Били Џоел
Вилијам Мартин Џоел (англ. William Martin Joel; роден на 9 мај 1949 година) ― американски пејач, текстописец и пијанист. Со продадени над 160 милиони албуми на светско ниво,[4] тој е меѓу најуспешните соло-пејачи на сите времиња. Неговиот компилациски албум од 1985 година, Greatest Hits – Volume I & Volume II, бил еден од најпродаваните албуми во Соединетите Американски Држави.[5] Неговите песни се комбинација на поп и рок, а негови најголеми хитови се: „Piano Man“, „Just the Way You Are“, „Uptown Girl“, „We Didn't Start the Fire“ и „Vienna“.
Били Џоел | |
---|---|
Били Џоел во 2009 | |
Роден(а) | Вилијам Мартин Џоел 9 мај 1949 Њујорк, САД |
Други имиња | The Piano Man |
Занимање |
|
Активен период | 1964–денес |
Сопружник |
|
Деца | 3 Музичка кариера |
Жанрови | |
Инструменти |
|
Издавачи | |
Потпис | |
Страница billyjoel.com |
Во 1987 година, Били Џоел станал еден од првите музичари кои имале рок-турнеја во Советскиот Сојуз. Бил номиниран за 23 Греми награди, а освоил 6. Џоел бил примен во Куќата на славните на текстописците во 1992 година, во Куќата на славните на рокенролот во 1999 година[6] и во Куќата на славата на музиката од Лонг Ајленд во 2006 година. Во 2013 добил признание од Кенедивиот центар.[7]
Рани години и образование
уредиБили Џоел бил роден на 9 мај 1949 година во Бронкс во Њујорк. Кога имал една година, неговото семејство се преселило во градот Ојстер Беј, предградие на Лонг Ајленд, каде што го поминал детството.
Неговата мајка, Розалинд (1922–2014),[8] била родена во Бруклин и потекнувала од еврејско семејство од Англија.[9] Татко му, Хауард Џоел (роден Хелмут Јоел) (1923–2011), бил пијанист[10][11] роден во Нирнберг[11] во еврејско семејство кое за да избега од нацистичкиот режим, прво се преселило во Швајцарија, а потоа преку Куба пристигнале во САД.[11]
Џоел, на инсистирање на неговата мајка, неволно почнал да зема часови по пијано на четиригодишна возраст. [10] Како тинејџер се занимавал со бокс за да може да се брани.[12] Успешно боксувал на аматерскиот боксерски турнир „Златни ракавици“, победувајќи во 22 меча, но се откажал од спортот откако му бил скршен носот во неговиот 24-ти меч.[13]
Џоел до 1967 година учел во средното училиште во Хиксвил.[10] Иако бил релативно добар ученик, на крајот од неговата последна година, немал доволно кредити за да матурира. Наместо да посетува летна школа за да добие диплома, Џоел решил да започне музичка кариера: „Им реков: По ѓаволите. Ако не одам на Универзитетот Колумбија, ќе одам во Колумбија рекордс, а за таму не ми треба диплома од средно образование“.[14] Во 1992 година, доставил есеи до училишниот одбор како замена за пропуштениот испит и добил диплома од средното училиште.[15]
Музичка кариера
уреди1964–1972: Почетоци и прв албум
уредиНа 16-годишна возраст, Џоел се придружил на Echoes,[16] група специјализирана за преработки на песни од музичарите од Британска инвазија. Џоел свирел на пијано на неколку нивни плочи. Свирел на демо-верзијата на „Leader of the Pack“, која станала најголем хит на Шангри-Лас.[17]
