Петар Николов
Петар Николов Рензов — македонски зограф, претставник на Дебарската школа.
Петар Николов Рензов | |
---|---|
Роден(а) | околу 1850 Ораовец, Османлиско Царство (денес Македонија) |
Починал(а) | 1921 Велес, Кралство СХС (денес Македонија) |
Биографија
уредиРоден е околу 1850 година во Ораовец, во семејството на познатиот зограф Никола Дамјанов. Потекнува од големиот зографски мијачки род Рензовци и е еден од најдобрите претставници на последното поколение зографи од овој род. Учел иконопис од татко си и работел со други зографи.
Во 1870 година ги насликал иконите во црквата „Св. Илија“ во с. Сејаце кај Врање заедно со Димитар Папрадишки, Теофан Буџароски и Ангелко Дидон. Дело на Петар и неговиот братучед Ангел Андреев е фрескоживописот во црквата „Св. Ѓорѓи“ во скопското село Блаце од 1875 година. Извршувањето на работата сè уште е неизвесно, а некои од фреските подоцна биле поправени и пресликани.
Автор е на главните икони во црквата „Успение Богородично“ во Велес.