Кирјан Јанески
Кирјан Славков Јанески (1918 во Лешани, Охридско — ноември 1945) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиКирјан Славков Јанески е роден во селото Лешани. Во НОБ доброволно пристапува на 28 август 1944 година, Како борец на Шестата македонска бригада учествува во повеќе воени акции што ги води бригадата. Се разболува и е ослободен од НОБ. Умира во ноември 1945 година.[1]