Аеродром Хановер
Аеродромот во Хановер (IATA: HAJ, ICAO: EDDV), исто така наречен „Аеродром Лангенхаген“, е сместен 11 километри северно од центарот на Хановер, главен град на Германската сојузна држава, Долна Саксонија. Тоа е деветти најголем аеродром во Германија.
Аеродром Хановер Flughafen Hannover-Langenhagen | |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||||||||||
Тип | јавен | ||||||||||||||||||
Оператор | Flughafen Hannover-Langenhagen GmbH | ||||||||||||||||||
Опслужуван град | Хановер, Германија | ||||||||||||||||||
Местоположба | Лангенхаген | ||||||||||||||||||
Фокусен град за | |||||||||||||||||||
Надморска височина | 183 ft / 56 m | ||||||||||||||||||
Координати | 52°27′39″N 009°41′06″E / 52.46083° СГШ; 9.68500° ИГД | ||||||||||||||||||
Мрежно место | hannover-airport.de | ||||||||||||||||||
Писти | |||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||
Статистика (2018) | |||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||
Историја
уредиАеродромот беше отворен во 1952 година, со кој беше заменет стариот градски аеродром. Во 1973 година, два модерни терминали беа отворени, кои беа познати по својот модерен дизајн. Тој постана прототип за изградбата на аеродромот Шереметјево во Москва. Овие терминали, А и Б, на кои има по 12 порти за аеродроми. Во 1998 година, поголем терминал Ц беше изграден за да се зголеми бројот на патници, додавајќи 8 порти повеќе на аеродромот. Во 2000, S-Bahn врска беше воспоставена помеѓу аеродромот и Хармелин преку Централната железничка станица во Хановер. Возовите заминуваат секои 30 минути, и патот трае 17 минути. Сервисот беше проширен да оди до Падерборн во 2003. Од 1957 до 1990, аеродромот беше домаќин на Internationale Luft- und Raumfahrtausstellung, најголемото воздушно шоу во Германија. После фаталниот инцидент во 1988 година, кога хеликоптерот Чинок се урна на аеродромот, а по Германското обединување две години подоцна, шоуто беше преместено во Берлин.
Авиокомпании и одредишта
уредиВо почетните години од своето работење, сообраќајот беше главно насочен кон аеродромот во Франкфурт, додека денеска повеќето одредишта имаат директен сервис. Сервиси постојат кон најголемите Европски градови, како и до главните европски туристички одредишта како и за Египет. По завршувањето на студената војна, аеродромот стана еден од главните порти кон Источна Европа, веднаш зад Франкфурт. Аеродромот работи 24 часа на ден, но летовите од 11 навечер до 4 наутро се редуцирани.
Терминал А
уреди- Air Alps (Болцано) [сезонски]
- Air Baltic (Рига)
- Air France
- Air France оперирано од HOP! (Париз Де Гол)
- Austrian Airlines
- Austrian Airlines оперирано од Austrian Arrows (Виена)
- Czech Airlines (Прага)
- KLM
- KLM оперирано од KLM Cityhopper (Амстердам)
- Луфтханза (Франкфурт, Минхен)
- Lufthansa Regional оперирано од Contact Air (Брисел, Париз Де Гол, Штутгарт)
- Lufthansa Regional оперирано од Eurowings (Франкфурт)
- Lufthansa Regional оперирано од Lufthansa CityLine (Минхен)
- Scandinavian Airlines System (Копенхаген)
- Swiss International Air Lines
- Swiss International Air Lines оперирано од Swiss European Air Lines (Цирих)
- Welcome Air (Гетеборг Лендветер, Грац, Инсбрук, Ставангер)
Терминал Б
уреди- Aeroflot (Москва Шереметјево)
- Air Astana (Кустанај) [сезонски]
- Air Via (Бургас, Варна) [сезонски]
- Belavia (Минск) [сезонски]
- Blue Wings (Анталија, Истанбук Ататурк)
- Bulgarian Air Charter (Бургас, Варна) [сезонски]
- Croatia Airlines (Сплит) [сезонски]
- Eurocypria Airlines (Ларнака, Папос) [сезонски]
- Flybe (Бирмингем, Манчестер, Саутемптон)
- Freebird Airlines (Анталија) [сезонски]
- Germania (airline) (Адана, Анкара, Анталија, Бодрум, Газиантеп, Кајзери, Самсум, Трабзон) [сезонски]
- Pegasus Airlines (Анталија)
- Rossiya (Ст. Петерсбург)
- S7 Airlines (Москва Домодедово, Новосибирск [сезонски])
- Saravia (Саратов)
- Sky Airlines (Анталија)
- SunExpress (Анталија, Бодрум, Истанбул Сабиха Гокчен, Измир)
- Tunis Air (Џерба, Монастир)
- Turkish Airlines (Истанбук Ататурк)
- Turkuaz Airlines (Истанбук Ататурк)
Терминал Ц
уреди- Condor (Анталија, Чанија, Даламан, Фуертевентура, Ираклион, Хургада, Ларнака, Лас Палмас, Палма де Мајорка, Родос, Шарм Ел Шеик, Тенерифе Југ)
- Karthago Airlines (Монастир) [сезонски]
- Nouvelair (Монастир) [сезонски]
- TUIfly (Анталија, Аресифе, Боа Виста, Катанија, Крф, Даламан, Дубровник, Фаро, Фуертевентура, Фунчал, Ираклион, Хургада, Истанбул Сабиха Гокчен, Херез де ла Фронтера, Клагенфурт, Кос, Лас Палмас, Луксор, Махон, Манчестер, Милано Бергамо, Наполи, Њукасл, Олбија, Палермо, Палма де Мајорка, Родос, Ријека, Римини, Сал, Салцбург, Шарм Ел Шеик, Штутгарт, Тенерифе Југ, Солун, Венеција)
Терминал Д
уреди- Omni Air International (Воени чартери)
- Кралски воздушни сили
Карго авиокомпании
уреди- FedEx Express
- FedEx Feeder оперирано од Farnair Hungary (Париз Де Гол)
- TNT Airways (Лиеж)
- TUIfly (Минхен, Штутгарт)
Надворешни врски
уреди- Аеродром Хановер на Ризницата ?