Склад,[1][2] складиште[3][4] или магацин[5][6] — просторија или зграда (комплекс) наменета за складирање на стоки и драгоцености. Ја врши должноста на натрупување резерви на материјални средства неопходни за обезбедување на промени во побарувачката и понудата на трговиштето, како и синхронизација на брзината на протокот на товарот.

Современ магацин со палети

Има производни, воени, сезонски и други видови складови. Според друг критериум, тие можат да се поделат на затворени, полузатворени и отворени.

Историја

уреди

Праисторија и древна историја

уреди

Пред современите магацини, древните општества складирале дополнителна храна во јами или дворски складишта како оние што се наоѓаат во Кносос. Колин Ренфру, археолог, претполагал дека складирањето на земјоделски вишок во минојските дворци од бронзеното време играло клучна улога во развојот на раната државна власт.[7]

Наводи

уреди
  1. „склад“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „склад“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „складиште“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „складиште“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „магацин“Дигитален речник на македонскиот јазик
  6. „магацин“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  7. Renfrew, Colin (1972). The Emergence of Civilisation: The Cyclades and the Aegean in the Third Millennium BC. London: Methuen. ISBN 0-416-16480-3.

Надворешни врски

уреди