Северен Кејп
Северен Кејп е голема, но ретко населена покраина во Јужноафриканската Република. Таа е создадена во 1994 година, кога покраината Кејп беше разделена. Седиште на Северен Кејп е Кимберли.
Северен Кејп Noord-Kaap Mntla-Koloni | |
---|---|
Површина | 361,830 км2 |
Население | 822,726 |
Јазици: | африканс (70%) цвана (20%) коса (6,5%) |
Раси: | обоени (51,6%) црнци (35,7%) белци (12,4%) Азијати (0,3%) |
Главен град: | Кимберли |
Најголем град: | Кимберли |
Премиер: | Елизабет Дипуо Петерс (АНК) |
![]() |
Оваа покраина го вклучува и меѓуграничниот национален парк Калахари-Гемсбок, кој се простира и во Боцвана. Исто така ги вклучува и водопадите Ауграбис и регионите со рудници за дијаманти во Кимберли и Алекзандер Беј. Регионот Намакваланд (на запад) е познат по намакваландските Бели Ради. Градовите Де Ар и Колсбург (на југ) се дел од Големиот Кару и се главни транспортни јазли меѓу Јоханесбург, Кејптаун и Порт Елизабет. Реката Орање тече низ покраината, формирајќи ја границата со покраината Фристејт (на југоисток) и со Намибија (на северозапад). Оваа река се користи најмногу за наводнување на многу лозови насади блиску до Апингтон. Таа е мошне важна за оваа сува покраина. Куруман е познат по "окото" на Куруман.