Булат Окуџава

Булат Шалвович Окуџава (руски: Булат Шалвович Окуджава, грузиски: ბულატ ოკუჯავა) (9 мај 1924 - 12 јуни 1997) — советски и руски поет, прозаист, композитор и сценарист, еден од основачите на рускиот жанр наречен „авторска песна“ (авторская песня). По потекло бил Грузиец роден во Москва; умира во Париз. Создава повеќе од 200 музички композиции на чиј текст е автор самиот тој. Неговите песни се еден вид мешавина на рускиот традиционален фолклор и на француските шансони. Иако тие никогаш немаат политички карактер (за разлика од оние на неговите колеги - "бардови"), свежината и независноста на поезијата на Окуџава секогаш им пречи на властите кои долго време ќе се двоумат дали да го санкционираат неговото творештво.

Златен венец.svg Булат Окуџава
Russia stamp B.Okudzhava 1999 2r.jpg
Роден/а9 мај 1924
СССР Москва, Советски Сојуз
Починат/а12 јуни 1997
Франција Париз, Франција
Занимањепоет, прозаист, композитор
Булат Шалвович Окуџава (руски: Булат Шалвович Окуджава, грузиски: ბულატ ოკუჯავა)

Добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 1967 година.

Надворешни врскиУреди