Прекопана

село во Леринско, Егејска Македонија

Прекопана грчки: Περικοπή, Перикопи; до 1928 г. Πρεκοπάνα, Прекопана[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 4 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]

Прекопана
Περικοπή
Прекопана is located in Грција
Прекопана
Прекопана
Местоположба во областа
Прекопана во рамките на Суровичево (општина)
Прекопана
Местоположба на Прекопана во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°37.1′N 21°24.52′E / 40.6183° СГШ; 21.40867° ИГД / 40.6183; 21.40867
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаАјтос
Надм. вис.&100000000000014400000001.440 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно4
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 1440 метри надморска височина и сместено во пазувите на Вич. На исток се граничи со Невеска, Бел Камен и Негован, на запад со Блаце и Черешница, на север со Бапчор, Порта и Вишени и на југ со Загоричани, Елово и Сребрени. Атарот на селото опфаќа површина од 34 км² и е приклучено кон општината Сребрени.[4]

Историја

уреди

Илинденски период

уреди

Во текот на 1901 и 1902 во селото илегално доаѓале организатори на ВМРО. За да не бидат откриени од Турците, со оглед на тоа што во селото имало турска единица со околу 200 аскери, одбирале празнични денови и се појавувале облечени во селска или женска облека. Како организатори и агигатори на ВМРО кои доаѓале во Прекопана биле: Кирјако од село Черешница, Кузо од село Блаца, Митре Панџаров-Влаот и Дедо Кољо од долно Котори. Тајните состаноци биле одржувани во големата куќа на Јани Кировски. Во селската комитска чета биле организирани 60 лица од ова село.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Прекопана се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 175 куќи.[6]

Кога започнало Илинденското востание, турски гарнизон се повлекол во Невеска поминувајќи низ Прекопана каде што наполнил неколку магацини со храна и облека. Месната организација на ВМРО ги конфискувала магацините, а храната ја разделила на населението. На 27 јули 1903, бил испратен турски војник за да ги испразни магацините, но со оглед на тоа што тие биле испразнети турската војска интервенирала на 29 јули 1903, при што биле изгорени 124 куќи и биле убиени петмина постари жители на селото. Останатиот дел од населението се повлекол во Дум Ливада и во планината Присои. На овие места селаните останале 10 дена, а потоа се вратиле во селото и се сместиле во неизгорените куќи.[7]

Со започнатата офанзива кон средината на август од страна на турскиот аскер, биле пустошени и многу македонски села. На 14 август војниците влегле во Прекопана и ги запалиле преостанатите 56 куќи, со што во селото останале само 8 неизгорени живеалишта. По ова второ палење жителите се повлекле на планината Бел Камен, каде што останале цели 15 дена. Сепак, поради недостатокот од храна и облека, есента се сместиле во селото Бел Камен. По информирањето на Турците дека тука се сместени прекопанци, на интервенција на неколку жители од Бел Камен биле предомислени да не го нападнат селото и да ги казнат селаните од Прекопана.[7]

Зимата, истата година, прекопанци се префрлиле во селото Зелениче и таму останале сè до пролетта, 1904, кога се вратиле во своето родно село и изградиле нови колиби.[7]

По Илинденското востание

уреди

Набрзо по завршувањето на илиндеското востание била започната засилената андартска мисија во Македонија. На чело со Павлос Мелас, во втората половина на февруари 1904, грците навлегле во селото за да ја спречат бугарската и романската пропаганда, како и да забранат децата да посетуваат романски училишта и да одат во романски цркви.[8]

За празникот Богородица, во 1904, грчката вооружена чета испратила писмо до селото во кое барала да се подготви гозба од селаните. Организираните во ВМРО решиле писмото да им го предадат на комитите кои ги начекала грчките војници на патото кон Прекопана и ги натерале да се повлечат убивајќи двајца нивни припадници. Еден ден подоцна, андартски чети го нападнале селото и убиле 11 жители. Исто така, селаните се обиделе самостојно да се вооружат и да му се спротисават на Павлос Мелас, но неуспешно. По овој обид биле убиени селскиот поп и учителот, а на нивно место биле поставени грчи заменици.[9]

