Список на планини во Македонија

список на статии на Викимедија

Македонија е главно планинска земја, со просечна надморска височина од 832 метри.[1] Планините на територијата на државата може да се поделат во две групи: шарски планински венец (динарски венец) и осоговско-беласички планински венец (родопски венец). Планините во шарскиот планински венец се одликуваат по тоа што се млади, верижни, со остри врвови, а планините во осоговско-беласичкиот венец се стари, грамадни, со заоблени врвови.

  • Шарскиот планински венец започнува во крајниот северозападен дел на Македонија, продолжува долж западниот дел на земјата и потоа преку западно-вардарската и пелагониската група на планини завршува во југозападниот и јужниот дел на земјата. Во овој планински венец се истакнуваат масивите на Шара, Кораб, Бистра, Стогово, Сува Гора, Мокра, Галичица, Јабланица, Баба, Ниџе и Кожуф. Највисока точка во овој планински венец и воопшто во Македонија е врвот Голем Кораб (2.764 м) на Корапскиот Масив.
  • Осоговско-беласичкиот планински венец започнува во североисточниот дел на земјата и се протега долж источниот дел на земјата, вклучувајќи ги и планините во источно-вардарската група. Меѓу позчајаните масиви во овој венец се издвојуваат Осогово, Плачковица, Малешевско-влаинскиот Масив, Огражден и Беласица. Највисока точка во овој планински венец е врвот Руен (2.252 м) на Осоговскиот Масив.

Терминологија

уреди

Во литературата често постои поистоветување на поимите „планина“, „планински масив“, „планински венец“ и „планински систем“, иако тие имаат различно значење.

  • Планина. Во врска со поимот „планина“ не постои општоприфатена дефиниција, па како критериуми за опис обично се земаат надморската височина, обемот, релјефот, наклонот, одвоеноста и непрекинатоста. Во Оксфордскиот речник на англискиот јазик, поимот „планина“ се дефинира како „природно возвишение на Земјината површина кое стрмно се издига над околниот простор и достигнува надморска височина која е впечатлива во однос на околната“.[2]
  • Планински масив. Под поимот „планински масив“ се подразбира место на Земјината кора со истакнати раседи или набори. Притоа, со поместувањето на Земјината кора, масивот ја задржува внатрешната структура и се поместува во целина. Поимот се однесува и на група планини составени со ваква образба. Освен тоа, поимот често се дефинира и како главна маса на некоја поединечна планина. Притоа, масивот е помала составна единица на кората од тектонската плоча и во геоморфологијата се смета за четврта движечка сила по големина.[3]
  • Планински венец. Со поимот „планински венец“ се означува географско подрачје што се состои од геолошки поврзани планини.
  • Планински систем. Поимот „планински систем“ се дефинира како склоп од планински венци што припаѓаат на извесно подрачје.

Според горенаведените дефиниции, за планини во Македонија може да се сметаат Китка, Дешат и Баба Сач, за планински масиви Мокра, Осогово и Шар Планина, за планински венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман и за планински систем Шарско-пиндскиот систем на планини.

Список на планини во Македонија

уреди

Во табелата во продолжение е направен преглед на планините во Македонија според нивната највисока точка на територијата на земјата. Во случај планината да е дел од поголем планински масив, истото е забележано во соодветниот столб.

Планина Највисока точка Надморска височина Планински масив Слика
1 Кораб Голем Кораб 2.753 м Корапски Масив
 
2 Шар Планина Титов Врв 2.747 м
 
3 Баба Пелистер 2.601 м
 
4 Јакупица Солунска Глава 2.540 м Мокра
 
5 Ниџе Кајмакчалан 2.521 м Ниџев Масив
 
6 Караџица Караџица 2.472 м Мокра
 
7 Перчулица Перчулица 2.423 м Мокра
8 Дешат Веливар 2.373 м Корапски Масив
 
9 Крчин Голем Крчин 2.343 м Корапски Масив
 
10 Стогово Голем Рид 2.273 м Стоговски Масив
 
11 Галичица Кота[а] 2.265 м
 
12 Јабланица Црн Камен 2.258 м
 
13 Осогово Руен 2.252 м Осоговски Масив
 
14 Сува Планина Мирска Вода 2.179 м Мокра
 
15 Даутица Даутица 2.178 м Мокра
 
16 Кожуф Зелен Брег 2.166 м[б]
 