Кон крајот на 1965 година, Echoes го смениле името во Emeralds, а потоа во the Lost Souls. Џоел ја напуштил групата во 1967 година за да се приклучи на The Hassles, група од Лонг Ајленд која потпишала со United Artists Records.[18] Во текот на следната година и половина, тие објавиле четири сингла и два албума ( The Hassles и Hour of the Wolf ). Сите биле комерцијално неуспешни. Џоел и тапанарот Џон Смол ја напуштиле групата Хеслс во 1969 година за да го формираат дуото Attila, издавајќи го истоимениот деби албум во јули 1970 година. Дуото се распаднало следниот октомври кога Џоел започнал афера со сопругата на Смол, Елизабет. Двојката подоцна се венчала.[19]
Џоел потпишал договор со издавачката куќа Family Productions,[10][20] со која го снимил неговиот прв соло албум, Cold Spring Harbor;[20] албумот бил мастериран пребрзо и бил техничко и комерцијално разочарување.[21]
Во 1972 година Џоел потпишал договор со Columbia Records и се преселил во Лос Анџелес каде што живеел следните три години.[1][22] Шест месеци работел во пијано-барот The Executive Room под уметничкото име „Бил Мартин“.[10] Во овој период, Џоел ја компонирал неговата најпозната песна „Piano Man“.[23]
1973-1979: Пробив со песната „Piano Man“ и стекнување светска популарност
уредиПрв албум на Џоел со Колумбија бил Piano Man (1973). И покрај скромната продажба, насловната песна од албумот станала негова најпозната песна и со неа го завршувал речиси секој негов концерт.
Во 1974 година, Џоел го снимил вториот албум со Колумбија, Streetlife Serenade. Негов менаџер во тоа време бил Џон Трој, негов стар пријател од Њујорк; Трој наскоро бил заменет со сопругата од Џоел, Елизабет.[24] Иако Streetlife Serenade добил лоши оценки од критичарите,[25][26] албумот ги содржел песните „Los Angelenos“ и „Root Beer Rag“, кои често ги изведувал на концертите во живо во 1970-тите.
Разочаран од Лос Анџелес, Џоел се вратил во Њујорк во 1975 година и го снимил албумот Turnstiles, прв албум кој го снимил со музичари со кои бил на турнеја.
Преку Columbia Records Џоел се запознал со Фил Рамон, кој ги продуцирал сите негови студиски албуми од 1977 до 1986 година. <i id="mwAYE">The Stranger</i> (1977) забележал огромен комерцијален успех. Албумот стигнал до второ место на топ-листите и го надминал Bridge over Troubled Water од Simon & Garfunkel[27] како како најпродаван албум од Columbia. „Just the Way You Are“ (песна напишана за првата сопруга на Џоел, Елизабет Вебер)[28] била инспирирана од сон[29] и освоила Греми за запис на годината и песна на годината. Списанието Ролинг Стоун подоцна го ставило албумот The Stranger на 70-то место на списокот од 500 најдобри албуми на сите времиња.[30]
Во 1978 година Џоел го објавил албумот <i id="mwAak">52nd Street</i>, именуван по по 52-та улица во Менхетен, каде што било светското седиште на CBS/ Колумбија во време на објавување на албумот. Албумот бил продаден во над седум милиони примероци, а се искачил на прво место на топ-листите со хитовите: „My Life“, „Big Shoot“ и „Honesty“. 52nd Street, исто така, освоил Греми награди за најдобра поп вокална изведба од пејач и за албум на годината.
52nd Street бил прв комерцијално објавен албум на тогаш новиот формат на компактен диск, во 1982 година.[31]
1980–1989: Просолжување на успесите во 1980-тите
уредиАлбумот Glass Houses, Џоел го издал на 12 март 1980 година. Го содржел првиот сингл од Џоел кој се искачил на прво место на топ-листата за синглови од Билборд, „It's Still Rock and Roll to Me“. Во 1981 година, Џоел освоил Греми награда за најдобра машка рок вокална изведба за албумот.
Следното издание на Џоел, Songs in the Attic, било составено од изведби во живо на помалку познати песни од почетокот на неговата кариера. Албумот се продал во над 3 милиони примероци. Иако не бил успешен како некои од неговите претходни албуми, сепак Џоел го сметал за успех.[32]
Следниот бран во кариерата на Џоел започнал со снимањето на The Nylon Curtain. Џоел станал поамбициозен со пишувањето стихови; Џоел изјавил дека сакал албумот да ги пренесе неговите чувства за американскиот сон и како промените во американската политика за време на администрацијата на Реган значеле дека „одеднаш нема да можеш да го наследиш [начинот на живот] кој го имал твојот татко“.[33] Продуцирањето на албумот започнало во есента 1981 година, но било привремено одложено откако Џоел на 15 април 1982 година во тешка сообраќајна несреќа ги повредил рацете. Сепак, Џоел брзо се опоравил од повредите, а албумот бил одложен за само неколку месеци.[34]
Следниот албум на Џоел бил поведар за разлика од сериозните теми на The Nylon Curtain. An Innocent Man (1983) бил омаж на Џоел кон ритам и блуз и ду-воп музиката од 1950-тите и 1960-тите. Песната „Tell Her About It“ била прв сингл од албумот и се искачила на прво место место на топ-листата во САД.
Како втор сингл од албумот, во септември 1983 година, бил издаден „Uptown Girl“. Песната станала светски хит по нејзиното објавување. Музичкото видео за песната, напишана за неговата тогашна девојка Ел Мекферсон, ја прикажува Кристи Бринкли како девојка од високо општество која го носи нејзиниот автомобил во бензинската пумпа каде што работи ликот на Џоел. Како резултат на нивната соработка на снимањето на ова видео, тие започнале врска и во 1985 година склучиле брак.
Џоел учествувал во проектот „We Are the World“ организиран од САД за Африка во 1985 година.
На 1 јули 1985 година, Џоел го издал неговиот прв албум со најголеми хитови, Greatest Hits Vol. 1 and 2. Новите песни „You're Only Human (Second Wind)“ и „The Night Is Still Young“ биле снимени и објавени како синглови за поддршка на албумот. Greatest Hits бил многу успешен и подоцна со продажба од над 11,5 милиони продадени примероци (23 милиони единици) бил сертифициран со двоен дијамантски тираж од RIAA. Ова бил еден од најпродаваните албуми во американската музичка историја, според RIAA.
Следниот албум на Џоел, The Bridge (1986), не бил успешен како неговите претходни албуми.
Во октомври 1986 година, Џоел и неговиот тим почнале да планираат турнеја во Советскиот Сојуз. [35] Имал настапи во живо во затворени арени во Москва, Ленинград и Тбилиси. Руската турнеја на Џоел било прво емитување на рок-музика во живо на радио во советската историја.[36] Подоцна турнејата била често наведувана како едно од првите целосно поставени поп-рок концерти во Советскиот Сојуз, иако во реалноста други музичари претходно биле на турнеја во Советскиот Сојуз, вклучувајќи ги: Елтон Џон, Џејмс Тејлор и Бони Рејт.[37]
Албумот КОНЦЕРТ бил издаден во октомври 1987 година. Се проценува дека Џоел потрошил над еден милион американски долари свои пари на патувањата и концертите, но тој рекол дека добрата волја со која бил пречекан таму вредела за парите.[32]
Анимираниот филм „Оливер и компанија“ (1988) бил еден од ретките филмови во кои Џоел го позајмува гласот. Џоел, за филмот ја испеал и песната на неговиот лик „Why Should I Worry?“.
