Прешево
Прешево | |
---|---|
Поглед на Прешево | |
(Грб) |
(Знаме) |
Општи податоци | |
Име | Прешево |
Површина | 264 км² |
Население(2011) | 13.426 |
Густина | 50,86 ж/км² |
Надморска височина: | 463 м |
Часовен појас | UTC+1 (CET) (Летно време: UTC+2 (CEST) |
Градоначалник: | Шкиприм Арифи |
Мрежно место: | www.presevo.rs |
Местоположба | |
Држава: | Србија |
Управен округ: | Пчињски Округ |
Географски координати: |
42° 18′ 20′′ СГШ 21° 38′ 34′′ ИГД |
Ознаки на градот | |
Автомобилска ознака: | VR |
Повикувачки број: | 017 |
Поштенски број: | 17523 17527 17555 |
Прешево — градска населба и центар на истоимената општина во Пчињскиот Округ во Србија. Се наоѓа на крајниот југ на Републикa Србија, недалеку до границата со Косово и Македонија во Прешевската долина и Поморавието, на надморска височина од 463 метри. Територијата на оваа општина се наоѓа на вододелницата на Егејското и Црното Море.
Вкупната површина на територијата на општина Прешево е 264 км2. Според пописот од 2011 градот броел 13.426 жители (според пописот од 1991. градот имал 15.107 жители).
Историја
уредиПрвиот пишан документ за Прешево датира од 14 век. Во средновековната српска историја, е познато дека во 1389 година, кога, како се верува, во Прешевско поле се одиграла битка, која била вовед во Косовската битка меѓу Србите и Албанците. При крајот на 14 век и почетокот на 15 век, со градот владее кралот Углеша, и Прешево станува значајна населба, која се споменува како паланка, место и мало гратче, кој се наоѓал на самиот средновековен пат Приштина-Ќустендил (преку прешевска Скопска Црна Гора). Во 16 век гратчето Прешево имаше значителен број на население - според пописот од 1519, имало 59 христијански фамилии; според пописот од 1528, 76 христијански фамилии; според пописот од 1570 во Прешево живееле 90 христијански фамилии и 85 жители неомажени/неоженети.
Градот е под турска власт, од 1454 до 1912 година. Во поголем обем, како и околните села, зафатено е значајно иселување на Србите во текот на турското владеење, почнувајќи од 1690 година и подоцна, кога постепено се населуваат Албанци. нивното доселување најголема изразеност има по Втората австриско-турска војна од првата половина на 18 век.
При крајот на 19 век Прешево е центар на Прешевската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов од 1900 година, Прешево било населено од 2000 жители арнаути муслимани. Според Димитар Мишев, во градот имало и мал број на христијанско население, вкупно 280 жители.
Од 1929 до 1941 Прешево беше дел од Вардарската бановина. Во текот на априлската војна, Кралството Југославија капитулираше по 12 дена од воени дејствија против Силите на Оската. На 20 април, Бугарија окупираше дел од кралството Југославија, вклучувајќи го и Прешево. Фашистичкиот режим на Бугарите го окупираше овој дел сè до 7 септември 1944 со голем терор, кога ја предадоа власта на Нацистичкиот режим на Германија. Албанските сојузници на Нацистичкиот режим, Бали Комбетар, подоцна владееше со овој дел. Кон средината на ноември, Југословенските партизани ги присилија на повлекување, окупациските Албански сили.
При крајот на 80-тите во текот на СФРЈ локалните Срби предлагаа да се направи српска општина Источно Прешево. Но, таа идеја не беше прифатена и денес Србите во градот се во многу мал број.
Случувања во 2013
уредиКон крајот на 2012, српскиот премиер Ивица Дачиќ му упати ултиматум на локалните водачи на Албанците во Централна Србија за да се тргне споменикот на ОВПМБ во центарот на Прешево. Ова наиде на отпор од страна на локалните водачи при што во средината на јануари 2013 година, споменикот беше одстранет од локацијата.
Демографија
уредиВо градот Прешево живее 8.641 жител, додека просечната старост на населението изнесува 29,9 години (29,2 кај мажите и 30,5 кај жените). Овој град и општина е главно населен со Албанци и претставува културен, административен центар на Албанците во Јужна Србија.
Според најновиот попис од 2011, општината Прешево има 3.066 жители, но во 2002, општината имала 34.000 жители затоа што Албанците го бојкотирале пописот.
Според српската историографија, Србите во околината на Прешево се раселувале во текот на големите селби во 1690 и 1737 година и во текот на целиот 18 век сè до почетокот на 19 век. Тие Срби кои преживеале на своите вековни огништа се протерани од страна на Арнаутите. Турците до крајот на 17 век па сè до почетокот на 19 век, масовно доселувале Албанци од Албанија а оние преостанати Срби од околината на Прешево се иселувале во околината на Бујановац, Врање и Централна Србија.
Етнички состав според пописот од 2002 во Србија[1] | ||||
---|---|---|---|---|
Албанци | 11.746 | 87,48% | ||
Срби | 1.231 | 9,16% | ||
Роми | 321 | 2,39% | ||
Македонци | 14 | 0,10% | ||
Бошњаци | 12 | 0,08% | ||
Руси | 4 | 0,02% | ||
Хрвати | 3 | 0,02% | ||
Муслимани | 3 | 0,02% | ||
Црногорци | 2 | 0,01% | ||
Унгарци | 2 | 0,01% | ||
Чеси | 1 | 0,00% | ||
непознато | 42 | 0,31% |
Политика
уредиВо 1992, Албанците во овој дел организираа референдум во кој тие гласаа, Прешево, Медвеѓа и Бујановац да се припојат кон Косово. Меѓу 1999 и 2001, Албанска сепаратистичка организација наречена „Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац“ (ОВПМБ), оперираше во овој регион, со цел да ги одцепи овие три општини од Југославија и да ги припои кон идното и независно Косово. Овие активности привлекоа помал меѓународен медиски интерес во споредба со случувањата во Косово и Македонија. Терористите беа победени од страна на српските сили, во операција која не одзеде долго време и каде трупите на НАТО помогнаа контролирајќи, терористите да не ги префрлат борбите од Косово. Моменталната ситуација е стабилна, но Албанците прават некои тензии поради нееднаквиот однос од страна на Владата на Србија кон нив.
Наводи
уреди- ↑ Књига 1, Становништво, национална или етничка припадност, подаци по насељима, Републички завод за статистику, Београд, февруари 2003, -{ISBN 86-84433-00-9}-