Наум Веслиевски
Наум Ташков Веслиевски - Овчарот ( 1921 во Златари, Ресенско — 28 декември 1972 во Јанковец, Ресенско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ, потполковник од НОВЈ и деец на НОВМ. [1]
Животопис
уредиРоден е во 1921 година в ресенското село Златари. Во текот на 1941 година станал член на СКОЈ, а од наредната година и на КПЈ. Од 1942 година е заменик-командир на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, а на 18 јуни 1943[2] година е назначен за командир на Партизански баталјон „Мирче Ацев“.[1] Од март до 6 јуни 1944 година е политички комесар на Третата македонска ударна бригада, а пред тоа е нејзин заменик-командир.[3] Делегат е на Првото заседание на АСНОМ. На 25 септември 1944 станала командир на Четириесет и првата македонска дивизија на НОВЈ, а наредната година и на 48. македонска дивизија на НОВЈ.
По Втората светска војна во периодот 1945-1947 година учел во воената академија Фрунзе во Москва. По враќањето е назначен за командир на трета ударна бригада. Осомничен во врска со резолуцијата на Информбирото, запаѓа во криза и е примен во психијатриската клиника во Бардовци.[2]
Наследство
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 101. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ 2,0 2,1 Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 270
- ↑ „Вестник Офицер, бр. 5, 2001, стр. 3“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-03-21. Посетено на 2016-03-25.