Снимањето на Storm Front, кое започнало во 1988 година, се совпаднало со големите промени во кариерата на Џоел. Во август 1989 година, непосредно пред издавањето на албумот, Џоел го отпуштил неговиот менаџер (и поранешен зет) Френк Вебер, поради финансиска проневера. Џоел потоа го тужел Вебер за 90 милиони американски долари поради измама и прекршување на доверителската должност, а во јануари 1990 година, на Џоел му биле доделени 2 милиони американски долари во парницата против Вебер.[38]
Првиот сингл од албумот, „We Didn't Start the Fire“, бил објавен во септември 1989 година и станал негов трет (и досега последен) сингл кој се искачил на прво место на американската топ-листа, поминувајќи две недели на врвот. Албумот Storm Front бил објавен во октомври и станал прв албум од Џоел на прво место на топ-листата за албуми од Билборд по албумот Glass Houses, издаден девет години претходно. За овој албум Џоел соработувал со Мик Џонс од Foreigner.
Албумот бил познат по песната „Leningrad“, напишана откако Џоел се запознал со кловн во истоимениот советски град за време на неговата турнеја во 1987 година и по песната „The Downeaster Alexa“, напишана за да ги нагласи маките на рибарите од Лонг Ајленд кои се едвај врзуваат крај со крај.
1990-Денес: Подоцнежна кариера
уредиВо 1993 година го објавил неговиот последен албум со оригинален поп-материјал, River of Dreams. Истоимениот прв сингл бил последен топ-10 хит на Џоел до денес. Покрај насловната песна, албумот ги содржел хитовите „All About Soul“ (со Color Me Badd како придружни вокали) и „Lullabye (Goodnight, My Angel) “, напишана за неговата ќерка Алекса.
Почнувајќи од 1994 година, Џоел имал интензивни турнеи со Елтон Џон насловени „Face to Face“, со што станале најдолготраен и најуспешен концертен тандем во историјата на поп-музиката.[39] Турнеите траеле до 2010 година.
Џоел и Кристи Бринкли на 13 април 1994 година објавиле дека се разделиле, а нивниот развод бил финализиран во август 1994 година. Двајцата останале пријатели.[40]
Албумот со најголеми хитови, Greatest Hits Volume III, ги содржел песните „To Make You Feel My Love“ (преработка на песна од Боб Дилан) и „Hey Girl“. Џоел ја напишал и ја снимил песната „Shameless“ која подоцна била снимена од Гарт Брукс и стигнала до прво место на Билбордовата кантри топ-листа. Џоел бил примен во Куќата на славните на рокенролот во 1999 година, а Реј Чарлс го одржал воведниот говор.
Во 2001 година, Џоел го издал албумот Fantasies & Delusions, збирка нумери за класично пијано компонирани од Џоел. Џоел често ги користел овие нумери како интермедија при настапите во живо. Албумот се искачил на врвот на топ-листите за класична музика.
На 7 јануари 2006 година, Џоел започнал турнеја низ САД. За време на турнејата имал 12 распродадени концерти во Медисон Сквер Гарден со што го соборил претходниот рекорд поставен од Брус Спрингстин, кој имал 10 распродадени концерти во истата арена. Поради овој рекорд, во арената бил повлечен дресот со број 12 на кој се наоѓа презимето на Џоел и бил прв случај број на дрес да биде повлечен во чест на личност кој не е спортист.
Следните неколку години Џоел бил на многу турнеи вклучувајќи ги: Обединетото Кралство, Италија, Јужна Африка, Австралија, Јапонија и САД.
Џоел најавил резидентни концерти во Медисон Сквер Гарден, при што на неодредено време ќе одржува по еден концерт месечно, почнувајќи од 27 јануари 2014 година.[41]
На 1 јуни 2023 година, Џоел објавил дека неговата резиденција во Медисон Сквер Гарден ќе заврши во јули 2024 година со неговиот 104-ти концерт, одбележувајќи го неговиот 150-ти концерт на тоа место во неговата кариера.[42]
На 1 февруари 2024 година, Џоел го објавил неговиот прв нов поп-сингл по неколкугодишна пауза (и негова втора поп-песна во период од повеќе од две децении), „Turn the Lights Back On“.[43][44]
Дискографија
уреди- Cold Spring Harbor (1971)
- Piano Man (1973)
- Streetlife Serenade (1974)
- Turnstiles (1976)
- The Stranger (1977)
- 52nd Street (1978)
- Glass Houses (1980)
- The Nylon Curtain (1982)
- An Innocent Man (1983)
- The Bridge (1986)
- Storm Front (1989)
- River of Dreams (1993)
- Fantasies & Delusions (2001), класични композиции
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Erlewine, Stephen Thomas (2006). „Billy Joel Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот на September 9, 2013. Посетено на December 7, 2008.
