Диме Туриманџовски
политичар
Диме Туриманџоски – Горски (Кавадарци, 1913 – Кралево, Србија, 11 октомври 1945) – македонски партизан, учесник во НОБ, воен раководител.
Член е на КПЈ од 1941 година. Од 1943 година е борец на Тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов“, потоа е командант на баталјонот „Страшо Пинџур“, а по формирањето на Втората македонска бригада нејзин командант. Во 1944 година станал член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и работел на теренот на Скопска Црна Гора. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. Загинал во авионска несреќа кај Кралево, Србија.[1]
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том 2, стр. 1518-1519.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |