„Тогаш така реков“ — претствува збирка на интервјуа на македонскиот писател Петре М. Андреевски, издадени во 2007 година. Интервјуата направени со Петре М. Андреевски се од периодот 1977 до 2001 година за различни списанија и весници и се собрани во збирката интервјуа „Тогаш така реков“. Главен и одговорен уредник е Снежана Штрковска, а претставува издание на издавачката куќа „Штрк“- Скопје. Издадени се во 2007 година, една година по смртта на Петре М. Андреевски, а претставува избор направен лично од Петре М. Андреевски со неговите дадени интервјуа.

„Тогаш така реков“
АвторПетре М. Андреевски
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
ЖанрИнтервјуа
ИздавачШтрк
Издадена
2007
Медиумпечатено издание
Страници145
ISBN978-9989-180-04-0

Содржина

уреди

Првото интервју застапено во книгата го има направено Веле Смилевски за весникот „Нова Македонија“ во септември 1977 година, насловено „Во допир со духовните наслаги со народот“.[1] Второто интервју е насловено „Роман за колективното страдање и опстојување“, дадено за „Нова Македонија“ во јануари 1981 на Глигор Стојковски, а говори за својот роман „Пиреј“.[2] „Јазикот не е хендикеп“, интервју на Ефтим Тасковски за „Вечер“, во јуни 1981 година, каде зборува повторно за „Пиреј“ по добиената награда „Стале Попов“.[3] „Поблизу до сопствената далечина“ е интервју дадено во мај 1984 за „Нова Македонија“, на Бранко Цветковски, а по повод петтомното издание на Одбраните дела на авторот. Во него тој дава осврт за новиот роман „Скакулци“.[4] „Слободата бара покритие во нас самите“- -петто интервју дадено за „Лик“ на Бранко Цветковски во 1987 година по повод издавањето на новата книга поезија „Вечна куќа“- книга со тажаленки. [5] „Дежурен Јуда“- интервју дадено за „Пулс“ на Мирче Томовски во октомври 1993 каде говори за синдромот на самоуништувањето.[6] „Зборот со долго сеќавање“- интервју од 1994 за „Нова Македонија“, разговарано со Гоце Ристовски по повод добиеното „Рациново признание“ за збирката раскази „Сите лица на смртта“.[7] „Без мртвите не би го знаеле минатото“- интервју за книгата „ Сите лица на смртта“, дадено за „Вечер“ на Румена равановска -Тулбевска во март 1995. [8] „Толерантен Балкан- за сега утопија“- за „Старт“ говорено со Виктор Шишков во јули 1999 година, за визијата за Балканот. [9] „Проститутки во литературата“- за „Експрес“ во септември 1999 разговарано со Бранка Доневска за „Лакримариј (поезија)“ -шише во кое европските дворјанки собирале детски солзи за разубавување на лицето, а нашите мајки ги собирале своите солзи за да имаат што да однесат на гробишта. [10] „Никогаш не сме пекале по некого туку од некого“- разговарано со Глигор Стојковски за „Нова Македонија“ во ноември 1999, за актуелната политичка состојба.[11] „Убава торта, но со расипани јајца“- разговарано со Лејла Сабит за „Вечер“ во 2000 година за аферата за „Балканика“ во врска со романот „Последните селани“ и иднината на Независните писатели.[12] „народ сме кој долго памети и го паметат“- разговарано со Тодор Чаловски, за „Стожер“, во октомври 2000, каде се осврнува на своето целокупно дело. [13] „Не ја менувам татковината и кога ја гледам како скинат чорап“- разговарано за „Денес“ со Весна Стефановска, во февруари 2001, по повод приемот за редовен член на МАНУ.[14] „Заборавив од каде тргнавме, но знам дека никаде не стигнавме“- разговарано со Виктор Шишков за „Зум“ во април 2001, за политичката состојба во Македонија, на Балканот и Европа.[15] „Ни се заканува потежок пораз од битката на Беласица“- разговарано со Милован Стефановски, за „Интервју“, во септември 2001, за актуелните состојби од тоа време, особено за кроењето на „гаѓи“од страна на „олеснувачи“.[16]

Наводи

уреди
  1. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.5-9.
  2. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.10-14.
  3. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.15-19.
  4. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.20-26.
  5. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.27-38.
  6. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.39-53.
  7. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.54-61.
  8. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.62-69.
  9. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.70-77.
  10. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.78-82.
  11. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.83-89.
  12. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.90-97.
  13. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.98-116.
  14. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.117-124.
  15. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.125-143.
  16. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.132-144.

Поврзано

уреди