Сисвети (Лешани)
археолошко наоѓалиште во Македонија
За манастирот, видете Лешански манастир „Сисвети“
„Сисвети“
| |
Местоположба | 41°16′40″N 20°51′38″E / 41.27778° СГШ; 20.86056° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Лешани |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Сисвети — археолошко наоѓалиште во селото Лешани во областа Дебрца. Претставува средновековна црква и некропола. Манастирскиот комплекс Сисвети се наоѓа на околу 500 м југозападно од селото, на зарамнетиот рид што се протега во подножјето на поголемиот планински масив Јанчеица. Старата манастирска црква Сисвети (сите светци) претстваува мал еднокорабен храм со повеќе страна апсида од надворешната страна, однавтре живописот со фрески од XV век (1452 година). Ѕидовите на црквата околу еден метар се наоѓаат копани во земјата. На површината на теренот, западно од градбата во продолжението, се забележува основа од ѕид. Постојат и индикации за гробови на просторот во непосредната околина.[1]
Поврзано
уреди- Градиште — утврдена населба од бронзеното време;
- Думејнчка Горица — населба од неолитското време;
- Св. Атанасиј — средновековна црква и некропола;
- Св. Богородица — средновековна црква;
- Св. Петар — раносредновековна црква и некропола;
- Лешани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 250, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |