Снежана Младеновска Анѓелков

Снежана Младеновска Анѓелков — македонски писател, родена е во 1977 година во Скопје.

Биографија

Снежана Младеновска-Анѓелков жовее и работи во Скопје. Дипломирала на Факултет за драмски уметности - Скопје на отсекот за филмска и ТВ монтажа во 2000 година. На истиот факултет магистрира во 2012 година. Има долгогодишно работно искуство на телевизиска монтажа и креативно обликувала преку 500 документарни филмови, репортажи, патеписи.

Во својата теоретска книга Слики со животна уверливост не само што го објаснува процесот на филмската монтажа како важен творечки сегмент во аудиовизуелното обликување на документарниот филм преку анализа на делата на Владимир Блажевски, туку се обидува да укаже и на важноста и нужноста од авторски документарни филмови во Македонија.

Нејзиното творештво е објавено во значајни антологии[1].

Дела

уреди
  • Единаесет жени, роман, 2011;
  • Слики со животна уверливост, теоретска книга за филмска монтажа;
  • Молчи со отворена уста, роман, 2019;
  • Луѓето, а не градот, книга, 2023.

Награди

уреди
  • Роман на годината на Утрински весник за 2011 година[2].

Наводи

уреди
  1. Молчи со отворена уста, Снежана Младеновска Анѓелков, Или или, Скопје, 2019
  2. https://lektira.mk/avtor/snezana-mladenovska-angelkov/