошник на јавниот обвинител на Југославија. Во 1947 година е назначен за секретар и советник во југословенската амбасада во Софија,[2] но подоцна е отстранет од службата.[3] Во април 1949 година Јосип Броз Тито во политичкиот реферат пред Третиот конгрес на Народниот фронт на Југославија, за Хаџи Панзов пишува:
Кој е Благој Хаџи Панзов? Син на една ситнобуржоаска фамилија од Велес, која уште пред војната беше чисто бугарофилска. Тој самиот го покажувал на Белградскиот универзитет своето бугарофилство. Во 1942 година тој положил адвокатски испит во Софија, при фашисткичкиот режим. Неговите браќа му Страхил и Петар се познати приврзаници на Ванчо Михајлов и беа соработници на окупаторот...[4]
Во декември 1949 година е обвинет во процесот против Трајчо Костов. Осуден е на 15 години строг затвор и глоба од 300.000 лева.[5][6][7] Помилуван е во октомври 1955 година.[8]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Църнушанов, Коста. Македония в хърватско-българските взаимоотношения през вековете, ВМРО-СМД, София, 1991, стр. 33-34“. Архивирано од изворникот на 2015-12-22. Посетено на 2018-07-23.
- ↑ КГБ призна: Сталин убил Георги Димитров, „Блиц“, 23.06.2012.
- ↑ Ангелов, Веселин. Македонският въпрос в българо-югославските отношения (1944 – 1952), УИ „Св. Климент Охридски“, София, 2005, стр.439.
- ↑ Михайлов, Иван. Спомени, Том IV, 1973, стр.764 – 765.
- ↑ Главна прокуратура на Народната република България. Обвинителен акт, во: Процесът срещу Трайчо Костов и неговата група, София, 1949, стр. 599.
- ↑ България 20 век. Алманах, ИК Труд, 1999, стр. 1172.
- ↑ „НАРЕДБА-ЗАКОН ЗА СЪДЕНЕ ОТ НАРОДЕН СЪД ВИНОВНИЦИТЕ ЗА ВЪВЛИЧАНЕ БЪЛГАРИЯ В СВЕТОВНАТА ВОЙНА СРЕЩУ СЪЮЗЕНИТЕ НАРОДИ И ЗА ЗЛОДЕЯНИЯТА, СВЪРЗАНИ С НЕЯ“ (Обн., ДВ, бр. 219 от 6.10.1944 г., изм., бр. 261 от 1944 г., бр. 9 от 12.01.1945 г.) [1]
- ↑ Огнянов, Любомир (2008). Политическата система в България 1949 – 1956. София: „Стандарт“. стр. 59. ISBN 978-954-8976-45-9.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |