Суперкуп на УЕФА 2020

Суперкуп на УЕФА 2020 било 45. издание на Суперкупот на УЕФА, годишниот фудбалски натпревар помеѓу победниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, двете најсилни европски клупски натпреварувања организирани од страна на УЕФА.

Суперкуп на УЕФА 2020
по продолженија
Датум24 септември 2020
СтадионПушкаш Арена, Будимпешта
Играч на
натпреварот
Томас Милер
(Бајерн Минхен)[1]
СудијаАнглија Антони Тејлор[2]
Гледачи15,180[3]
2019
2021

Во овој Суперкуп се сретнале екипите на Бајерн Минхен, победник на Лигата на шампионите 2019-2020, и Севиља, победник на Лига Европа 2019-2020. Натпреварот се одиграл на Пушкаш Арена во Будимпешта, Унгарија на 24 септември 2020.[4]

Првично, натпреварот бил закажан да се игра на Драгао во Порто, Португалија, на 12 август 2020 година;[5][6] сепак, откако пандемијата на COVID-19 предизвикала одложување на завршницата на Европските клупски турнири од претходната сезона, Извршниот комитет на УЕФА избрал да го додели презакажаното Финале на Лигата на шампионите на Португалија и го премести Суперкупот во Будимпешта.[7][8]

Бајерн Минхен го освоил Суперкупот на УЕФА, победувајќи ја Севиља со 2-1 по продолженија. Головите за победничкиот тим ги постигнале Леон Горецка и Хави Мартинес, додека стрелец за Севиља бил Лукас Окампос од пенал.[1]

Екипи

уреди
Екипа Пласиран како Претходни учества
    Бајерн Минхен Победник во УЕФА Лига на шампиони 2019/20 4 (1975, 1976, 2001, 2013)
    Севиља Победник на УЕФА Лига Европа 2019/20 5 (2006, 2007, 2014, 2015, 2016)

Белешка: Со задебелени бројки се напишани годините кога екипата го освоила натпреварувањето.

Натпревар

уреди

Преглед на натпреварот

уреди

По 13 минути на Севиља и бил досуден пенал, кога Иван Ракитиќ бил непрописно блокиран и повален на земја во казнениот простор од Давид Алаба. Лукас Окампос бил сигурен реализатор на пеналот, шутирајќи во левиот долен агол за да ги доведе шпанците во водство. Во 34-тата минута Бајерн Минхен изедначил на 1-1 со голот на Леон Горецка, по повратната топка од Роберт Левандовски.[9] Натпреварот отишол во продолженија, каде замената Хави Мартинес, го постигнал победничкиот гол за Бајерн во 104-тата минута со удар со глава откако претходно голманот на Севиља Јасин Буну ја одбил топката во поле.[10]

Детали

уреди

Победникот во Лигата на шампионите се водел како домаќин поради административни причини.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
Бајерн Минхен
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Севиља
GK 1   Мануел Нојер  
RB 5   Бенжамен Павар
CB 21   Лукас Ернандес   90+1'   99'
CB 4   Никлас Зиле
LB 27   Давид Алаба   12'   112'
CM 18   Леон Горецка   99'
CM 6   Јозуа Кимих
RW 10   Лерој Сане   70'
AM 25   Томас Милер
LW 7   Серж Гнабри
CF 9   Роберт Левандовски
Замени:
GK 26   Свен Улрајх
GK 35   Александер Нибел
DF 17   Џером Боатенг   112'
DF 41   Крис Ричардс
MF 8   Хави Мартинес   99'
MF 11   Микаел Кјуизанс
MF 19   Алфонсо Дејвис   99'
MF 24   Корентан Толисо   70'
MF 30   Адријан Феин
MF 40   Милик Тилман
MF 42   Џамал Мусиала
FW 14   Џошуа Зиркзе
Тренер:
  Ханс-Дитер Флик
 
GK 13   Јасин Буну
RB 16   Хесус Навас  
CB 20   Диего Карлос
CB 12   Жил Кунде   55'
LB 18   Серхио Ескудеро   119'
CM 8   Жоан Жордан   45+1'   94'
CM 25   Фернандо   70'
CM 10   Иван Ракитиќ   56'
RF 7   Сусо   73'
CF 9   Лук де Јонг   56'
LF 5   Лукас Окампос
Замени:
GK 1   Томаш Вацлик
GK 31   Хави Дијас
DF 3   Серхи Гомес
MF 6   Немања Гудељ   73'
MF 14   Оскар
MF 19   Марко Акуња
MF 21   Оливер Торес   56'
MF 22   Франко Васкес   94'
FW 11   Мунир
FW 15   Јусеф Ен-Несири   56'
FW 24   Карлос Фернандес
FW 29   Брајан Хил
Тренер:
  Хулен Лопетеги

Играч на натпреварот:
Томас Милер (Бајерн Минхен)[1]

Помошни судии:[2]
  Гари Бесвик
  Адам Нан
Четврти судија:[2]
  Орел Гринфелд
Video assistant referee:[2]
  Стјуарт Атвел
Помошен video assistant referee:[2]
  Пол Тирни

Правила на натпреварот[11]

  • 90 минути
  • 30 минути продолженија ако е потребно
  • Изведување пенали ако резултатот и понатаму е нерешен
  • Максимално 12 играчи на клупа
  • Максимално три замени, со можност за четврта ако се играат продолженија

Екипа победник

уреди
Победник на Суперкупот на УЕФА 2020

 

Бајерн Минхен
2. титула

 

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Bayern win Super Cup: Javi Martínez heads extra-time winner against Sevilla“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 24 September 2020. Посетено на 24 September 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Anthony Taylor to referee 2020 UEFA Super Cup“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 15 September 2020. Посетено на 15 September 2020.
  3. 3,0 3,1 „Full Time Report Final – Bayern Munich v Sevilla“ (PDF). UEFA.com. Union of European Football Associations. 24 September 2020. Посетено на 24 September 2020.
  4. „2020 Super Cup: all you need to know“. UEFA.com. 23 August 2020.
  5. „Istanbul to host 2020 UEFA Champions League Final“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 24 May 2018. Посетено на 24 May 2018.
  6. „2020/21 UEFA Champions League match calendar“. Union of European Football Associations. 24 September 2019.
  7. „UEFA competitions to resume in August“. UEFA.com. Union of European Football Associations. 17 June 2020. Посетено на 17 June 2020.
  8. „2020 UEFA Super Cup: new date and venue“. UEFA.com. 17 June 2020.
  9. „Javi Martínez's extra-time header wins Super Cup for Bayern against Sevilla“. Guardian. 24 September 2020. Посетено на 25 September 2020.
  10. „Bayern Munich 2 Sevilla 1“. BBC Sport. 24 September 2020. Посетено на 25 September 2020.
  11. „Regulations of the UEFA Super Cup: 2020“ (PDF). UEFA.com. Union of European Football Associations. 2020. Архивирано од изворникот 25 August 2020. Посетено на 25 August 2020.

Надворешни врски

уреди