Градиште (Лешани)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Градиште“
| |
Местоположба | 41°17′02″N 20°52′51″E / 41.28389° СГШ; 20.88083° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Лешани |
Општина | Дебрца |
Тип |
|
Период | бронзено време |
Портал „Археологија“ |
Градиште — археолошко наоѓалиште во охридското село Лешани, Општина Дебрца. Претставува утврдена населба од бронзено време.
Се наоѓа на 2 км (воздушна линија) североисточно од селото, на доминантниот потег од планината што се протега меѓу Лешани и Велмеј во правец североисток-југозапад. На зарамнетиот врв се забележуваат повеќе грамади од камен, како и остатоци од два ѕида терасесто поставени, кои образуваат елипсовиден простор. На јужната страна од зарамнетото плато се забележуваат остатоци од ѕид со ширина од 1,7 м. Површината на теренот е карпеста како последица на излоканоста од атмосферските влијанија. Ретко се среќаваат фрагменти од керамика.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 250. ISBN 9989-649-28-6.