Виница

град во Македонија
(Пренасочено од Град Виница)

Виницаград во источниот дел на Македонија, сместен во југоисточниот дел на Кочанската Котлина и центар на Општина Виница.

Виница
Град
Поглед на Виница од Виничкото Кале
Поглед на Виница од Виничкото Кале
Знаме на ВиницаГрб на Виница
Виница is located in Македонија
Виница
Виница
Местоположба на Виница во Македонија
Координати: 41°52′00″N 22°30′00″E / 41.86667° СГШ; 22.50000° ИГД / 41.86667; 22.50000
ДржаваРепублика Македонија
РегионИсточен Регион
ОпштинаОпштина Виница
Управа
 • ГрадоначалникМиле Петков (ВМРО-ДПМНЕ)
Надм. вис.&10000000000000400000000400 м
Население (2021)
 • Вкупно8,584
Час. појасUTC+1
 • Лето (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Повик. бр.+389 033
Рег. таб.VI
Мреж. местоhttp://www.vinica.gov.mk

Потекло на името

уреди

Според најновите истражувања името на градот Виница уште не е во целост разјаснето. Во јавноста погрешно беа толкувани записите од теракотните икони, во кои името Виница се поврзуваше со името Винеа.

 
Новиот плоштад во Виница

Радмило Петрович во трудот Армонија Латина дал своји толкувања со проблемот на локализирање на градовите Астибо, Келендин, Армонија, Запара и Транупара. Посебно внимание обраќа на местоположбата на градот Армонија за кој смета дека е градот Виница, над кој како фортификација се издига Виничко Кале. Според него името на градот е од тракиско потекло, кое Турците кога дошле во овие простори го измениле, бидејќи не го знаеле вистинското значење на името на градот, тие го поврзале со најсличниот турски збор - Арамија (некој шо прави лоши дела). Подоцна непосредно бил преведен на локалниот јазик со исто значење Виница - Вина.[1]

Маријан Јованов во своето излагање Културно наследство дава толкување за името на градот. Според различните толкувања за правецот на патот Стоби - Пауталија, тргнувајќи од оригиналната варијанта на картата Табула Путенгеријана, која била корегирана во 1916 и во неа биле недоследно заменети местоположбите на Астибо и Транупара и според најновите археолошки откритија во Делчево, тој смета, дека под бројните ранохристијански остатоци требе да се бара Транупара, а на Виничкото кале античкиот град Астибо.

Неговото објаснување го аргументира; ако Транупара ја лоциравме во Крупиште, следните 20 милји по Табулата не доведуваат на местоположба на денешна Виница. Овде на наоѓалиштето Кале се наоѓаат маркантни наоди од укрепена населба од раноантичко време, која зафаќа површина од 3,5 хектари (денес веќе 11 хектари). Камените дробилки за руда зборуваат ѕа рудничко - металушка дејност, како причина за подигање на раноантичка населба на ова наоѓалиште, а сребрените тетрадрахми на Филип 2 укажуваат на неговото датирање. Во 4 век оваа населба добила бедеми градени со малтер, а во 6 век и раниот среден век добила уште повеќе на значење, прераснувајќи во еден културен центар за што сведочат бројните базилики. Следејки ги растојанијата на Табулата и археолошките остаотоци на теренот, на ова наоѓалиште би требало да се наоѓа станицата Астибо.[2]

Според локалната легенда името настанало во период од неколку сушни години кога наместо со вода, куќите биле градени со вино.

Историја

уреди
 
Теракотна икона 41-ви псалм Давидов, V-VI век

Подрачјето на Виница било населено во времето на неолитот (од 12 до 6 век п.н.е.), според пронајдените материјали од Виничко Кале и околните археолошки наоѓалишта. Во антиката, подрачјето го населиле Пејонците. Сегашниот град потекнува од Византиска тврдина, која била центар на производство со вино. Лозните насади на виничкиот рид биле напуштени по 1980 кога поактивно започнале археолошките истражувања.[3]

Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население во вилаетот Кратово 1618 - 1619 година, е забележано како село Виниче со 55 домаќинства.[4] Во списокот на селата на немуслиманските домаќинства во истиот вилает од 1637 година, регистрирани се 31 домаќинство во Виниче.[5]

Евлија Челебија во втората половина на 17 век, за ова мало место забележал: „Патувајќи четири часа низ гори и планини, пристигнав во Виница, познато место по големиот пазар на земјоделско-сточарски производи. Местото го викаат Јени-пазар (Нов-пазар)“. Поради овој голем и богат пазар со стока, кој инаку се одржувал секоја недела, Виница подолг период била именувана токму во белешките на Челебија.

