Бедем[1][2] — вид одбранбен ѕид за поврзување на кулите и капиите во некоја затворена целина со цел заштита на објектите и луѓето внатре во неа од надворешни напади. Бедемите практично биле непробоен штит кој ги одвраќал напаѓачите од намерата да ги освојат капиите.

Кинески ѕид
Дел од Скопското кале
Берлински ѕид

Делови на бедемот уреди

Бедемите се состојат од ѕидови на чиј врв се изградени градобрани свртени кон надвор зад кои се наоѓала патека за движење на живата сила на одбраната.

Градобран уреди

Градобраните биле добра заштита за бранителите од стрели а истовремено им овозможувале лесен напад на противникот.

  • Градобраните се состојат од наизменично наредени ниски (45х55 см) и високи (155х165 cm) делови. Повисоките делови најчесто имаат мали отвори (т.н. пушкарници) кои служеле за извидување и исфрлање на разни проектили (стрели а подоцна и куршуми) врз живата сила на противникот.
  • Патеките зад градобраните биле широки по 150 cm, а честопати и повеќе. Кон внатрешноста на бедемот вообичаено нема никаква ограда, но често се среќаваат бедеми со ниска ѕидана или дрвена ограда.

Ѕид уреди

  • Ѕидовите биле високи три и повеќе спрата, додека ширината била преку 2 m. Нивната висина зависела од висината на спратот во кулите кои ги поврзувале. Така да нивниот горен дел бил на иста висина со подот на четвртиот спрат од кулата. Вообичаена висина на спратот во кулите била 190 cm.

Освојување на бедемите уреди

Тунели уреди

Честопати напаѓачите копале тунели до самите темели на бедемот со цел да ги срушат или да отворат премин кон внатрешноста на утврдувањето.

Бомбардирање уреди

Во текот на опсадата се користеле разни справи (катапулти, требушети, а подоцна и топови) од кои се исфрлале проектили од (камени блокови, а подоцна ѓулиња) со цел да биде срушен бедемот и да се отвори премин кон внатрешноста на утврдувањето.

Скалила уреди

При јуришите на бедемите се користеле подвижни скали кои се наслонувале врз бедемите со цел војската да се качи на бедемот и да продре во внатрешноста на утврдувањето.

Познати бедеми уреди

Наводи и белешки уреди

Во средниот век не постоел некој градителски стандард, поради што е невозможно да се зборува за стандардни димензии, но овде се изнесени најчесто користените димензии. Не е реткост димензиите потполно да отстаппуваат од оние кои овде се наведени.