Црква „Св. Атанасиј“ - Рајчица

црква во селото Рајчица

Свети Атанасиј (позната и како: Свети Атанасија) — селска црква во дебарското село Рајчица, Македонија.[1]

Свети Атанасиј

Поглед на црквата во селото Рајчица

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Дебарско
Парохија Дебарско-реканска
Местоположба

Карта

Координати 41°31′8″N 20°32′26″E / 41.51889° СГШ; 20.54056° ИГД / 41.51889; 20.54056
Место Рајчица
Општина Дебар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Атанасиј
Изградба 1868
Осветување 1877
Живопис 1875
Зограф Крсте Колов
Архитектонски опис

Црквата се наоѓа во маалото Влаовци, надвор од маалото, помеѓу густа листопадна шума, во мал дол над самиот град Дебар.[2]

Местоположба уреди

Црквата се наоѓа во маалото Влаовци, горното маало на селото Рајчица. До нејзе се стигнува преку земјена шумска патека. Во кругот на црквата постојат и гробишта кои припаѓаат на жителите на маалото Влаовци.

Историја уреди

Црквата започнала да се гради на место каде што постоела помала црквичка, во 1868 година, а била осветена во 1877 година.[2]

Од страна на Турците црквата била 2 пати ограбувана, при што, првиот пат биле украдени два пара скапоцени одежди со проценета штета од 20 златници-наполеони, а вториот пат се украдени повеќе свештени книги (меѓу кои и Коло мение) со штета од 30 златници-наполеони.[2]

Црквата имала земјиштен посед од 17.692 м2 и лозје во месноста Клакој од 825 м2.[2]

На самиот влез од левата страна постои натпис на старословенски јазик кој гласи: „Овој свети храм Светјаго Атанасија се започна во лето 1866 и се зографиса во 1875, во тоа време беше епитроп Анѓеле Митре се потрудија друштво со сите браќа селани за вечна им памјат - од раката на зографот Крсте Колов од Лазарополе.[2]

Под надлежност на оваа црква во минатото се наоѓале сите останати (четири) цркви во селото Рајчица, а како правно лице и застапник нејзиниот печат се употребувал како парохиски печат на Рајчката црковна парохија.[2]

Според натпис над главниот влез, храмот бил обновен во 2011 година од страна на Киро Радоешки-Чикер.

Архитектура уреди

Фрескоживопис уреди

Црквата поседува живопис, кој го добила набрзо по нејзината изградба во XIX век.

Иконостас уреди

Црквата има мал дрвен иконостас.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 35.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Јовчевски Петко и Методија. „Рајчица и Рајчка парохија - крајот на XIX и првата половина на XX век“. Дебар, 2000 г. стр. 45-46 и 57

Надворешни врски уреди