Херувими[1][2] (хебрејски: כרובים) — бестелесни сили, духовни суштества спомнати во Библијата. Во христијанската иконографија, тие се прикажани како крилести суштества. Се верува дека тие се најблиските суштества до Бога, по серафимите.

Херувим и Макариј Велики

Во Стариот завет

уреди

Во книгата Битие (3:24) се спомнуваат херувими вооружени со „огнени мечеви“, кои го чувале влезот во Рајот. Кралот Давид ги опишува херувимите како суштества кои го носат Бога. Така во Книгата за царевите е наведено дека „Господ седи на херувимите“ на неколку места во стиховите (4:4), (6:2), (37:16) и други места.

При изградбата на Заветниот ковчег, кралот Соломон наредил да се исече маслиново дрво, од него за да се направат огромни херувими и да се покријат со злато, така што тие да бидат големи десет лакти (околу 5). Тие херувими биле чувани во еврејскиот храм во Ерусалим.

На завесите што стоеле на влезот во Светињата над светињите биле извезени слики од херувими (книга Исход (26:31)).

Во еврејската традиција

уреди

Според книгата Битие, Бог ги создал херувимите на третиот ден. Според друг извор, тие биле првите живи суштества создадени во светот.

Во Талмудот се споменуваат четири суштества кои пророкот Езекил ги видел околу Божјиот престол.

Еврејското предание вели дека кога фараонот го бркал еврејскиот народ преку Црвеното Море, Бог го носеле херувими на престолот и го подигнале од тоа место.

Во христијанството

уреди

Христијанската теологија првично немала дефинитивен став кон природата на херувимите. Мислењата биле поделени за тоа дали тие постоеле како суштества или биле само симболи и слики што го претставуваат делувањето на Бог. Така, Филон Александриски гледал само симболична вредност во херувимите. Меѓутоа, Климент Александриски почнува да отстапува од оваа позиција и зборува за херувимите и другите ангели како суштества.

Од 4 век почнува да надвладува учењето дека херувимите се суштества, иако има одредени отстапувања.

Теодор Студит ги нарекува херувимите највисоки од сите суштества и најблиски до Бога. Неговата позиција беше поддржана од римокатоличките теолози почнувајќи од Тома Аквински и протестантските теолози почнувајќи од Карл Фридрих Кејл.

Херувимите биле опишани од Псевдо-Дионисиј во неговата книга „За небесната хиерархија“ како: „Херувимите се божествени сили - тие имаат способност да ја примат светлината и умот Божји во сите нејзини манифестации, тие ја имаат својата мудрост и својата уметност - ги учат и информираат другите како да се одбранат со изобилството на неговата мудрост“

Во Православната литургија се пее молитва под името Херувимска песна: Иже Херувими, тајно образујушче и животворјашчеј Тројицје. . .

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди