Лакримариј (поезија)
„Лакримариј“ — поезија на македонскиот писател Петре М. Андреевски од 2003 година.
Автор | Петре М. Андреевски |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | поезија |
Издавач | Арс ЛИБРИС |
Издадена | прво издание 1999/издание 2020 |
Медиум | печатено издание |
Страници | 88 |
ISBN | 978-608-259-759-1 |
Содржина
уредиЛакримариј е шише во кое европските дворјанки собирале детски солзи за разубавување на лицето. Нашите мајки, пак, ги собирале своите солзи за да имаат што да однесат на гробишта.
Книгата е поделена на три циклуси песни (Лицето на зборовите, Посвети и Колку сме блиску, а далеку), стихозбирката Лакримариј ја обгрнува тагата како естетско доживување на измамничкиот свет.
Протегнати од родокрајот до Далечниот Исток, секоја од песните содржани во оваа збирка може да го носи квалификативот „антологиска“, затоа што зборува со универзален јазик преку кој резигнацијата како очекуван епилог симболично се прочистува таму некаде, на врвот на Фуџи...[1] Според интервјуто со П.М. Андреевски „Лакримариј“ е целото наше колективно паметење кое завлегува и во иднината, во него се собрани сите солзи на народот. [2]