 
Виница во почетокот на XX век

Како поголема селска населба се развила во XIX век кога била формирана чаршијата и кога станала трговски и пазарен центар за селата од левата страна на Брегалница. Богатиот сточен пазар и одржувањето на два панаѓури годишно овозможило во населбата да постојат покрај повеќето трговски и занаетчиски дуќани и 10 анови. Како резултат на економскиот подем во 1858 година во Виница била изградена голема и убава црква посветена на св. Арахангел Михаил. Во 1870 година, Виница имала 200 куќи со околу илјада жители. Во годините од 1894 до 1897 година Виница, во периодот од активностите на револуционерната организација на Македонија, служела како главен пункт и канал на Тајната македонско-одринска револуционерна организација (ТМОРО), но и како складиште за оружје и муниција и архивски материјали. Во Виница од 1897 година, луѓе кои немале заеднички идеи со револуционерното дело на организацијата, влегле во Виница, ја нападнале куќата на Ќазим-ага. Оваа бандитска група ја ограбила куќата на агата, а него го убила. Веднаш по овој настан, Турците ја провалиле Организацијата, додека над стотина жители од Виница и околните места биле заробени, измачувани и испратени во заточеништво. Овој настан во историјата на Македонија е познат како „Виничка афера“.[6]

Населението во Виница стагнирало сè до крајот на Втората светска војна, за потоа да почне да се наголемува, а најголем пораст забележало во периодот по 1971 година кога населбата била прогласена за град.

Местоположба

уреди
 
Црквата „Св. Архангел Михаил“

Градот Виница се наоѓа во подножјето на планината Плачковица, помеѓу планините Голак и Обозна, во југоисточниот дел на Кочанскaта Котлина, на северниот брег на реката Брегалница, на 395 метри надморска височина. Градот е оддалечен 11,5 километри југоисточно од најблискиот град Кочани, 38 километри југозападно од Делчево, 40 километри североисточно од Штип и 43 километри северозападно од Берово. Низ градот течат и повеќе помали реки, меѓу нив и реките Виничка и Градечка. Градот Виница е познат по историската римска тврдинаВиничка тврдина, која се наоѓа на ридот над градот. Во неа се пронајдени познатите ранохристијански теракотни икони.

Култура

уреди
Културни манифестации
  • Меѓународен филклорен фестивал „Истибанско Здравоживо“
  • Фестивал на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“

Во Виница има две основни училишта ОУ „Славчо Стојменски“ и ОУ „Гоце Делчев“, едно средно училиште СОУ „Ванчо Прке“ и градската библиотека „Ванчо Прке“ која е изградена во 1946. Во градот дејствува и домот на културата „Тошо Арсов“ кој е центар на сите културни случувања, кино сала, детска градинка, здравствен дом, базен, метеоролошка станица, музеј „Теракота“ и центар за образование на деца и млади. Во гардот има три православни цркви, градската црква посветена на “Св.Архангел Михаил„, црквата “Св. Јоаким„ во Јакимово и црквата во изградба „Св. Апостол и Евангелист Лука“. Заштитник на градот Виница е Свети Павле, на кого има посветено параклис пред општинската зграда. Во Виница дејствуваат две музички групи, Распеани Виничани, Јана, и фолклорна група Китка.[7][8]

Во околината на Виница и во самиот град постојат следниве археолошки наоѓалишта:

 
Панорама на Виница

Население

уреди

Според отоманските документи од 1618 година, во селото Виница имало 55 домаќинства.[4]

Списокот на немуслимански домаќинства од 1637 за истото село е 31 домаќинство.[5]

Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов во 1900 година Виница имала 1320 жители од кои 840 Македонци христијани и 300 Турци.[9]

Според останатите бугарски извори во 1905, Виница имала 944 жители Македонци христијани, а во 1916, населението броело 1114 жители, од кои 681 Македонец, 250 Турци и 183 Роми муслимани.[10][11]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.150 Македонци, 100 Турци, 100 Власи и 200 други жители.[12]

Во 1971 бројот на населението во Виница бил 5.993 жители, во 1981, 8.494 жители, а во 1991 во градот имало 10.424 жители.[13]

Според пописот на населението од 2002, Виница имала 10.863 жители.[14]

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 10.863 жители и спаѓал во групата на средни градови.[15] Етнички гледано, населението е составено од:[16]

Етнички групи[16]
Македонци
  
85,11 %
Роми
  
11,13 %
Турци
  
2,36 %
Власи
  
1,02 %
други
  
0,19 %
Срби
  
0,18 %
Народ Вкупно Удел (%)
Македонци 9.246 85,11
Турци 256 2,36
Роми 1.209 11,13
Власи 111 1,02
Срби 20 0,18
други 21 0,19
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[16]:

