Св. Петар (Лешани)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Св. Петар

Карта

Местоположба 41°16′40″N 20°51′38″E / 41.27778° СГШ; 20.86056° ИГД / 41.27778; 20.86056
Основни податоци
Место Лешани
Општина Дебрца
Тип

 црква  некропола


Период ран среден век
Портал „Археологија“

Св. Петарархеолошко наоѓалиште во селото Лешани во областа Дебрца. Претставува раносредновековна црква и некропола. Се наоѓа на околу 100 м источно од селото, на северното подножје, на планината Чуки. На зарамнетиот простор од ледината се наоѓаат урнатини од мала еднокорабна црква со три страна апсида и две простории западно од апсидата. Вкупната должина изнесува 13 м а ширината 6 м. Во олтарниот простор има иконостас од камени плочи на кои се врежани натписи со старомакедонски букви. Во средината од западниот ѕид се забележува влез во црквата, а сличен влез е забележлив и во средината од ѕидот што ги дели двете простории од црквата. Ширината на ѕидовите изнесува 0.70 м. Западно и северно од остатоците на црквата се забележуваат четвртести конструкции од камени плочи што претставуваат гробови. Во 1975 година Заводот и Музеј од Охрид извршил заштитни ископувања.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 250, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069