Астибо
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Според картата Појтингерова табла (Tabula Peutingeriana) од крајот на IV век), прва станица на античкиот пат Стоби – Пауталија (Ќустендил) – Сердика (Софија) е населбата Астибо сместена до самата река која го носела истото име.
Астибо бил урбана градска населба која егзистирала во раноримскиот период од I - III век. Теренот на кој била сместена населбата претставува седишна положба на просторот по средниот тек на реката Брегалница со широки видици кон коритата на реките Брегалница и Отиња како и Овчеполскиот и Лакавичкиот крај.
Градската населба ги зафаќала стариот дел од денешниот град Штип, Стар Конак и локацијата Исар.
Од многубројните материјални остатоци од античкиот Астибо како најкарактеристични се обработените мермерни блокови, столбови и капители, како и друга архитектонско декоративна пластика од античките храмови. Особено значајни наоди се фрагментираните мермерни скулптури од грчко-римскиот пантеон, војнички и коњанички статуи, мермерна глава на млад човек и портрет на постар човек.
Астибо својот највисок домет го достигнува при крајот на II и првата половина на III век. Во втората половина на III век варварските племиња, особено Готите во 268 и 269 година продираат од север и ги пустошат населбите и градовите. Во овие уривачки налети страдал и градот Астибо.
Континуитетот на живеење на овој простор сепак не е прекинат. Населбата егзистирала и во доцноантичкиот и рановизантискиот период под името Стипион, а во средниот век го добива словенското име Штип.
Надворешни врски
уреди- Астибо на порталот на Општина Штип