- ↑ 2,0 2,1 „Billy Joel's Concert History“. Concert Archives. Архивирано од изворникот November 8, 2020. Посетено на October 18, 2020.
- ↑ Johnstone, Andrew (February 6, 2015). „A General Guide to Soft Rock“. Rip It Up. Архивирано од изворникот на September 28, 2015. Посетено на January 26, 2017.
- ↑ Gamboa, Glenn (September 12, 2013). „Billy Joel named Kennedy Center honoree“. Newsday. Архивирано од изворникот на September 22, 2013. Посетено на October 15, 2013.
- ↑ „Top Selling Albums“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на June 4, 2011. Посетено на September 11, 2012.
- ↑ „Billy Joel“. Rock & Roll Hall of Fame (англиски). Архивирано од изворникот на October 8, 2016. Посетено на January 19, 2017.
- ↑ „Billy Joel“. The Kennedy Center.
- ↑ „Billy Joel's mom dies at 92“. Newsday. Архивирано од изворникот на September 22, 2020. Посетено на October 3, 2020.
- ↑ Bego, Mark (2007). Billy Joel: The Biography. Thunder's Mouth Press. стр. 13. ISBN 9781560259893.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 Error on call to Template:Cite interview: Parameter subject (or last) must be specified Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „CRose“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 11,0 11,1 11,2 „Billy Joel“. Here's The Thing. WNYC. July 30, 2012. Архивирано од изворникот (transcript) на August 4, 2012. Посетено на August 3, 2012.
I grew up on the Island, in the Levittown section of Hicksville. We had a Levitt house, Cape Cod, on the quarter acre. ... My father was a classically trained pianist. He grew up in Nuremberg, Germany, and he also went to school in Switzerland. His father was quite well off. They had a mail-order textile business, Joel Macht Fabrik ...
- ↑ „Billy Joel: The Piano Man In A New York State Of Mind“. KCBS-TV. December 17, 2013. Архивирано од изворникот на March 19, 2014. Посетено на March 19, 2014.
- ↑ „Billy Joel“. classicbands.com. 2007. Архивирано од изворникот на September 18, 2010. Посетено на October 6, 2008.
- ↑ Bordowitz, Hank (2006). Billy Joel: The Life and Times of an Angry Young Man. Billboard Books. стр. 22. ISBN 9780823082483.
- ↑ Brozan, Nadine (June 26, 1992). „Chronicle“. The New York Times. Архивирано од изворникот на May 14, 2013. Посетено на August 19, 2011.
- ↑ „Billy Joel Biography“. Sing365.com. Архивирано од изворникот на December 2, 2010. Посетено на November 2, 2010.
- ↑ Error on call to Template:Cite interview: Parameter subject (or last) must be specified
- ↑ Tamarkin, Jeff. „Joel, Billy“. Oxford Music Online. Oxford University Press. Посетено на October 5, 2015.
- ↑ Proefrock, Stacia. „Attila“. AllMusic. Архивирано од изворникот на February 3, 2011. Посетено на November 2, 2010.
- ↑ 20,0 20,1 Goodman, Fred (March 1991). „An Innocent Man“. Spy: 73. Архивирано од изворникот на July 27, 2020. Посетено на October 22, 2015.
- ↑ Erlewine, Stephen Thomas. „Cold Spring Harbor Review“. AllMusic. Архивирано од изворникот на October 3, 2023. Посетено на September 10, 2023.
