Епаминонда Поп Андонов

политичар
(Пренасочено од Епаминонда поп Андонов)

Епаминонда Поп-Aндонов (Струмица, 1898 - Софија,[1] 1968) бил учесник во НОБ и прв повереник за просвета во Президиумот на АСНОМ.

Животопис

уреди

Завршил основно и средно училиште во Струмица и во Скопје. Дипломирал на Философскиот факултет во Белград во 1922 година. Меѓу двете светски војни бил професор по филозофија, психологија и француски јазик во повеќе места (Струмица, Бања Лука, Сараево, Врање, Скопје).

 
Членови на ГШ на НОВ и ПОМ, на ЦК на КПМ, на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и други борци, на слободната територија Козјак, Кумановско, мај-јуни 1944. Епаминонда Поп Андонов стои прв одлево надесно.

Во текот на НОВ Попандонов е член на АНОК, кој во 1943 година го пишува Приговорот кон Манифестот на Главниот штаб.[2] Во пролетта 1944 година станува член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и учествува на Првото заседание на АСНОМ. На него е избран во Президиумот на АСНОМ, во кој ја извршува функцијата повереник за просвета.[3] Во септември 1944 година станува член на КПМ.

На Второто заседание на АСНОМ, во декември 1944 година, Попандонов е избран за еден од двајцата секретари на Президиумот на АСНОМ.[4]

При трансформацијата на Президиумот на АСНОМ во Президиум на Народното собрание на Македонија што се случи на Третото заседание на АСНОМ, одржано од 14 до 16 април 1945, Попандонов не е избран за член и пополека е маргинализиран од раководството.

До крајот на животот работи во просветни институции. Во периодот 1948-1951 е директор на Народната библиотека во Скопје,[5] а од 1952-1966 предава на Педагошкиот факултет во Скопје.

Наводи

уреди
  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1180 стр.
  2. Приговорот на АНОК на Викиизвор
  3. Службен весник на федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, 1/1945, 5 и 48 стр.
  4. Службен весник на федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, 1/1945, 50 стр.
  5. НУБ „Св. Климент Охридски“, Историја

Надворешни врски

уреди