Лисец (Голешница)

врв во Македонија
Лисец

Поглед на Голешница со врвот Лисец под снег
Висина &100000000000019350000001.935 м
Место Македонија Македонија
ВенецГолешница (Мокра)
Прво освојувањенепознато

Лисец — највисок врв на планината Голешница, која е крајната источна огранка на планинскиот масив Мокра во средишниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 1.935 метри.

Географија уреди

Местоположба уреди

 
Мала Река во горниот дел каде поминува планинарска патека до врвот Лисец

Сместен е на просторот помеѓу Скопје и Велес во исклучително тешко пристапен терен обраснат со многу дабова, букова, зимзелена и нискостеблеста шума во која што живее многу дивеч, ограден од реката Вардар на исток, Кадина Река на север и Тополка на југ додека на запад преку сртот на врвот Сипичан (1.790 м.) и огранката Јуручица се поврзува со Бегово Поле и највисокиот врв на целиот масив — Солунска Глава (2.540 м.).

Ретката посетеност на врвот Лисец на Голешница се должи на тешката пристапност поради географските одлики и услови на теренот. имено, пристапот од сите страни на врвот Лисец е опкружен со многу ниски преслапи и превои како Вилјак (1.125 м.) над кој се извишува врвот Дива Леска (1388 м.) и Мала Река (816 м.) над кој се издигнува врвот Студена Вода (1475 м.), поради што искачувањето на Лисец подразбира искачување на овие врвови спуштање пониско до овие седла и повторно искачување до самиот врв, при што целосниот потфат за искачување достигнува и 2000 метри денивелација надминувајќи и временски период од 6-7 часа.

Патеки уреди

При одржувањето на првата акција од планинарскиот предизвик „12 Врвови“ од викенд-населбата Мала Река и истоимената река преку гребенот Османбежица до самиот врв е маркирана патека со јасни обележувања, а исто така постои пристап и обележаност и од велешката страна од селото Дреново.

Планинарски дом уреди

Недалеку, наспротив врвот постои разрушениот планинарски дом и некогашно воздушно лекувалиште „Бреза“ на истоимениот гребен и врв висок 1396-1405 м.н.в. Глетката од врвот ги опфаќа Солунска Глава, Китка, долината на Вардар, поширокиот регион на Велешко со вештачкото езеро „Лисиче“.

Галерија уреди