Бургдорф (Хановер)
Бургдорф (германски: Burgdorf; долногермански: Bortörp) — град во округот Хановер, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 22 километри североисточно од покраинскиот главен град Хановер.
Бургдорф
Burgdorf | |
Фахверк куќи на главната улица во градот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Хановер |
Градоначалник | Алфред Баксман (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 112,26 км2 |
Надм. височина | 56 м |
Население | 30.899 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 275 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | H |
Пошт. бр. | 31303 |
Повик. бр. | 05136, 05085 |
Портал | www.burgdorf.de |
Местоположба на градот Бургдорф во рамките на округот Хановер | |
Координати | 52°27′0″N 10°00′30″E / 52.45000° СГШ; 10.00833° ИГД |
До 1974 година, Бургдорф претставувал административно седиште на истоимениот округ. Градот и околината се познати по традицијата да одгледуваат бел аспарагус и по чувањето хановерски коњи. Секоја година во градот се одржува еднаш месечно пазар за коњи во периодот од април до септември.[2]
Географија
уредиМестоположба
уредиБургдорф се наоѓа помеѓу Хановер, Целе и Пајне и од сите три града е оддалечен по околу 25 километри. Се граничи со Ице, Лерте, Изернхаген и Бургведел, како и округот Целе. Низ градското подрачје тече потокот Бургдорфер Ауе, кој е уште познат и како Ауештат.
Градски единици
уредиБургдорф се состои од местата Бајнхорн, Дахтмисен, Хесел (со Арбек), Хилптингзен, Оце, Рамлинген-Елерсхаузен, Шилерслаге, Зоргензен и Веферлингзен, како и самиот град.
Помеѓу луѓе постои и неформална поделба на градското подрачје. Па така се сретнуваат Вестштат, западно од железничката пруга, Нордштат, северно од Гартенштрасе и Зидштат, јужно од Ауе. Областа помеѓу овие три дела е позната како Иненштат или Алтштат.
Историја
уредиБургдорф бил првпат споменат во 1279 година, кога бил дел од Хилдесхајмската епископија. Градот бил опкружен од бројни населби кои исчезнале за време на средниот век. Имињата на населбите биле Езеринген (денес дел од Зидштат), Гарфесе (помеѓу Бургдорф, Штајнведел и Имензен), Хетелинген (денес во шумата на Бургдорфер Холц), Релингзен (јужно од Хенгизен) и Ензинген. По борбата со Хилдесхајм (1420-1422), местото било предадено на војводите од Целе. Нивните територии подоцна станале дел од Војводството Брауншвајг-Линебург и потоа од административниот регион Линебург. Во 1433 година бил обновен Бургдорфскиот замок и утврден со ѕидини, три порти и два ендеци. Тогаш, местото било одвај село.
Од XVI век, Бургдорф поседувал градски печат и грб со лав кој одмара помеѓу два даба. Боите и знаметот на градот, зелена и жолта, потекнуваат од овој грб.
Во Триесетгодишната војна имало битка близу Дахтмисен. Во 1637 година, граѓаните на Бургдорф се спротивставиле против даноците воведени кон нив. Пожари уништиле големи делови од градот во 1658 и 1809 годин, но бил обновуван. Плоштадот „Бранденде“ (букв: „крај на огнот“) во стариот дел на градот потсетува на местото каде пожарите биле изгасени.
Во 1811 година била изградена нова синагога за еврејската заедница од градот. Тие биле присилени да ја продадат зградата на градот во 1939 година. Хитлеровата младина ја користела зградата од 1941 година. Била користена како јавна библиотека од 1944 до 1959 година. Стопанственик ја купил во 2007 година и ја изнајмил на градот. Од 2008 година се користи како музеј и културен центар.
Бургдорф станал административно седиште на истоимениот округ во 1885 година. И покрај отпорот на месното население бил споен со окрузите Нојштат на Рибенберге, Шпринге и стариот округ Хановер во новиот регион Хановер во 1974 година. Така, Бургдорф бил преместен од административниот округ Линебург кон оној на Хановер. Истиот бил распуштен кон крајот на 2004 година заедно со сите други административни окрузи во Долна Саксонија. Градот и округот Хановер се споиле на 1 ноември 2001 година за да го создадат регионот Хановер.
Култура
уредиСпорт
уредиНајуспешен спортски клуб од градот е РК Хановер-Бургдорф, кој настапува во германската ракометна Бундеслига од 2009 година.
Јазик
уредиИсториски, Бургдорф бил дел од јазичното подрачје на остфалскиот долногермански. Стандардниот германски јазик го заменил долногерманскиот во урбаните подрачја околу Хановер од XIX век и денес целата областа говори на него. Меѓутоа, постојат неколку јазични особености, кои се должат на долногерманското влијание.
Сообраќај
уредиБургдорф е поврзан со Хановер преку автопатот А37, кој го сече сојузниот автопат Б3 кај Целе северно од градот. Б188 поминува во северниот дел на градот и ги поврзува Гифхорн и Волфсбург. B443 поминува од север кон југ и ги поврзува Бургдорф со Лерте и Зенде.
Бургдорф има три железнички станици: Бургдорф (Хановер), Оце и Елерсхаузен, кои се дел од железницата Лерте-Целе. Тие се опслужувани на секој половина час во обете насоки од линиите S6 и S7 на Хановерската С-Железница. Железничката станица во Бургдорф исто така има автобуски терминал за повеќе линии на РегиоБус Хановер и е дел од сообраќајната мрежа на Хановер.
Најблизок меѓународен аеродром е аеродромот Хановер-Лангенхаген.
Меѓународни односи
уредиЗбратимени градови
уредиБургдорф е збратимен со следниве градови:
Познати луѓе
уреди- Карл Шпренгел (1787-1859) — економист
- Хајнрих Вилхелм Фердинанд Вакенродер (1798-1854) — хемичар и фармацевт
- Хајнрих Брелинг (1849-1914) — сликар
- Вилхелм Шенман (1889-1970) — шаховски мајстор
- Карл Хајнрих Улрихс (1825-1895) — адвокат
- Ернст Албрехт (1930-2014) — политичар
- Буркхард Дрист (р. 1939) — писател, глумец и продуцент
- Бернд Ланге (р. 1955) — политичар
- Хајко фон дер Лајен (р. 1955) — универзитетски професор
- Урсула фон дер Лајен (р. 1958) — политичар
- Флоријан Мајер (р. 1968) — суфија
- Хендрик Гросемихен (р. 1985) — фудбалер
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
- ↑ „Der Burgdorfer Pferdemarkt ist überregional bekannt“. Посетено на 13 јули 2016.
Надворешни врски
уреди„Бургдорф (Хановер)“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)