Граѓанска војна во Грција

уреди

По војанта против окупаторот и по ликвидацијата на ЕЛАС во 1945, во Прекопана била поставена грчка полициска станица. Така, за прекопанците било отежнато зачленувањето во македонските организации. И покрај ваквата состојба, во НОФ, АФЖ и НОМС (народно ослободителен младински сојуз), илегално работеле 45 лица, од кои двајца открила полицијата и ги уапсила. По иницијатива на Поп Коста и кметот на селото Ристо Бричевски, истите биле ослободени.[10]

Поради честото тероризирање на населението, во летото, 1946, повеќе членови на НОФ биле принудени да се повлечат во планина за да го избегнат апсењето. Поради тоа што грчката полиција ја добила оваа информација, го заобиколила селото и 7 прекопанци не успеале да побегнат и биле уапсени. Меѓу нив имало и една жена. Сите биле осудени на казна затвор од 5 до 16 години, а во отсуство биле осудени на смртна казна двајва прекопанци. Истата година, грчките полициски сили повторно влегле во селото и физички ги малтретирале семејствата на побегнатите. На повредите подлегнал еден селанец. Покрај малтретирањето на населението, вооружените грци ги ограбиле куќите и запалиле повеќе кошари каде што селаните ги чувале овците.[10]

Кон крајот на 1946 Прекопана била под контрола на партизаните и била вклучена во слободната територија создадена во областа Вичо. Понесени од идеалот за слободна и независна Македонија, многу прекопанци се приклучиле во редовите на ДАГ. Повеќето од оние борци кои биле во Леринско-костурскиот баталјон и во Битола и заедно со Воденскиот баталјон ја формирале првата ударна егејска бригада. Сепак, ваквото расположение и слободно живеење за Прекопана траело кусо. Во септември 1947, владината војска презела голема офанзива против партизанските единици во областа на Вичо Планина. Војската влегла во Прекопана и го изгорела селото кое во тој момент броело 110 куќи. Била поштедена само црквата.[11]

Занимања

уреди

Сточарство

уреди

Местоположбата и условите кои ги има селото го условувале и занимањето на населението, што придонело до тоа сточарството да биде една од најразвиените гранки во овој предел. Со оглед на многубројните стада овци, жителите на Прекопана правеле големи количини на сирење и го продавале во соседните села.[12]

Градинарство

уреди

Од градинарските производи најмногу бил одгледуван компирот. За домашните потреби прекопанци одгледувале разни зеленчукови производи, а од овошјето во овој регион најмногу успевале оревите, крушите, јаболките и сливите.[13]

Печалбарство

уреди

Како форма за опстанок и подобрување на животниот стандард, прекопанци оделе и на печалба. На почетокот во поблиските градови како Лерин, Костур и Солун, за подоцна да почнат да одат и во други држави како Турција, Бугарија и Романија каде работеле како млекари или, пак, вршеле разни угостителски работи. Спечалените пари ги користеле за обновување на своите домови, како и за купување на живина.[14]

Демографија

уреди
  • 1913 - 542 жители
  • 1920 - 436 жители
  • 1928 - 423 жители
  • 1940 - 545 жители
  • 1951 - 0 жители
  • 1961 - 82 жители
  • 1971 - 23 жители
  • 1981 - 0 жители
  • 1991 - 6 жители
  • 2001 - 41 жители
  • 2011 - 4 жители

Општествени установи

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди

Топоними

уреди
  • Градиште: стара населба каде се гледаат стари ѕидини,
  • Дум Ливада,
  • Дренова река: покрај реката се простираат пасишта и затоа таму биле кошарите за овчарите кои таму ги носеле своите стада на пасење,
  • Поле: место каде што се наоѓале прекопанските ниви и ливади,
  • Жупан: место каде, исто така, се простирале ниви и ливади,
  • Сколец,
  • Рудина,
  • Темни В’р,
  • Дервено,
  • Орници,
  • Урван Дол: место кое во минатото се слизнало[15]

Имиња

уреди
  • Најчести машки имиња во Прекопана биле: Петре, Панде, Сотир, Дине, Ѓорги, Митре, Типо, Јоти, Михали, Лабро, Коле, Циљо, Ицо и Спиро.
  • Најчести женски имиња во Прекопана биле: Лимона, Марика, Стефана, Парашка, Тана, Депа, Ѓурѓа, Трпа, Гирака, Сика, Мита, Лена, Софа, Циљка и Вича.

