Саем претставува општествена манифестација која им овозможува на приватни компании да ги изложуваат своите производи или услуги. Саемите според географската положба се делат на интернационални, национални и регионални саемски манифестации. Саемот претставува место каде луѓето остваруваат директен контакт со производителите на одредени производи.

Штандот на Samsung на саемот CES2009

Најпознатиот организатор на саемски случувања во Македонија е Скопски саем

Во последно време електронските манифестации полека полека е селат кон Интернетот. Најпозната електронска саемска манифестација во Македонија е Мак EXPO http://www.makexpo.com.mk Архивирано 28 август 2011 г.. Саемското претставување станува достапно и за помалите претпријатија кои имаат интерес за промоција и маркетинг.

Саемот како тема во уметноста и во популарната култураУреди

  • „Панаѓур“ - песна на македонскиот поет Наум Целакоски од 1963 година.[1]
  • „Панаѓур на чуда“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[2]
  • „Таа одеше низ саемот“ (She moved through the fair) - песна на северноирскиот пејач Ван Морисон и групата „Чифтанс“ (The Chieftains) од 1988 година.[3]

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 12.
  2. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 254-255.
  3. Van Morrison and The Chieftains, Irish Heartbeat, Polygram Music, 834 496-2.