Црква „Сите Светители“ - Лешани
Сите Светители (позната како Сите Светци или попозната локално како Си Свети) — главна манастирска црква на Лешанскиот манастир, сместен во охридското село Лешани. Всушност се работи за две истоимени цркви подигнати во различно време посветени на Сите Светци.
Сите Светители
Си Свети | |
Поглед на новата црква | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Белчишка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°16′49″N 20°51′11″E / 41.28028° СГШ; 20.85306° ИГД |
Место | Лешани |
Општина | Дебрца |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | сите светци |
Изградба | 1452 |
Живопис | 1452 |
Ктитор | Никола Божикев |
Зограф | непознат |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна црква |
Старата манастирска црква била изградена во 1452 година на темели на постара црква од IX век, додека новата поголема црква веднаш до нејзе е подигната во 1911 година на темели на црква XII век.[1]
Историја
уредиСтара црква
уредиИако нема точен датум на изградбата на црквата, како почеток на изградба се зема годината од запис на плоча, која веќе ја нема во црквата, кој го запишал рускиот патописец Виктор Григорович, кој запишал дека црквата била започната да се гради во 1452 година.[1]
Ктитор на црквата бил Никола Божикев во времето на охридскиот архиепископ Никодим I. Најновите археолошки истражување од Заводот и музеј во Охрид покажале дека црквата била изградена на темели на постара црква од IX век, а наоколу се најдени ѕидини од VI, XII и XIV век.[1]
Нова црква
уредиПоголемата истоимена црква изградена веднаш до неа на самата фасада постои запис дека е завршена во 1911 година, но се знае дека е градена на темели на црква од XII век. Била осветена во 1926 година од страна на српскиот владика Николај Велимировиќ, од кого во 1928 година бил осветен и новиот конак.
За време на бадниковата вечер во 2012 година, црквата била ограбена, при што од олтарот бил одземен резбан дрвен крст обвиен со сребро стар околу сто години.[2]
Градба
уредиСтара црква
уредиТаа е мала еднокорабна, ѕидана од кршен камен и бигор.[1]
Живопис
уредиСтара црква
уредиВо внатрешноста е сочуван скоро целиот живопис од кој посебно се издвојуваат претставите на Светите Тројца во сводот и тоа: „Приготвениот Престол“ - околу кој лебдат серафими и трони, „Старецот на деновите“, опкружен со серафими, ангели и тетраморфи, а над олтарниот простор е насликан Исус Христос од „Вознесението“.
Живописот, што го има изведено непознат автор, се издвојува со својот колоритет, што ретко се среќава. Некои фрагменти покажуваат дека црквата е живописана и од надворешната страна. Авторот на живописот влегува во редот на талентираните зографи.
Се верува дека е живописана во истата година, кога е и изградена.[1]
Нова црква
уредиВо новата поголема црква се наоѓа најголемата фреска во Македонија, на која е прикажано Христовото доаѓање, во чиј горен дел е соборот на сите светии, а долу се прикажани пеколот и смртните гревови. Воедно, ова е единствена црква во Македонија со голема фреска на Света Гора.
Поврзано
уреди- Лешански манастир — манастир во Лешани
- Црква „Покров на Пресвета Богородица“ — новоизградена манастирска црква
- Црква „Св. Никола“ — градена од 1909 до 1919 година, а осветена во 1920 година. Иконите на иконостасот се изработени од Русалим Крсев од Лазарополе во 1909 година;
- Црква „Св. Петар“ — понова црква, сè уште неосветена;
- Црква „Св. Атанасиј“ — во изградба;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — возобновена во 1979 година.
Галерија
уреди-
Старата црква со рушевините од средновековната црква
-
Новата црква посветена на „Си Свети“
-
Поглед на апсидите на двете цркви посветени на „Сите Светители“
-
Старата црква посветена на „Си Свети“
-
Поглед на влезот на старата црква
-
Новоизградената камбанарија во облик на црква
-
Влезот на новата црква
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Казиовска, Соња (6 јуни 2015). „Луѓе бараат иљач од сите светии во манастирот над Лешани“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 15 септември 2016.[мртва врска]
- ↑ „Ограбена црква во охридско Лешани“. Сител. 8 јануари 2012. Посетено на 2012-01-08.
Надворешни врски
уреди- Црква „Сите Светители“ - Лешани на Ризницата ?