Исто така, одредени места биле нарекувани според луѓето кои ги поседувале и работеле нивите, односно места наречени: Шуткови ниви, Никова ливада, Петрин камен, Марино скокало итн.[16]

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πρεκοπάνα -- Περικοπή
  3. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 170.
  4. Фана Мартинова - Буцковска: Прекопана. Нип „Студентски збор“ - Скопје, 2007 година. стр. 23
  5. Фана Мартинова - Буцковска: Прекопана. Нип „Студентски збор“ - Скопје, 2007 година. стр. 97
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
  7. 7,0 7,1 7,2 Фана Мартинова - Буцковска: Прекопана. Нип „Студентски збор“ - Скопје, 2007 година. стр. 96
  8. Фана Мартинова - Буцковска: Прекопана. Нип „Студентски збор“ - Скопје, 2007 година. стр. 99
  9. Фана Мартинова - Буцковска: Прекопана. Нип „Студентски збор“ - Скопје, 2007 година. стр. 99-100
  10. 10,0 10,1 Фана Мартинова - Буцковска: Прекопана. Нип „Студентски збор“ - Скопје, 2007 година. стр. 115
  11. Фана Мартинова - Буцковска: Прекопана. Нип „Студентски збор“ - Скопје, 2007 година. стр. 116
  12. Фана Мартинова - Буцковска: Прекопана. Нип „Студентски збор“ - Скопје, 2007 година. стр. 26
  13. Фана Мартинова - Буцковска: Прекопана. Нип „Студентски збор“ - Скопје, 2007 година. стр. 27
  14. Фана Мартинова - Буцковска: Прекопана. Нип „Студентски збор“ - Скопје, 2007 година. стр. 27-28
  15. Фана Мартинова - Буцковска: Прекопана. Нип „Студентски збор“ - Скопје, 2007 година. стр. 24-25
  16. Фана Мартинова - Буцковска: Прекопана. Нип „Студентски збор“ - Скопје, 2007 година. стр. 45

Користена литература

уреди
Необјавени
  • Архив на Македонија, фонд 995-Егејска Македонија во НОБ, 1941-1945 година;
  • Архив на Македонија, фонд 996-Егејска Македонија во Граѓанскта војна, 1946-1949 година;
  • Архив на Македонија, фонд 997-Македонската емиграција во источноевропските земји.
Литература
  • „Егејска Македонија во НОБ“ - том 1, 2, 3, 4, 5 и 6;
  • Андоновски Христо: Македонците под Грција во борба против фашизмот (1940-1941). Скопје, 1968;
  • Пејов Наум: Македонците и Граѓанската војна во Грција. Скопје, 1968;
  • Кирјазовски Ристо: НОФ и другите народно-ослободителни организации на Македонците во Егејскиот дел на Македонија, 1913-1940. Скопје, 1981;
  • Боцовска Фани: Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ) за Егејска Македонија. „Историја“ Скопје, 1979;
  • Вајна Пандо: Учествотот на Македонците во ЕЛАС. „Димократикос Стратос“, 1948.
Списанија
  • „Нова Македонка“, главен орган на АФЖ, 1948-1949;
  • „Етнички антистаси“ (Национален отпор), официјални документи, сеќавања, хроники, август 1964-1973.
Весници
  • „Непокорен“, орган на главниот одбор на НОФ, 1947-1949;
  • „Победа“, орган на НОФ за воденскиот округ, 1947-1949;
  • „Зора“, орган на НОФ за леринско, 1947-1949;
  • „Единство“, орган на НОФ за костурско;
  • „Прос ти ники“ (Кон победата), 1948-1949.

Надворешни врски

уреди