Механизација
Механизација е употребата на машини како замена за човечка или животинска сила или употребата на мотори и погони за извршување на задачи од физикален карактер. Употребата на рачни алатки не спаѓа во механизација.
Изразот највеќе се користи во индустријата и земјоделството. Со примената на погонски алатки како дребунг на парен погон, времетраењето на извршување на задачите драстично се намалило, с со тао се зголемила и продуктивноста. Денес многу мал дел од изградбата на било што се врши рачно.
Воена употреба
уредиТерминот се употребува и кај војската за гасеничарски оклопни возила, особено оклопни транспортери, за превоз на војска кој аинаку би марширала или би се возела во камиони. Механизацијата исто така дтрастично ја подобрила подвижноста и борбената способност на пешадијата. Кај вооружените сили на индустријализираните земји, обично пешадијата е механизирана во целост, можеби со исклучок на воздухопловните сили.