Стожер (списание)
Ревија во издание на Друштвото на писателите на Македонија.
Првиот број излегол во 1996 година под името Стожер: весник на Друштвото на писателите на Македонија, како месечник за литература, култура и уметност.
Во 1999 година поднасловот на ревијата е „месечна ревија за литература, култура и уметност“, а од 2001 година „ревија за литература, култура и уметност“.
Уредници на ревијата „Стожер“ биле македонските писатели и книжевни дејци: Стефан Марковски, Лилјана Пандева, Даниела Андоновска-Трајковска, Лејла Шериф Емин, Виолета Танчева-Златева, Делвина Крлуку, Науме Радически, Иван Додовски, Есад Бајрам и други.
Форматот на ревијата е 29 сантиметри, а последните години излегува четирипати годишно. Од 2022 година сите статии, песни, раскази и други објави во ревијата се каталогизираат со УДК број. Ревијата е достапна на мрежното место на Друштвото на писателите на Македонија.[1]
Главни уредници
уреди- Светлана Христова-Јоциќ (1996-2000)
- Тодор Чаловски (2000-2002)
- Васил Дрвошанов (2002-2005)
- Борис Вишински (2005-2008)
- Горјан Петревски (2008-2011)
- Александар Поповски (2011-2014)
- Петре Димовски (2014-2018)
- Трајче Кацаров (2018-2022)
- Славчо Ковилоски (2022-)[2]
Наводи
уреди- ↑ „Стожер – Друштво на писатели на Македонија“. Посетено на 2022-06-03.
- ↑ Словенија, IZUM-Институт за информациски науки, Марибор. „Стожер : весник на Друштвото на писателите на Македонија : месечник за литература, култура и уметност / [главен и одговорен уредник Светлана Христова-Јоциќ] :: COBISS+“. plus.cobiss.net. Посетено на 2022-06-03.