Црква „Св. Варвара“ - Рајчица

црква во селото Рајчица

Света Варвара — мала средновековна црква во дебарското село Рајчица, Македонија.[1]

Света Варвара

Поглед на црквата во селото Рајчица, крај Дебарското Езеро

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Дебарско
Парохија Дебарско-реканска
Местоположба

Карта

Координати 41°30′58″N 20°32′34″E / 41.51611° СГШ; 20.54278° ИГД / 41.51611; 20.54278
Место Рајчица
Општина Дебар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Варвара
Изградба 1597
Живопис 1597
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна градба

Црквата се наоѓа во маалото Рајчки, на зарамнета ливада високо над Дебарското Езеро и градот Дебар. Истата е прогласена за заштитен споменик на културата на Македонија.

Местоположба

уреди

Црквата се наоѓа во маалото Рајчки, средното маало на селото Рајчица. До нејзе се стигнува преку земјена патека, која започнува кога ќе заврши асфалтниот пат во маалото.

Во кругот на црквата постојат и гробишта кои припаѓаат на жителите на маалото Рајчки.

Историја

уреди

Врз основа на зачуваните натписи, црквата била подигната во 1597 година. Во натписите испишани со старословенски букви се спомнуваат ктиторите Овчина и В’лкове. Натписите се наоѓаат нишата, над протезисот и на просторот помеѓу нишата на протезисот и апсидата.[2]

Во минатото била метох на Бигорскиот манастир.[3]

Во 1913 година црквата била целосно ограбена од Турците, при што биле ограбени повеќе скапоцени и старозаветни икони со вкупна вредност од 50 златници-наполеони.[4]

Во март 2016 година олтарниот дел на црквата бил целосно разоран од трагачи на злато. Биле забележани многу оштетувања во внатрешноста на црквата.[5]

Архитектура

уреди

Црквата е еднокорабна, со полуобличест свод, тристрана апсида (од надворешната) и полукружна апсида (од внатрешната страна). Градена е од кршен и делкан камен, кој е употребен само при создавање на вратата и прозорците. При градењето биле употребени и сполии од некој постар култен објект.[3]

Таа е мала по димензии и со неугледна надворешност.[2]

Фрескоживопис

уреди

Во внатрешноста на црквата има добро зачуван фрескоживопис, кој е насликан истата година кога е подигната црквата. Имињата на зографот и на неговите двајца помошници остануваат непознати. Нивното сликарство нема поголеми ликовни вредности.[3]

Од некогашниот живопис се зачувани остатоци на источниот ѕид, меѓу кои подобро ликовите на „Св. Стефан“, „Омелисмос“, светители од „Великиот вход“, „Св. Роман“, „Благовештението“, „Богородица Ширшаја Небеса“ и фрагмент од композицијата „Вознесение Христово“.[2]

Иконостас

уреди

На импровизираниот дрвен иконостас има неколку икони од истите зографи.[3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 35.
  2. 2,0 2,1 2,2 Балабанов, Коста; Николовски, Антоние; Ќорнаков, Димитар (2010). Споменици на културата на Македонија (PDF). Скопје: Каламус. стр. 249.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „„Варвара, Св."“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 239. Text "series " ignored (help)
  4. Јовчевски Петко и Методија. „Рајчица и Рајчка парохија - крајот на XIX и првата половина на XX век“. Дебар, 2000 г. стр.57
  5. Вандали – трагачи на злато ја осквернија црквата на св. Варвара

Надворешни врски

уреди