Похвала на нашиот татко и учител словенски Кирил Философ

(Пренасочено од Похвала на Кирил Филозоф)

Похвала на нашиот татко и учител словенски Кирил Философ — еден од најважните текстови на Св. Климент Охридски. Во неа се прикажува како Кирил напушта сè уште како млад човек, како не ужива во животот и го напушта целото свое семејство. Дека неговата Блажена уста успева да го извади Словенскиот народ од незнаењето и мракот и му дава писмо, азбука која ги описменува. Иако многупати прогонуван, тој сепак успева да остане верен на Господа и Верата постојано го води нанапред. Затоа Господ Бог благословува неговото почивалиште да е во Рим.[1]

Текст

Следува текстот на похвалата[1]:

Еве, ни светна, христољупци, светлозрачниот спомен на нашиот преблажен татко Кирил, нов апостол и учител на сите земји којшто огреа на земјата како сонце со вистинска вера и убавина, како сонце на трисушното божество, осветлувајќи го сиот свет. Божјата премудрост си соѕида храм во неговото срце и на јазикот негов како на херувим почиваше секогаш Светиот дух разделувајќи дарови според верата, како што кажуваше и апостолот Павле дека секому од нас му се дава длагодет како што дарувал Христос. Којшто ќе каже дека ме љуби како Господа, и јас ќе го заљубам, ќе му се покажам самиот и во него ќе си направам храм и тој ќе ми биде син, јас ќе му бидам татко. (Повеќе...)

Наводи

Поврзано

Надворешни врски