Најдо Стаменин
политичар
Најдо Стаменин – Орлов (с. Дуброво, Неготинско, 1 јануари 1910 - Скопје, 1993) — македонски комунист, првоборец и командант на бригада.
Работел како ќумурџија. Бил член на КПЈ од септември 1941 година и на Воениот штаб на Месниот комитет на КПЈ во Неготино, а потоа пушкомитралезец на Гевгелискиот партизански одред „Сава Михајлов“, командир на чета, командант на баталјонот „Страшо Пинџур“ и командант на Деветтата македонска бригада. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ.
По Ослободувањето бил на разни должности во воените подрачја на Прилеп, Неготино и Скопје и во УДБА. Носител е на Партизанска споменица од 1941.[1]
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том 2, стр. 1414-1415.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |