Наум Бајо македонски писател и новинар, роден на 30 април 1943 година во Долна Белица, Струга.

Животопис

уреди

Завршил Учителско училиште. Ранотел како уредник во НИП Нова Македонија. Во Друштво на писатели на Македонија е член од 2001 година[1].

Наум Бајо на своја Фејзбук страна[2] објавува записи за исклучителни личности од Струга и Струшко, за светските поети учесници на Струшки вечери на поезијата, за стари струшки занаети, интересни настани и др.

Дела

уреди
  • Живот, роман, 1994 година;
  • Црвените птици над Рим, роман, 1996 година;
  • Часовник од цвеќе, проза, 1997 година;
  • Камено сонце, роман, 2000 година;
  • Воз за Србија, драма, 2010;

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004.
  2. https://m.facebook.com/naum.bajo