Јазици[16]
македонски
  
85,52 %
ромски
  
10,65 %
турски
  
2,58 %
влашки
  
0,85 %
други
  
0,25 %
српски
  
0,16 %
Јазик Вкупно Удел (%)
македонски 9.290 85,52
турски 280 2,58
ромски 1.157 10,65
влашки 92 0,85
српски 17 0,16
други 27 0,25
Вероисповед

Во Виница се застапени следните религиски групи[16]:

Религија[16]
православие
  
82,75 %
ислам
  
12,24 %
други
  
3,73 %
католицизам
  
0,09 %
протестантство
  
0,06 %
Вероисповед Вкупно Удел (%)
православни 8.989 82,75
муслимани 1.452 12,24
католици 10 0,09
протестанти 7 0,06
други 405 3,73

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Виница:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19482.568—    
19533.042+18.5%
19614.048+33.1%
19715.993+48.0%
19818.458+41.1%
ГодинаНас.±%
199110.364+22.5%
19949.971−3.8%
200210.863+8.9%
20218.584−21.0%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 2.568
1953 2.420 3 119 399 55 11 35 3.042
1961 3.388 0 201 20 439 4.048
1971 4.953 6 241 608 19 166 5.993
1981 6.986 0 248 1.044 96 32 52 8.458
1991 8.647 1 247 1.291 116 25 37 10.364
1994 8.687 0 217 885 128 27 27 9.971
2002 9.246 0 256 1.209 111 20 0 21 10.863
2021 6.769 2 165 581 77 14 0 50 926 8.584

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Стопанство

уреди

Главни гранки на стопанството во Виница се земјоделството и текстилната индустрија. Најмногу се одгледува житната култура ориз, која е значителна за Виничко-кочанската Котлина. Во минатото населението се занимавало со одгледување на грозје и производство на вино. Од индустриските гранки најзастапени се текстилната и мебелната индустрија, а во Виница има и фабрика за призводство на земјоделска механизација „Агро Бар“ и фабрика за покривен цреп „Тондах“. Меѓу поголемите претпријатија се „Виничанка“, „Винка“, „Трико“, „Треска“ и „Мебел-Ви“. Во градот има голем број на продавници, кафулиња, ресторани, ноќен клуб и три хотели.

Според општинскиот гласник, во Виница има 4.000 вработени лица.

Природни богатства

уреди

Градот располага со богат растителен и животински свет. Подрачјето овозможува одгледување на култури, како што се оризот, пченицата и пченката, а во повисоките подрачја е богат со пасишта и шуми. Градот има богати насади со дрво од вид топол и орев. Виница е богата со термоминерални води, а подрачјето на градот Виница содржи голем број минерали, како шо са: интрузивните камења-гранит, кварцот, фелдспатот, глината, карбонатот (лапорец), азбестот и железото.

  • Шуми 21,732 ХА
  • Пасишта 11,894 ХА
  • Обработлива површина 9,341 ХА

Медиуми

уреди

Во Виница има и една радио станица, “Радио Лакоста“.

Спорт

уреди

Виница има еден фудбалски клуб, кој бил формиран во 1934 г, под името „Плачковица“. Клубот подоцна се викал Слога Виница, а денеска се вика „ФК Слога 1934“. Во Виница има и Кошаркарски клуб „Славчо Стојменски“, карате клуб „Блатец“ и бадмингтонски клуб „Винчини“. Градот поседува спортска сала, стадион, и градско капалиште со два базени.

Виница беше домаќин на младинското светско првенство во ракомет за жени, кое се одржа од 21 јули до 3 август 2008 година.

Личности

уреди

Збратимени градови

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Р.Петрович,2001,8-15
  2. Марјан Јованов, 2002
  3. „Историја на Виница“. Архивирано од изворникот на 2009-05-02. Посетено на 2009-04-27.
  4. 4,0 4,1 Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, стр. 253.
  5. 5,0 5,1 Турски извори за българската история (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13, София 2001, стр. 52.
  6. Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр. 19
  7. Vinica info
  8. „Информативно гласило на општина Виница“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-05-09. Посетено на 2009-05-01.
  9. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 226.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 132-133.
  11. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
  12. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  13. „стр. 34, податоци од државниот завод за статистика“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-06-29. Посетено на 2012-05-19.
  14. „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2008-09-15.
  15. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 март 2016.
  17. У День Європи у Вінниці було підписано дві угоди – з македонським містом Віницею та Сташівським повітом (украински)
  18. Општина Виница на Фејсбук

Литература

уреди
  • Ѓорѓи Малковски „Виница и Виничко: монографија“, Виница, 1998.

Надворешни врски

уреди
Одредници од Виница
Кочани Истибања
 
Делчево
Зрновци
  С  
З   И
  Ј  
Тработивиште
Градец