Никола Вражалски

политичар
(Пренасочено од Никола Иванов Вражалски)

Никола Иванов Вражалски (Кочани, 12 мај 1914 - Скопје, 8 август 1997) — припадник на студентското движење МАНАПО, учесник во НОВ и македонски правник. Бил јавен обвинител на НРМ и пратеник во Уставотворното собрание на НРМ од 1946 година.[1]

Животопис

уреди

Вражалски е роден во Кочани на 12 мај 1914 година. Завршил Правен факултет во Белград во 1940 година. За време на студиите во Белград активно се вклучил во студентските активности и во друштвото „Вардар“.[1][2] Станал член на КПЈ во 1940 година.

Со дозвола на Комунистичката партија на Југославија, во периодот на бугарската окупација на Македонија, се инфлитрирал и бил поставен како кмет најпрво во Чичевската општина (1941 година), па во Богомила (1942 година), а од јуни 1942, бил поставен за кмет на селото Блатец. Од октомври 1942 година работел во Скопје. Бил член на АСНОМ и организатор на НОО во Кочани во 1944 година.

По Ослободувањето, во 1945 година бил именуван за Окружен јавен обвинител, а потоа и за Помошник на јавниот обвинител на Народна Република Македонија. За јавен обвинител на НРМ бил именуван на 27 јули 1946 и на таа функција останува до 3 ноември 1948 година[3]. Бил и народен пратеник во Уставотворното собрание на НРМ од Кочанска околија и член на Уставотворниот одбор за подготовка на Уставот на НРМ од 1946 година.

По донесувањето на Резолуцијата на Информбирото, кон крајот на 1949 година, заедно со Панко Брашнаров и Ѓорѓи Василев, основале информбировска илегална група, со цел за нелегална работа против партиското и државно раководство.[4] Потоа бил затворен на Голи Оток како информбировец. Починал во Скопје во 1997 година.

Во негова чест една улица во Кочани го носи неговото име.[5]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 116. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 61. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. „Никола Вражалски“, Јавно обвинителство во Република Македонија
  4. Записник од сослушувањето на Панко Тодоров Брашнаров, работен на 16.12.1950 година, цит. сп. Виолета Ачкоска, „Судирот со Информбирото и некои текови во македонското општество (1948-1998)“, „Историја“, 1998, 85 стр.
  5. „Улици во Кочани добија имиња на локални заслужни граѓани“. Утрински Весник. 7 јули 2007. Посетено на 2010-05-19.