Детска градинка
Детска градинка, градинка[1][2] или забавиште[3][4] — предучилишна установа чија цел е воспитување, грижа и старателство на деца до шестгодишна возраст. Целта на градинката е да го подготви детето за основно училиште, да научи да општи, да склопува пријателства, да се забавува и да научи основни работи за животот.
Градинката (киндергартен) е предучилишен образовен пристап заснован на игра, пеење, практични дејности како што се цртање и социјална интеракција како дел од преминот од дома на училиште. Ваквите институции првично биле создадени на крајот на 18 век во Баварија и Стразбур за да им служат на децата чии двајца родители работеле надвор од домот. Поимот бил скован од Германецот Фридрих Фребел, чиј пристап имал глобално влијание врз раното образование. Го отворил првиот „киндергартен“, што во превод значи „детска градинка“.[5] Целта беше децата да се негуваат како вистински растенија во градина, па оттука и името на установата. Денес, поимот се користи во многу земји за да опише различни образовни институции и простори за учење за деца на возраст од две до седум години, врз основа на различни методи на учење.
Историја
уредиВо 1779 година Јохан Фридрих Оберлин и Луиса Шеплер основале рана установа во Стразбур за грижа на деца од предучилишна возраст чии родители биле отсутни преку ден.[6] Отприлика во исто време, во 1780 година слични институции за деца биле основани во Баварија.[7]
Во 1816 година Роберт Овен, филозоф и педагог, го отворил првото британско и веројатно првото светско забавиште во Ланарк, Шкотска.[8][9][10] Овен сакал децата да добијат добро морално образование за да можат да работат. Неговиот систем бил успешен во создавањето послушни деца со основна писменост и сметање.[11]
Самуел Вилдерспин отворил забавиште во Лондон во 1819 година,[12] и продолжил да отвора уште стотици. Објавил многу дела на оваа тема, а неговата работа станала модел за образовните училишта низ Англија и пошироко. Играта била важен дел од системот на образование на Вилдерспин. Во 1823 година, Вилдерспин го објавил „За важноста на образованието на сиромашно, мало дете“, заснован на систем на училиште. Следната година почнал да работи во детското училишно друштво, информирајќи ги другите за своите ставови. Тој го напишал и „Систем за мало дете“ за развој на физичка, интелектуална и морална моќ на сите деца од 1 до 7 години.
Ширење
уредиГрофицата Терезија Брунсзвик (1775-1861) била под влијание на Јохан Хајнрих Песталоци. На 27 мај 1828 година, во нејзината резиденција во Будимпешта, таа ја отворила „ангелската градина“, која била прва од единаесетте установи за грижа за мали деца што таа ги основала.[13][14] Во 1836 година отворила институт за основање на предучилишни установи. Идејата станала популарна меѓу благородништвото и средната класа и била следена низ Кралството Унгарија.
Фридрих Фребел (1782-1852) во 1837 година во Бад Бланкенбург го отворил заводот „игра и активност“ како опитно општествено искуство за децата на предучилишна возраст. На 28 јуни 1840 година, го преименувал својот завод во предучилишна установа, што го одразувало неговото верување дека децата треба да се негуваат „како билки во градина“.[15] Официјално ја отворил градинката за прославата на 400-годишнината од пронаоѓањето на печатената книга од страна на Јохан Гутенберг.
Жените обучени од Фробел отвориле градинки низ цела Европа и светот. Првата детска градинка во САД е основана во 1856 година. На германски јазик го водела Маргарета Мајер Шурц (сопруга на државникот Карл Шурц) во градот Вотертаун во државата Висконсин.[16] Од 1873 година оваа установа работела како јавна.
Елизабет Пибоди ја основала првата градинка на англиски јазик во САД во 1860 година. Првата бесплатна градинка во САД ја основал во 1870 година Конрад Попенхузен, германски индустријалец и човекољубец, кој исто така го основал Институтот Попенхузен. Првата јавно финансирана детска градинка во Соединетите Држави била основана во Сент Луис во 1873 година од Сузан Блоу.
