Хабиер "Чаби" Алонсо Олано (шпански изговор: [ˈ(t)ʃaβj aˈlonso oˈlano]; 25 ноември 1981) — е поранешен шпански фудбалер кој настапувал како играч од средината на теренот.

Чаби Алонсо
Чаби Алонсо со ФК Баерн Минхен во август 2014
Лични податоци
Полно име Хабиер Алонсо Олано[1]
Роден на 25 ноември 1981(1981-11-25)(42 г.)
Роден во Толоса, Шпанија
Висина 1.83 м (6 ст 0 ин)[2]
Позиција Играч од средниот ред
Младинска кариера
Антикуоко
ФК Реал Сосиеједат
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999–2000 ФК Реал Сосиједат Б 39 (2)
2000–2004 ФК Реал Сосиједат 114 (9)
2000–2001Еибар (loan) 14 (0)
2004–2009 Ливерпул 143 (15)
2009–2014 Реал Мадрид 158 (4)
2014– 2017 Баерн Минхен 74 (5)
Репрезентација
2000 Шпанија 18 1 (0)
2002–2003 Шпанија 21 9 (0)
2003–2014 Шпанија 114 (16)
2001–2012 Баскија 5 (0)
* Ажурирано на: 18:20, 8 April 2017 (UTC)
** Ажурирано на: 23 June 2014

Алонсо ја започнал својата кариера во ФК Реал Сосиедад, главниот тим во неговата покраина Гипускоа. По краток период на позајмица во Еибар, тој се вратил во Сосиедад каде што тогашниот менаџер Џон Тошак го назначенил Алонсо како негов капитен. Алонсо успеал во улогата, предводејќи го Реал Сосиедад на второто место во сезоната 2002-03 во Ла Лига. Добрите игри во Сан Себастијан му овозможиле трансфер во Ливерпул во август 2004 година за 10,5 фунти £. Тој уште во првата сезона ја освоил Уефа Лигата на Шампионите, под раководство на Рафаел Бенитез, постигнувајќи гол за израмнување во финалето одиграно ви Истанбил против Милан. Следната сезона, тој го освоил ФА Купот и ФА Комјунити Шилд. Во 2009 година тој се преселил во Реал Мадрид во договор во вредност од околу £30 милиони фунти. По пет сезони во клубот, тој ја освоил титулата во Ла Лига во 2012 година, под водство на Жозе Мурињо и Лигата на шампионите во 2014 година под водство на Карло Анџелоти. Со доаѓањето на германскиот репрезентативец Тони Крос во Реал Мадрид, тој заминал во спротивен правец во Бундеслигашот Баерн Минхен на договор од две години.

Тој го направил своето меѓународно деби за Шпанија во април 2003 година, против Еквадор со победа од 4-0. Додека играл за Шпанија, Алонсо ги освоил Евро 2008, Евро 2012 и Светското првенство 2010, и тој, исто така, ја претставувал неговата земјата на Евро 2004 и Светското првенство 2006. На 23 јуни 2012 година, Алонсо го прославил својот 100-ти настап за Шпанија во четврт-финалето на Евро 2012 против Франција и го прославил со постигнати два гола за Шпанија за да ја внесе својата репрезентација во полуфиналето. По неуспехот на Шпанија да напредува од фазата по групи на Светското првенство 2014, Алонсо се повлекол од репрезентацијата на 27 август 2014 година. Неговите 114 настапи го довеле меѓу петте фудбалери со најмногу настапи за Шпанија .

Наводи

уреди
  1. „FIFA World Cup South Africa 2010: List of Players“ (PDF). Fédération Internationale de Football Association (FIFA). 4 June 2010. стр. 29. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-16. Посетено на 13 September 2013.
  2. „Alonso“. realmadrid.com. Посетено на 5 June 2015.

Надворешни врски

уреди