Сар (река)
Сар (француски: Sarre, германски: Saar) — река во североисточна Франција и западна Германија, десна притока на Мозел. Извира во венецот Вогези на границата на Алзас и Лорена (Лотарингија) и тече на север во Мозел кај градот Трир. Настанува како две првични реки — Црвен Сар и Бел Сар, кои се спојуваат во Лоркен), а извираат кај врвот Донон, највисокиот на северните Вогези. По 246 км (126 км во Франција и 120 км во Германија), Сар се влева во Мозел кај Конц (Рајнска област-Пфалц), помеѓу Трир и границата со Луксембург. Според германски извори, реката е долга 235 км[1]. Сливот зафаќа површина од 7.431 км2.
Сар | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Мозел 49°42′5″N 6°34′11″E / 49.70139° СГШ; 6.56972° ИГД |
Должина | 246 км |
Особености на сливот |
Реката во минатото имала големо значење за јаглената, железната и челичната индустрија на областа Сар, која денес е покраина. Нејзините текови служеле за превоз на суровини и готови производи преку Сарскиот канал, каналот Марна-Рајна и Рајна до областа Рур или пристаништето Ротердам во Холандија.
Германскиот дел од реката има улога на воден пат, создаден со продлабочување на коритото, изградба на брани[2] и исправување на течението, денес по неа не се одвива значаен товарен сообраќај.
Сар тече низ следниве департмани во Франција, сојузни покраини во Германија и населени места:
- Мозел (Ф): Абрешвилер (Црвен Сар), Лоркен, Сарбур, Фенетранж
- Долна Рајна (Ф): Сар-Инион
- Мозел (Ф): Саралб, Саргемин
- Сар (Г): Сарбрикен, Фелкинген, Вадгасен, Бус, Сарлуј, Дилинген, Мерциг
- Рајнска област-Пфалц (Г): Сарбур, Конц.
На бреговите на сар е сместена Фелклингенската железарница, заштитена како светско наследство на УНЕСКО. Во Метлах реката го образува својот познат јамчест свиок. Долното поречие во Рајнската област-Пфалц е развиено лозарството, каде претежно се одгледува ризлинг. Сè до почетокот на XX век, крај реката имало многу повеќе насади кои достигнувале сè до Сарбрикен. На почетокот на XXI век извесни лозари почнале повторно да садат лозници покрај бреговите.
Поважни притоки
уредиГалерија
уреди-
Преграда кај Сериг
-
Сар кај Сарбур
-
Каналска делба на реката
-
Брана на Сар
-
Сар кај Шоден
Наводи
уреди- ↑ MULEWF Rheinland-Pfalz: Saar Архивирано на 14 март 2013 г., abgerufen am 25. September 2012
- ↑ Schleusen an der Saar Архивирано на 9 август 2014 г. – Wasser- und Schifffahrtsamt Saarbrücken
Надворешни врски
уреди„Сар (река)“ на Ризницата ? |
- Сар — база „Сандр“