Филип Ристески
Филип Сидоров Ристески (1918 во Лешани, Охридско — 6 октомври 1943 во Кленоец, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиФилип Сидоров Ристески е роден во селото Лешани. Се занимавал со земјоделие. Кон НОБ доброволно се соединил во јули 1943 година. најпрвин во партизанскиот одред Даме Груев, а потоа во составот на Првиот македонски баталјон Мирче Ацев. Загинува во борбите против балистите кај селото Кленоец, на 6 октомври 1943 година.[1]