17 Бистра Меденица 2.163 м Бистрин Масив
 
18 Челоица Добра Вода 2.062 м Добра Вода
 
19 Плакенска Планина Сталев Камен 1.998 м Бигла
 
20 Голешница Лисец 1.935 м Мокра
 
21 Влаина Кадиица 1.932 м Малешевско-влаински Масив
 
22 Песјак Јошков Камен 1.917 м Добра Вода
 
23 Илинска Планина Лиска 1.908 м Бигла
 
24 Беласица Тумба[в] 1.881 м Беласички Масив
 
25 Сува Гора Дупен Камен 1.857 м Сува Гора
 
26 Козјак Балтова Чука 1.823 м Ниџев Масив
 
27 Малешевски Планини Џами Тепе 1.801 м Малешевско-влаински Масив  
28 Караорман Орли Врв 1.794 м Стоговски Масив
 
29 Бушева Планина Мусица 1.788 м Бушевски Масив
 
30 Дукат Аниште[г] 1.786 м
31 Лубен Кафчал 1.762 м Бушевски Масив
 
32 Лопушник Стог 1.754 м Бистрин Масив
33 Плачковица Лисец 1.754 м
 
34 Бабуна Козјак 1.746 м Бабуна
 
35 Огражден Огражденец 1.744 м
36 Славеј Славеј 1.714 м Стоговски Масив
37 Билино Чупино Брдо 1.703 м Билино
 
38 Баба Сач Голем Сач 1.698 м Бушевски Масив
 
39 Дрен Ливада 1.663 м Дрен
 
40 Бигла Голем Камен 1.656 м Бигла
41 Скопска Црна Гора Рамно 1.651 м
 
42 Китка Китка 1.588 м Мокра
 
43 Вишешница Чаве 1.557 м Дрен
 
44 Синковица Пасаџиковска Чука 1.544 м Осоговски Масив
45 Голак Чавка 1.538 м Голак
46 Голјак Вели Врв 1.535 м Бигла
 
47 Буковиќ Тепе 1.528 м
48 Древеник Кале 1.494 м
49 Селечка Планина Висока 1.471 м
 
50 Облаковска Планина Бел Камен 1.430 м
51 Злато Златоврв 1.422 м Бабуна
 
52 Готен Грамадник 1.420 м
53 Осој Крстец Тепе 1.401 м Сува Гора
 
54 Герман Модра Глава 1.390 м Билино
 
55 Средна Бејаз Тепе 1.348 м
 
56 Козјак Перен 1.326 м Билино
57 Плавица Плавица 1.297 м Осоговски Масив
 
58 Пречна Планина Високи Врв 1.293 м
59 Обозна Јастреб 1.273 м Голак
60 Жеден Водени Камен 1.264 м
 
61 Серта Волчјак 1.159 м Серта
 
62 Клепа Клепа 1.150 м
 
63 Водно Крстовар 1.066 м
 
64 Градешка Планина Вршник 1.031 м Серта
65 Плавуш Кара Тепе 997 м Серта
66 Смрдеш Елешница 971 м
 
67 Манговица Асаница 874 м
68 Руен Ланиште 865 м
 
69 Градиштанска Планина Градиште 861 м
 
70 Богословец Свети Јовански Рид 755 м
 
71 Боска Боска 720 м Беласички Масив
 
72 Кара Балија Дуб 697 м

Белешки

уреди
  • а Кота (2.265 м) е највисок врв на територијата на Македонија, додека највисок врв на планината Галичица е Вир (2.288 м) во Албанија.
  • б Зелен Брег се состои од две коти: првата е висока 2.166 м и се наоѓа на граничната линија меѓу Македонија и Грција, а втората е висока 2.171 м и се наоѓа на територијата на Грција.
  • в Тумба (1.881 м) е највисок врв на територијата на Македонија, додека највисок врв на планината Беласица е Радомир (2.029 м) на граничната линија меѓу Бугарија и Грција.
  • г Аниште (1.786 м) е највисок врв на територијата на Македонија, додека највисок врв на планината Дукат е Црноок (1.881 м) во Србија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Милевски, И.. „Уште нешто интересно за географијата на Македонија“. Игеографија. 11 март 2012.
  2. Gerrard, A.J. (1990). Mountain Environments: An Examination of the Physical Geography of Mountains. Cambridge, Mass: MIT Press. ISBN 978-0262071284.
  3. Allen, 2008, Time scales of tectonic landscapes and their sediment routing systems, Geol. Soc. Lon. Sp. Pub., v. 296, стр. 7–28.

Надворешни врски

уреди