Првата приватна детска градинка во Канада била отворена во Шарлоттаун, на островот Принц Едвард, во 1870 година. До крајот на десетлетието, биле воспоставени во поголемите канадски градови.[17][18] Во 1882 година во Берлин, во Онтарио (модерен Киченер), биле основани првите државни детски градинки во земјата.[19] Во 1885 година, училиштето во Торонто (Обука за наставници) отворило одделение за предучилишно образование.
Елизабет Харисон опширно пишувала за теоријата за образование во раното детство и работела на подобрување на образовните стандарди за наставниците во градинка со основање на Националниот колеџ за образование во 1886 година.
Прва градинка во Македонија
уредиПрвата градинка во Македонија официјално била отворена на 6 февруари 1945 година под името „Први стапки“ во Првиот скопски реон, Општина Идадија. Отворањето на установата го означува почетокот на организираното предучилишно воспитание во Македонија. Во неа работеле две жени домаќинки, храната ја подготвувало едно лице, имало еден чувар и две хигиеничарки. На почетокот градинката згрижувала 10 деца, но набрзо бројот пораснал на 40. Градинката „Први стапки“ работела од 6 часот наутро до 18 часот навечер. Децата имале појадок, ручек и ужина и спиеле 1 до 2 часа. Во 1946 година градинката го добила името на македонскиот херој Орце Николов.[20]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „градинка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „градинка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „забавиште“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „забавиште“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ The term was coined in the metaphorical sense of „place where children can grow in a natural way”, not in the literal sense of having a „garden”.
- ↑ Samuel Lorenzo Knapp (1843), Female biography; containing notices of distinguished women, in different nations and ages. Philadelphia: Thomas Wardle. p. 230.
- ↑ Manfred Berger, „Kurze Chronik der ehemaligen und gegenwärtigen Ausbildungsstätten für Kleinkindlehrerinnen, Kindergärtnerinnen, Hortnerinnen … und ErzieherInnen in Bayern” Архивирано на 4 септември 2013. in „Das Kita-Handbuch”, ed. Martin R. Textor
- ↑ Vag, Otto (март 1975). „The Influence of the English Infant School in Hungary“. International Journal of Early Childhood. Springer. 7 (1): 132–136. doi:10.1007/bf03175934.
- ↑ „New Lanark Kids“. Архивирано од изворникот на 15 август 2010. Посетено на 21 април 2019.
- ↑ „infed.org – Education in Robert Owen's new society: the New Lanark institute and schools“. infed.org.
- ↑ „Socialist – Courier: Robert Owen and New Lanark“. Socialist-courier.blogspot.co.uk. Посетено на 21 април 2019.
- ↑ Wilderspin, Samuel (1823). The Importance of Educating the Infant Poor. London. стр. 3.
- ↑ Budapest Lexikon, 1993
- ↑ Public Preschool Education In Hungary: A Historical Survey, 1980
- ↑ Kinder bilden Sprache - Sprache bildet Kinder: Sprachentwicklung und Sprachförderung in Kindertagesstätten ; [anlässlich des Landeskongresses "Kinder Bilden Sprache - Sprache Bildet Kinder" am 4. November 2008 in Recklinghausen]. Waxmann Verlag. 2009. стр. 24. ISBN 978-3-8309-7192-4.
- ↑ Watertown Historical Society
- ↑ Olsen, M.I. 1955. „The development of play schools and kindergartens and an analysis of a sampling of these institutions in Alberta. Master’s thesis, University of Alberta.”
- ↑ Larry Prochner, „A History of Early Education and Child Care in Canada, 1820—1966” in Early Childhood Care and Education in Canada (eds. Larry Prochner and Nina Howe), Vancouver: UBC Press, 2000
- ↑ Larry Prochner, History of Early Childhood Education in Canada, Australia and New Zealand, UBC Press 2009
- ↑ Јачевска, Сања (7.2.2022). „Најстарата градинка во Македонија наполни 77 години“. деца.мк. Посетено на 24 декември 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Надворешни врски
уреди- Sources for kindergarten teachers in the US
- Friedrich Fröbel timeline
- Recent Research on All-Day Kindergarten in the US Архивирано на 1 декември 2022 г.
- Kindersite Project — Researching into the use of technology within Kindergartens with Kindergarten-appropriate Internet content
- Watch the 1962 documentary Kindergarten