- ↑ Tallmer, Jerry (July 22, 2003). „Billy Joel grapples with the past“. The Villager. 73 (11). Архивирано од изворникот на June 12, 2011. Посетено на December 7, 2008.
- ↑ „Major 7th chords – a talk with Billy Joel“. The Actors Studio, USA. 1999.
- ↑ Chesher Cat. „Everybody I Shot is Dead“. everybodyishotisdead.blogspot.com. Архивирано од изворникот на July 8, 2011. Посетено на August 19, 2011.
- ↑ Christgau, Robert (1981). „Consumer Guide '70s: J“. Christgau's Record Guide: Rock Albums of the Seventies. Ticknor & Fields. ISBN 089919026X. Архивирано од изворникот на May 25, 2020. Посетено на February 27, 2019 – преку robertchristgau.com.
- ↑ Holden, Stephen (December 5, 1974). „Billy Joel Streetlife Serenade > Album Review“. Rolling Stone (175). Архивирано од изворникот на May 3, 2008. Посетено на November 29, 2008.
- ↑ „The Return of 'The Stranger' – 30th Anniversary Legacy Edition of Billy Joel's Top-Selling...“. Reuters. July 31, 2008. Архивирано од изворникот на July 26, 2012. Посетено на March 17, 2009.
- ↑ Schruers, Fred (2015). Billy Joel: The Definitive Biography. Three Rivers Press. стр. 130.
- ↑ Webb, Craig (2016). The Dreams Behind the Music: Learn Creative Dreaming As 100+ Top Artists Reveal Their Breakthrough Inspirations. стр. 76. Архивирано од изворникот на November 1, 2016. Посетено на October 31, 2016.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „How Billy Joel's '52nd Street' Became the First Compact Disc Released“. Ultimate Classic Rock. October 2012. Архивирано од изворникот на July 6, 2017. Посетено на April 7, 2021.
- ↑ Billy Joel on The Nylon Curtain – from The Complete Albums Collection. https://www.youtube.com/watch?v=Pqc4U8uWTRU.
- ↑ „35 Years Ago: Billy Joel Injures Both Hands in Motorcycle Accident“. Ultimate Classic Rock. April 15, 2017. Архивирано од изворникот на July 1, 2017. Посетено на July 14, 2017.
- ↑ Sinagra, Laura (January 24, 2006). „At Garden, Billy Joel Is Out to Prove He's in Control“. The New York Times. Архивирано од изворникот на May 9, 2024. Посетено на April 18, 2014.
- ↑ Hewlett, Anderson. „Pete Hewlett“. Hewlett Anderson: Bios. Архивирано од изворникот на March 4, 2016. Посетено на July 11, 2020.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Pore-Lee-Dunn Productions (February 4, 2007). „Billy Joel“. Classicbands.com. Архивирано од изворникот на September 18, 2010. Посетено на August 19, 2011.
- ↑ Concerts: Billy Joel & Elton John Архивирано на 15 јануари 2009 г.. tampabay.metromix.com. Retrieved December 8, 2008.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Gardner, Elysa (December 3, 2013). „Meet Madison Square Garden's new franchise: Billy Joel“. USA Today. Архивирано од изворникот на October 3, 2016. Посетено на August 21, 2017.
- ↑ Sisario, Ben (June 1, 2023). „Billy Joel Will End Madison Square Garden Residency in 2024“. The New York Times. Архивирано од изворникот на June 1, 2023. Посетено на June 1, 2023.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „New Billy Joel: Stream "Turn the Lights Back On," His First New Song in Decades — Playing the Grammys Sunday, Feb. 4“. February 2024. Архивирано од изворникот на February 2, 2024. Посетено на February 1, 2024.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Били Џоел на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Billy Joel at the Internet Broadway Database
- Billy Joel — AllMusic (англиски)
- Billy Joel on Instagram, archived at Ghostarchive.org. Archived from the original