Универзитет Готфрид Вилхелм Лајбниц (Хановер)

(Пренасочено од Универзитет Хановер)

Универзитетот во Хановер, именуван како Универзитет Готфрид Вилхелм Лајбниц или Универзитет Лајбниц Хановер (LUH), е државен универзитет кој се наоѓа во Хановер, Германија. Универзитетот бил основан во 1831 година и е еден од најстарите, а воедно и најголем научно-технолошки универзитет во Германија.[4] Во учебната 2011/2012 година се запишале 22.236 студенти од кои 3.138 биле од странство. Универзитетот се состои од девет факултети кои нудат 190 целосни и делумни програми во 38 студиски области.[3] Универзитетот е именуван по влијателниот филозоф и математичар во 18 век Готфрид Вилхелм Лајбниц.

Универзитет Лајбниц Хановер
Gottfried Wilhelm Leibniz Universität Hannover
Leibniz-Universität Hannover.png
ГеслоMit Wissen Zukunft gestalten[1]
На македонски
Да ја обликуваме иднината со знаење
Основан1831
Буџет394,5 милиони (2012)
ПретседателФолкер Еппинг
Наставен кадар
2.690 (2012)[2]
Административен кадар
1.600(2012)[2]
Студенти22.236(2011/12)[3]
МестоХановер, Долна Саксонија, Германија
ПрекарUni Hannover
ПрипадностTU9
Асоцијација CESAER
www.uni-hannover.de/

Универзитетот Лајбниц е дел од Институтот за технологија на Долна Саксонија и член на здружението TU9, кое се состои од девет водечки технолошки институти во Германија. Универзитетот е исто така член на конференцијата на европски училишта за напредна едукација и успешно истражување CESAER, непрофитно здружение на водечки универзитети за инженерство во Европа. Универзитетот ја спонзорира Германската национална библиотека за наука и технологија (TIB), која е најголема од ваков вид во светот.[5]

Историја

уреди
 
Кралската школа за технологија во Хановер 1900

Корените на Универзитетот Лајбниц во Хановер потекнуваат од институтот за политехника/високата стручна школа (германски: Höhere Gewerbeschule/Polytechnische Schule), основан во 1831 година. Во 1879 година високата стручна школа била преместена во историскиот замок на Гуелф, Велфеншлос (Welfenschloss), кој бил прилагоден за таа цел. Подоцна високата стручна школа била преименувана во Кралска школа за технологија (Königliche Technische Hochschule).

Во 1899 година кралот Вилхелм II одобрил технолошката школа да има еднаков статус како универзитетите и право на докторати.

Школата била обновена во 1921 година со финансиска помош од здружението на покровители на самата школа. Најпрво имало само три факултети: факултетот за природно-математички науки, градежен и машински факултет.[6]

Во 1968 година бил основан Факултетот за општествени и политички науки, а „Технолошката школа“ станала „Технички универзитет“ (Technische Hochschule). Помеѓу 1973 и 1980 година биле додадени правниот факултет, факултетот за бизнис и економија и претходно независната педагошка школа, па „Техничкиот универзитет“ бил преименуван во „Универзитет Хановер“. Во 1991 година универзитетот броел повеќе од 30.000 студенти. Во 2006 година, на неговата 175-годишнина, „Универзитетот Хановер“ го добил името „Универзитет Готфрид Вилхелм Лајбниц Хановер“. Денес, универзитетот има околу 21.000 студенти, повеќе од 2.300 професори и научници и 160 катедри и институти.[6]

Универзитетски комплекс

уреди
 
Кулата Конти на Königsworther Platz, каде што се наоѓаат факултетите за право, економија и лингвистика

Универзитетскиот комплекс зафаќа површина од 299.000 квадратни метри. Во близина на универзитетот има неколку студентски домови каде што се сместени студентите.

Буџет

уреди

Вкупниот буџет на Универзитетот во 2012 година изнесувал околу 394,5 милиони евра поделени според:[2]

  • Приходи од 221,1 милиони евра според годишниот извештај
  • Финансирање од странство во износ од 85,1 милиони евра
  • Посебни фондови од Долна Саксонија во износ од 37,3 милиони евра
  • 36,5 милиони евра од други приходи
  • 14,5 милиони евра од придонеси на ученици

Наводи

уреди
  1. uni-hannover.de: Leitbild der Gottfried Wilhelm Leibniz Universität Hannover. Stand: 1. Februar 2012
  2. 2,0 2,1 2,2 uni-hannover.de: Die Leibniz Universität Hannover in Stichworten, zuletzt abgerufen am 1. Februar 2012
  3. 3,0 3,1 Studierendenzahlen für das Wintersemester 2011/12. Abgerufen im Februar 2012
  4. uni-hannover.de: Studium, Stand: 15. April 2009
  5. Profile of the TIB at the University of Hanover online Архивирано на 19 јануари 2016 г. (English) retrieved 26-May-2012
  6. 6,0 6,1 History of the University, http://www.uni-hannover.de/en/universitaet/geschichte/index.php Архивирано на 24 септември 2013 г.

Надворешни врски

уреди